Нов светски поредок

Постои ли светски поредок (креиран од најбогатите)

  • Да, постои

    Гласови: 340 79,6%
  • Не, тоа се измислици

    Гласови: 87 20,4%

  • Вкупно гласачи
    427
Член од
25 декември 2008
Мислења
867
Поени од реакции
79
Таа песна или приказна е долга и широка.Но знам дека се ближи денот кога ќе се фрлат картите на маса а МАКЕДОНИЈА ќе биде главен играч,затоа ве потковувам пред време да бидете горди што сме осознале нов пат и знаеме како нај природно да го трасираме и да зачекориме и одиме по него а по и со нас и сите други.ПОЗДРАВ
Еве нешто повеќе за оваа тема за тие што не слушнале,
http://vojo.com.mk.blog.com.mk/43446/taxonomy/term/27

http://lupcobocvarov.blog.com.mk/node/234424#new

ПОЗДРАВ
 
The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Таа песна или приказна е долга и широка.Но знам дека се ближи денот кога ќе се фрлат картите на маса а МАКЕДОНИЈА ќе биде главен играч,затоа ве потковувам пред време да бидете горди што сме осознале нов пат и знаеме како нај природно да го трасираме и да зачекориме и одиме по него а по и со нас и сите други.ПОЗДРАВ
Сосема се сложувам.
 
S

smart ass

Гостин
Како единица мерка за човековите потреби од материја или за материја ќе се смета неговото дванаесет часовното слободно одење или движење израчунато како дијаметар или одење и враќање од и до местото на живеења во рок од 12 часа израчунато како радиус,плус-минус ќе подлежи на мала дозволена корекција.И за други работи ќе важи оваа мерка.
А за каква материја станува збор + кои корекции,ако се е контролирано-НЕМА ОТСТАПУВАЊА.

И ова рачунов нешто...ама заслужува:aplauz::aplauz:

uste malku i temata treba da se premesti od misterii

Колку време??

И како колапсот на доларот го поврзуваат со НВО...Џаст лајк дет(клап хендс:aplauz::pos2:)

Нели медиумите се контролирани...овакво нешто не смее да испадне,освен ако нема ништо лошо во една светска валута-па прашањето е:

Па што е лошо во тоа да има една валута,еве Еврото ја олесни трговската размена на членките на ЕУ(не сите еве англија не е под ЕУ банк).

А и една валута не мора даводи ко0н една влада,кинезите,русите арапите,африка,хуго чавез....тешко е-Светска ВЛАДА Е ИЛУЗИЈА!!
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376

Не е илузија????? Баш тоа ќе се случи т.е. СВЕТСКА ВЛАДА.
Капиталот не трпи граници, царини, плаќање на мито во бирократски држави... Доларот сеуште е главната резервна валута, но веќе се заговара стабилна глобална валута, чија вредност на почеток ќе се базира на корпа на валути, а потоа…. http://www.emportal.rs/vesti/svet/104617.html Економијата е се повеќе глобална, со исклучок на некои изолирани...
На пр. Кина и САД имаат се повеќе заеднички интереси. Друго беше за време на Мао Це Тунг кога немаа допирни точки. Сега Американците инвестираат во кинеската економија, Кинезите го покриваат Американскиот буџетски дефицит... трговската размена расте... Толку ќе станат зависни едни од други а Кина ќе биде се порамноправен партнер, што тоа ќе биде љубов невидена. Имаат и спорови, како Тајван но сето тоа ќе отиде во втор план и ќе се реши со растењето на Кинеската моќ.
Со Русите е поинаку поради државната контрола на енергенсите (што е и нормално), но истото ќе се случи и со нив на долг рок.... Може да останат само поединечни држави кои што сакаат да се изолираат ( т.е. нивните режими сакаат ), но тешко дека ќе опстојат. Порано или подоцна таквите режими ќе паднат. Денес моќта најчесто ја црпат од нафтата, но денешното значење на овој енергенс нема вечно да опстои.
 
S

smart ass

Гостин
Види вака,ако може да зборувваме за нов економски поредок...глобализацијата се докажа-вол стрит кивна и цел свет осети последици.

Но да говориме за светска влада е во најмала рака нелогично,бидејќи сега полека во светот геостратешки и политички ќе добиеме мултиполарност,најверојатно од една страна ќе бидат САД како лидер на западњаците и ЕУ со нив,во јужна америка бразил ќе биде стожер останатите земји сателити,за исламскиот свет Иран најверојатно и Ирак има капацитет ако се опорави(зборам за 15-20 години)

Битката за африка ќе биде помеѓу кина и индија,а се разбира и во африка ќе има сателити на едната и на другата страна,се претпоставува дека русија ќе биде стожер на православјето.

Значи глобално секој стожер ќе има сфери на влијание,а поради очигледната моќ на останатите нема да има светски полицаец-па како последица на ова природно доаѓа компромисот и соработката.

секако економска.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
А тие "центри на моќ" немаат ли заеднички интереси (пред се економски како што кажав во предходниот пост) . Компромис и соработка е неопходен но поефикасно е да формираат единствена влада (или како и да се нарече), која што на почетокот ќе има многу ограничени ингеренции. Точно е дека има и судир на интереси особено околу ресурсите поради нивната ограниченост, но како што напоменав нивното значење нема да опстои вечно. На пр. денес во Јапонија, Холандија... најпродаван автомобил е хибридот Тојота Приус. А веќе се најавува производство на електрични... Имајки ја во предвид нивната потрошувачка, која што денес ја диктира цената на нафтата.... Има најави и во други области. Сега нема тоа утре да се случи, т.е. потребно е време но во тој правец се оди. Технологијата е таа што ќе го обедини светот.

Светската трговска организација е само почеток. Единствена валута би требало да следи... И на крај единствена светска влада.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334

И после крајот пак се јават незадоволни групи кои ќе прејдат во движења, па ќе организираат отпор, како последица на отпорот пак ќе почне цепкањето, откако доволно ќе се расцепка пак ќе се јават иницијативи за некакви си обединувања ...и така во круг....:toe:
 
M

marsovka

донекаде си во право
Проблемот кај глобализацијата е тоа што цели региони стануваат неупотребливи , се заобиколени од развојот и технологијата таму можат да се развијат движења и феудализам во некоја мутирана форма од типот ѕинго и компанија, па таму се јавуваат такви движења подржани од некои локални моќници, а пошто областите не се нешто важни никој нема да се замра да го спречи цепкањето на териториите .Во области каде има напредок и технологија просперитет и добра управа тешко дека ќе опстојат повеќе од 15 минути пред мракот да ги проголта.
 
S

smart ass

Гостин
А тие "центри на моќ" немаат ли заеднички интереси (пред се економски како што кажав во предходниот пост) . Компромис и соработка е неопходен но поефикасно е да формираат единствена влада (или како и да се нарече), која што на почетокот ќе има многу ограничени ингеренции. Точно е дека има и судир на интереси особено околу ресурсите поради нивната ограниченост, но како што напоменав нивното значење нема да опстои вечно. На пр. денес во Јапонија, Холандија... најпродаван автомобил е хибридот Тојота Приус. А веќе се најавува производство на електрични... Имајки ја во предвид нивната потрошувачка, која што денес ја диктира цената на нафтата.... Има најави и во други области. Сега нема тоа утре да се случи, т.е. потребно е време но во тој правец се оди. Технологијата е таа што ќе го обедини светот.

Светската трговска организација е само почеток. Единствена валута би требало да следи... И на крај единствена светска влада.
Проблемот е што секој обид за Светска Влада од една група држави и од нивниот стожер кон друга(еве хипотетички од русија кон кина на пример..) од третата страна ќе биде протолкуван како закана односно како еден вид на сојуз против нив.

Се додека не се среди отпадокот што го оставија англија и франција во африка тешко да има светска влада,а за една валута не е проблем-оди во прилог на раазвојот.

И на крај краеви ако ја има таа влада односно ако се состави се поставува прашањето дали сите се подготвени да се откажат од суверенитетот,и некој друг да одлучува во нивно име.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Африка и сл. ќе мора да се решава, затоа што и нивните проблеми стануваат се повеќе глобални и се јавува миграција кон богатите, која што во иднина може само да расте. Решавањето на овие проблеми нема да биде ни лесно ни брзо. Најлесно би било поедини држави или цели региони да се изолираат, но тоа е невозможно.
Суверенитет.... Зошто државите преговараа за да влезат во Светската трговска организација? Не е ли тоа нарушување на нивниот суверенитет? Но сите пресметаа дека ќе имаат корист. Може некој ќе се предомисли и ќе се изолира од таквиот свет и влада, но тешко дека ќе опстои како таков.
И некои ингеренции никогаш нема да преминат на таквата светска влада, т.е. може да се направи споредба со денешната локална самоуправа кај државите.
Тоа не значи дека сите проблеми ќе се решат. Секогаш ќе останат проблеми кои што бараат решавање.
 
S

smart ass

Гостин
Суверенитет.... Зошто државите преговараа за да влезат во Светската трговска организација? Не е ли тоа нарушување на нивниот суверенитет? Но сите пресметаа дека ќе имаат корист. .
СТО нема врска со суверенитетот,имено истата служи за уривање на т.н бариери-односно олеснување на трговската размена и раст на глобалната економија....ништо повеќе.

Најлесно би било поедини држави или цели региони да се изолираат, но тоа е невозможно.
Епа светска валута ќе делува како бустер на африка генерално.

Се разбира треба и опростување на долговите-имено кога русија му опрости на Ирак 10 милијарди долари долг-ќе треба и ММФ така да постапи и контрола само-таму корупцијата ништи секаква искра за прогрес...така е и во афган:smir:
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.260
Поени од реакции
4.863
Епа светска валута ќе делува како бустер на африка генерално.
Ќе делува како бустер во обратна насока, надолу...

Светската валута ќе дејствува како бустер само за Русија и евентуално Кина - нив најмногу ќе им одговара, ќе се ослободат од опасноста од евентуални падови на доларот, а такви во последно време ги има многу.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom