Нов светски поредок

Постои ли светски поредок (креиран од најбогатите)

  • Да, постои

    Гласови: 340 79,6%
  • Не, тоа се измислици

    Гласови: 87 20,4%

  • Вкупно гласачи
    427

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Не знам зошто се форсира поимот нов светски поредок кога поредокот во светот е од поодамна.Несразмерната распределба на богатството, експлоатација и манипулација си постојат иљадници години. Денеска разликата е само во техничките методи кои се типични за ова време како што некогаш други биле типични за тоа време.

Инаку не знам колку е точно дека некој се стреми кон една светска влада. Денес има 200 држави а пред 50 години имало 70 држави. Во иднина ќе има и нови, еве Косово е најнов пример, можда Баскија,Квебек,Корзика,Валонија,Фландрија,Илирида...има на стотици сепаратистички движења по светот.Место 70 има 200 парламенти, 200 прецедатели, 200 премиери...и на сите тие им требаат пари КОИ НЕ ГИ заработуваат сами...
Од една Југославија сега има 7 држави а и тоа не е конечно...

Национализмот полни буџети за одбрана, овозможува агресии и освојувања, придонесува за манупулација...КОЈ нормален политичар би се откажал од благодетите на национализмот...

ЕУ и ОН се расадник на бирократи (паразити) кои се исти со оние кои седат по националните парламенти (често прават трансфери:pos2:).
Единствена цел во животот им е да приграбат што повеќе пари од народот во вид на даноци и давачки.

А мислам и дека некои теории како оние за евреите дека биле главни и илуминати се добредојдени за политичарите...НЕ СМЕ ние криви (политичарите) ние сме само марионети...други ги влечат конците...

На крају крајева дали ќе те ограбува и користи евреин,македонец,русин,зулу или кмер е сеедно...
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Оф оф, па баш тоа креирање на нови држави значи поголема контрола, значи читај од почеток Divide and conquer повеќе држави поголема контрола и потоа присоединување кон една алијанса или тоа што го постирав во претходниот коментар
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Evropska unija ..super drzava....
Sverno amerikanskata Unija e veke gotova rabota
Africkata Unija e se poveke forsirana i zastapena vo mediumite
 
Член од
15 април 2009
Мислења
130
Поени од реакции
37
Пред десет години рускиот академик Игор Панарин предвидел распаѓање на САД во 2010 година. Во неговиот текст стои дека на распаѓањето ќе му претходи финансиска криза односно граѓанска војна предизвикана од кризниот морал, а неговите предвидувања денес повторно оживуваат во руските, па и американските медиуми.
Професорот Панарин има 50 години и е поранешен аналитичар на КГБ, а денес работи како декан на руската Академија за дипломати. Покрај тоа пишува и книги и е стручњак за американско-руските односи. Неговите црни прогнози за иднината на САД се музика за руски уши.

Масовно вселување, економска криза и пад на доларот

"Во овој момент постои околу 55% можност да се остварат моите предвидувања за распаѓањето на САД", вели Панарин односно додава дека тоа не би било добро за Русија, бидејќи и таа зависи од силата на доларот во продавниците на САД.

Тој предвидува дека на пролет ќе дојде со масовно иселување, поголема економска криза и на крај дека ќе дојде до масовна граѓанска војна и драстичен пад на доларот.

Тврди дека до крајот на 2010 година ќе дојде до распаѓање на САД на шест делови, додека Алјаска повторно ќе се врати на Русија. Но, други руски стручњаци не се согласуваат со ставот на Панарин и тврдат дека неговите предвидувања и тврдења само ќе ги расипат американско-руските ставови. Панариновите противници сметаат дека неговите предвидувања "не држат вода".
Им потекле солзи од смеење кога ја слушнале теоријата на Панарин

Теоријата за распаѓање на САД Панарин ја изнел уште во 1998 година на една конференција во Австрија. Тогаш, како и на многу денес, делегати кои учествувале во таа конференција не верувале дека е можно такво сценарио. Теоријата ја аргументирал со документи од руски разузнавачки служби. Неговата карта од "распадната" Америка заедно со негов потпис, многу луѓе од конференцијата ја понеле во својот дом.

Според Панариновите предвидувања економскиот удар на САД и граѓанската војна ќе донесе до етнички судир, односно влегување на странски инвестиции.

Алјаска и финансиската моќ на Русите

Калифорнија ќе се вика Република Калифорнија и ќе биде под силно влијание на Кинезите, Тексас ќе биде средиште на Република Тексас, а ќе биде под дејство на Мексико.

Вашингтон и Њу Јорк ќе биде именуван како "Атлантик Америка" и можно е да стане дел од Европската Унија. Канада ќе стане средиште на северната регија на САД, која професорот Панарин ја именувал како "Централна северна американска република". Со Хаваите ќе владеат Јапонците или Кинезите, а Алјаска ќе се врати под руска власт.

Според неговите предвидувања главната економска улога и моќ ќе ја имаат Русите и Кинезите. Според неговите мислења надежта на Американците дека новиот претседател Барак Обама ќе донесе промени се неосновани.

"Кога ќе дојде пролет, ќе биде јасно дека никој не може да направи чудо", вели Панарин.
 

KeleS

insolitus res
Член од
22 јануари 2008
Мислења
734
Поени од реакции
57
Немам што да речам . Овие истите теории беа прво не тема масони ( пошто масоните наводно го контролират светот ) .
После се префрлиа на тема илуминати . пошто илуминатите се создавачи на НВО .
И сега се дојде до посебна тема .
Луге бе ... Прочитајтего потписот кој го имам ставено. Сите овие теории на завера се создадени со целта некој да ве контролира полесно .
Создавањето на светска униа би значело банализирање на националното религиозното и етничкото и во крајна сметка мир низ целиот свет ... Тоа е всушност анти глобалистичката агенда .. која со цел да го задржи национализмот , религиозниот фанатизам , етничката нетрпеливост , создава вакви теории на завера . Идеата е дека со губењето на овие трите горе ке се изгуби и личниот идентитет и индивидуалноста . Но не ,( бидејки само човек со недоволно изградено јас може да се дефинира себеси преку националност религиа или етнос )индивиалноста е нешто кое неможе да се изгуби .
Гледајте на историа . Национализмот религиата и етносите предизвикуваат војни ... Интелегенциата ( луге кои се познаваат себеси или бар се во потрага ) се секогаш против тие војни .
Освен тоа таква униа би значела дека порано или покасно парите и капиталот ке изгубат вредност . Дали на богатите им одговара да изгубат се па да планираат вакви идеи ???
МИслам стварно ... Веритас либерабит вос . РАзмислете малку .
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Keles..za malku luge polesno da kontroliraat poveke luge treba da se namali brojot na mestata i lugeto sto donesuvaat odluki (nesto kako piramida) ..znaci celta e eden centar, edna banka,edna vlada,edna armija ... inak,masoni,tajni drustva ..se se toa granki na elitata
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Но не ,( бидејки само човек со недоволно изградено јас може да се дефинира себеси преку националност религиа или етнос )индивиалноста е нешто кое неможе да се изгуби .
That's the point, целата работа е во тоа! Манипулацијата е можна само со вештачки поделби меѓу луѓето. Инаку зошто некој би одел во војна или би се разнесувал во автобус полн со деца?
Погоре некој имаше пишано подели па владеј дека е цел на НВО. Е па сега размислете - поделба на 200 утре 250-300 држави, иљадници религии,секти,организации...колку само нови вери има во последниве 20 години?
Од тоа произлегува дека НВО се бескрајни поделби и игра на карта на поделбите од страна на фини господа и госпожи кои се собираат на годишната седенка во Билдерберг групата.
Тие си ја знаат работата и не се делат, т.е. имаат јасни заеднички интереси за профит,контрола и манипулација.
Народ на една територија се мрази и ако му речат ќе се испоубие со народ од друга територија. Еве на Балканот уште не се научени лекциите од војните 1991-2001 па уште има можности за нови војни и манипулации. Хрватска-Словенија, Босна-Реп.Српска, Косово, Санџак, Голема Албанија, МК-Грција...
Нема крај...

Keles..za malku luge polesno da kontroliraat poveke luge treba da se namali brojot na mestata i lugeto sto donesuvaat odluki (nesto kako piramida) ..znaci celta e eden centar, edna banka,edna vlada,edna armija ... Inak,masoni,tajni drustva ..se se toa granki na elitata
Точно е тоа дека има центри на влијание како Билдерберг, но тие играат на картата на разединување а не обединување.
Со евентуално укинување на државите како што се тврди самите би си ја сечеле гранката на која седат и каде профитираат. Размислете кој е најголем дистрибутер на украдени пари, најголем терорист, најголем арамија, кој најмногу убива луѓе... ДРЖАВИТЕ! Само во 20-от век најскромните процени се дека државите убиле над 450 милиони луѓе.
Само САД има годишен буџет од 3 трилиони долари. (3.000 милијарди).
Тоа се пари кои се крадат од населението под име даноци и давачки. Дури и овде кај нас се ближиме кон 3 милијарди евра буџет, пари собрани од оние кои ги заработиле и префрлени кон оние кои не ги заработиле, под закана од затвор и државно насилство (Во секојдневниот говор, ако некому насилно земеш нешто и го дадеш накому кому не му припаѓа тоа - се вика КРАЖБА или ПЉАЧКА!) - сега видете како НАВИСТИНА се пере мозок...ако некој ти земе 1.000 денари тоа е кражба а ако некој ти земе пола од она кое цел живот си го заработувал е ПАТРИОТИЗАМ.
Зошто некој би се откажал од таков редовен и непресушен извор на приходи?
Па нели не си патриот ако не плаќаш данок?

Тешко да остават само една армија, бидејќи мора таа армија да има непријател. Ако е таа армија само за контрола на популација нема да им врши работа во економска смисла. (мега-профит)

Орвеловата 1984 ако се оствари ќе се оствари во името на т.н. Национални интереси, видете Патриот Акт, Британскиот закон со иста содржина...
А и религиите си имаат свое место во целата работа.
 

KeleS

insolitus res
Член од
22 јануари 2008
Мислења
734
Поени од реакции
57
Keles..za malku luge polesno da kontroliraat poveke luge treba da se namali brojot na mestata i lugeto sto donesuvaat odluki (nesto kako piramida) ..znaci celta e eden centar, edna banka,edna vlada,edna armija ... inak,masoni,tajni drustva ..se se toa granki na elitata
Оф леле ( знам дека многу постови вака ми почнуват во последно време ) ....
Да го сваќам елементот со пирамидата и со едниот центар .... Јасно ми е ... Тоа што ти не го сваќаш е дека во таков случај парите и капиталот ке се обезвреднат . Значи економски гледано то би било нај ужасно сценарио за таја светската елита .
Пример еден свет една држава , значи дека сите природни ресурси се достапни за секој ... Општеството какво што го познаваме не постои во такви услови .
Армиа не ти е потребна пошто нема од кој да те брани ... Порадо е полициа тоа кое ти го викаш армиа ...
Една банка ... значи гледајки на досегашните општества .. ако има светска влада , нај неисплатливо неа би и било да има невработеност ... ако нема невработеност значи дека сите имат пари ... ако сите имат пари ... тогаш после инициалниот период на никој не му се потребни кредити ... автоматски секаков извор на профит за банката замира .
Порадо ке е институциа која ги контролира трансакциите одколку да е банка .
МИсли логично и разгледај какви општествени промени би презвикала таквата светска влада ... и ке видиш дека светска влада ( една планет - една држава ) воопшто не е лоша работа ... Би значело мир ( прекинување на војните ) и просперитет за сите . замислиси само што би значело сите пари кои сега се трошат на војни и армии да се пренасочат на други работи .

ПОголема е шансата дека светските капиталисти се боратт против такво обединување одколку да се борат за .
 

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.924
Поени од реакции
833
Нема врска се е измислица...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.735
Поени од реакции
12.166
ПОголема е шансата дека светските капиталисти се боратт против такво обединување одколку да се борат за .
Тие и се обединети во конзорциуми и какви се не компании...во бизнисот.

Како е глупо кога не ми работи интернет (освен за Македонија) и кога ќе заборавам адреса на сајт па не можам да најдам да постирам. Пред некоја година сајтот беше актуелен во флеш -поврзаност на лицата преку разни фирми (пример ИТ Микрософт, ХП, Аппле). исти моќници се во бордовите на сите тие фирми.

Економска моќ носи и политичка, а политичката носи и нова економска...и се така во круг.
Оддамнина има вакви обиди за што поголемо влијание врз остатокот од светот, преку империите, преку средновековното влијание на црквата преку инквизицијата...имало.
Сега се случува истото, не велам светски поредок, но концентрација на огромна моќ кај одреден круг луѓе, фамилии и институции.

Ах пак ради тој интернет (дајте една кофа) не можам да отворам википедија, побарајте Ротшилд (Дејвид мислам беше) на колку функции е тоа лице и колку компании/институции има формирано. Случајно? Можда, но таква моќ во една фамилија како може и како се користи? Беше порано споменувано Оназис, Ротшилд и сличните (во 2 св војна), нивните богатства се неколкупати зголемени во периодотот од прва, измеѓу и втора св. војна.
Затоа велам, можеби не нов или светски поредок, но големо влијание во светот, активирање на одредени дејства и манипулација со одредени држави и настани...секако е и тоа како можно. Впрочем кога ЦИА и Америка вршеа државни удари во африканските земји, зошто ова (со огрмона финансиска и политиќка моќ) да не е можно.
Money makes the world... така нешто беше :)
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Тие и се обединети во конзорциуми и какви се не компании...во бизнисот.

Како е глупо кога не ми работи интернет (освен за Македонија) и кога ќе заборавам адреса на сајт па не можам да најдам да постирам. Пред некоја година сајтот беше актуелен во флеш -поврзаност на лицата преку разни фирми (пример ИТ Микрософт, ХП, Аппле). исти моќници се во бордовите на сите тие фирми.

Економска моќ носи и политичка, а политичката носи и нова економска...и се така во круг.
Оддамнина има вакви обиди за што поголемо влијание врз остатокот од светот, преку империите, преку средновековното влијание на црквата преку инквизицијата...имало.
Сега се случува истото, не велам светски поредок, но концентрација на огромна моќ кај одреден круг луѓе, фамилии и институции.

Ах пак ради тој интернет (дајте една кофа) не можам да отворам википедија, побарајте Ротшилд (Дејвид мислам беше) на колку функции е тоа лице и колку компании/институции има формирано. Случајно? Можда, но таква моќ во една фамилија како може и како се користи? Беше порано споменувано Оназис, Ротшилд и сличните (во 2 св војна), нивните богатства се неколкупати зголемени во периодотот од прва, измеѓу и втора св. војна.
Затоа велам, можеби не нов или светски поредок, но големо влијание во светот, активирање на одредени дејства и манипулација со одредени држави и настани...секако е и тоа како можно. Впрочем кога ЦИА и Америка вршеа државни удари во африканските земји, зошто ова (со огрмона финансиска и политиќка моќ) да не е можно.
Money makes the world... така нешто беше :)
Мислам дека со обединувањето на капиталот и банките, кое се случува секојдневно, паралелно ќе се форсира и национализмот за мега корпорации како Груман-Нортроп,Локид-Мартин,БАЕ,Талес,Рособороноекспорт и други да имаат каде да пласираат купишта оружје од кое заработуваат многу.
Дури и вечно неутрални земји како Шведска и Данска трошат десетици милијарди евра за своите арсенали на оружје, кои по 10 години ги прогласуваат за застарени и купуваат одново...

Она што е ново во целата ситуација се техничките можности за контрола и манипулација (повеќе камери од жители во некои земји, под изговор на ваква или онаква безбедност)...
И невидената моќ на медиумите денеска...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.735
Поени од реакции
12.166
Она што е ново во целата ситуација се техничките можности за контрола и манипулација (повеќе камери од жители во некои земји, под изговор на ваква или онаква безбедност)...
И невидената моќ на медиумите денеска...
Видиш, ова го изумив. Огромна контрола од една страна и усмерување на јавно мислење преку многу сугестибилна играчка-медиумот од друга.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Да, медиумите се еден од најголемите фактори денес.
Во 1984 од Орвел е опишано општество под тотална доминација, спрега меѓу власта,капиталот,медиумите и техничките средства за надзор.
Најсериозни дела покрај 1984 кои опишуваат тотална контрола се Храбиот нов свет од Хаксли и Харисон Бержерон од Вонегат.

Визијата од Хаксли е некако најреалистична бидејќи предвидува фабричко производство на луѓе, перење мозок од најмала возраст, голема улога на фармацевтите во контролата и наметнување на плитки и идиотски вредности од медиумите на пример имање секс со емоции се смета за перверзија и таквите лица се носат на лечење, секој еден човек е претворен во машина за потрошувачка...
Дури е воведена религија каде покретната трака е божанство ,а Хенри Форд го сменува Исус и се смета времето од раѓањето на Форд во чест на пионерот на масовното производство...
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Потребите од разни добра кои човекот ги има (наводно ги има)се измислена работа токму од нив за да си прават пари. Има една народна поговорка Богатите се богати не затоа што се паментни туку затоа што има будали околу нив. И светот дефинитивно е под контрола од тие алчници за пари.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom