Формирање на македонска политичка нација. Реалност или сон?

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Да, меѓутоа и тие се создадени по принципот на котел на мешање, каде во доминантната американска култура се слеани сите култури и вредности на најразлични групи луѓе со најразлично верско, културно, етничко, расно потекло. Сите се различни, а сепак сите се пред се' Американци. Нивната цел е да го живеат американскиот сон, секој на свој начин.
Е сега, Македонија е мала држава, релативно млада и многу кревка демократија. Прашање е дали овој експеримент моментално би успеал. Но според мене, кога САД успеваат да создадат национално единство на 200 народи, зошто ние со голем труд и напор не би создале национално единство преточено во нација на 10тина народи/етнички заедници?
За да биде барем малку слично како таму,треба најпрвин да се создаде “Македонски сон“ а не “Македонски кошмар“.Дури потоа се пристапува кон создавање единствена (но не политички) нација,со слеани безброј културни,верски,етнички и расни припадности кој разликите ќе си ги чуваат дома,ама на улица или било каде во светот ќе бидат единствени Македонци.:toe:
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120

Терминот политичка го употребив бидејќи во самата нација би имало Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Еѓипќани, Срби и др. и секој од нив би си останал етнички таков, меѓутоа во политичка смисла сите би се дефинирале како Македонци (според името на државата) и со тоа надвор од нашата држава би демонстрирале единство и слога, работи кои се подзаборавени од налетот на национализмот и меѓуетничките тензии.
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
1. Дали сметате дека македонското општество моментално или во некои идни (подобри) денови е (или би било) зрело за ваков процес на здружување (кој се разбира би бил постепен, но долгорочен)?

2. Дали Македонците повеќе ќе изгубат отколку што ќе добијат од формирањето на македонската политичка нација (составена од горенаведените етноси)? Со други зборови, дали Македонецот ќе го изгуби идентитетот во таа мешавина од етникуми, вери и различни култури?

3. Дали формирањето на македонска политичка нација ќе доведе до долгорочна стабилност и безбедност на територијата на Република Македонија и ќе стави крај на меѓуетничките конфликти во нашата држава?
1.Мислам дека не, затоа што сеуште не е создадена критична маса која ќе даде поддршка на ваквиот потенцијален проект. Во време кога Албанците под менторство на САД ги остваруваат своите зацртани агенди за решавање на нивното прашање и кога се надеваат дека ќе ќарат највеќе од сите балкански народи и време во кое Македонскиот народ се бори за зачувување на сопствениот идентитет, ваквата идеја е само утопија, што може да ја турка некој кој под превезот на желбата за решение на долгогодишниот балкански јазол се обидува да биде Спасителот.

2.Па токму тоа ќе биде и најголемата загуба, бидејќи тоа за Македонскиот народ ќе биде иста замка како што е замката за менување на името.

3. Врз основа на двете горенаведени размислувања оваа, точка автоматски не би требало да ја одговорам.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Терминот политичка го употребив бидејќи во самата нација би имало Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Еѓипќани, Срби и др. и секој од нив би си останал етнички таков, меѓутоа во политичка смисла сите би се дефинирале како Македонци (според името на државата) и со тоа надвор од нашата држава би демонстрирале единство и слога, работи кои се подзаборавени од налетот на национализмот и меѓуетничките тензии.
Значи “грешка во преводот“,оти би требало да стои единствена или обединета наместо политичка нација.Зборот политичка премногу ја обременува целата замисла.:toe:
 
аце_шваба

ГОРД ВУЈКО
Член од
10 септември 2008
Мислења
1.512
Поени од реакции
45
Би сакал да продискутираме околу можноста за формирање на македонска политичка нација која би се засновала на еднаков (или процентуален) удел на сите етнички заедници кои живеат во Република Македонија и да се изгради македонски модел на американската нација
те сечам на старт и не те читам понатаму
кога шпанскиот јазик ќе стане официјален како што е албанскиот во Македонија, дојди пак да прајме муабет, а овака се е ветер и магла
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Значи “грешка во преводот“,оти би требало да стои единствена или обединета наместо политичка нација.Зборот политичка премногу ја обременува целата замисла.:toe:
Не си ме сфатил прецизно, ако стои обединета македонска нација разговорот ќе тече во насока обединување на сите етнички Македонци (каде и да се). Бидејќи се работи за мешавина од разни етноси го употребив терминот политичка (да не речам вештачка).

те сечам на старт и не те читам понатаму
кога шпанскиот јазик ќе стане официјален како што е албанскиот во Македонија, дојди пак да прајме муабет, а овака се е ветер и магла
Шпанскиот јазик ти е коофицијален во областите каде што живее мнозинско латиноамериканско (хиспанско) население, односно говорители на шпанскиот јазик.

Во САД не постои официјален јазик на ниво на федерацијата, туку мнозински, што не е исто.

1 English is the official language of at least 28 states—some sources give a higher figure, based on differing definitions of "official".[6] English and Hawaiian are both official languages in the state of Hawaii.
Англискиот ти е застапен со 81, а шпанскиот со 10 проценти.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Најреално, тоа сега засега е само сон. Најпрвин, за да се случи тоа, мора соживотот меѓу различните етникуми да биде на многу повисоко ниво, коешто сега, за жал претставува утопија. Значи политичката еманципација и развитокот на политичката култура која до сега беше, се уште е, а и ќе биде уште некое време, патримонијална - се клучни за да се создаде една политичка нација.

Понатаму, треба народот да сфати дека има огромна разлика меѓу нација и народ. Нацијата по дифолт секогаш го носи името на државата, територијата на која се наоѓа, за разлика од народот кој живее во државата кој може да биде: македонски, албански, турски, туркменистански и слично.
Таа дистинкција е многу лошо направена, па затоа и самото спомнување на македонска нација развива различни чувства кај луѓето.

Всушност, симболично кажано, нацијата може да го претставува и чувството на припадност кон одредена територија, во случајов македонска територија.

Сепак треба да се разбере дека во случај на градење на јака македонска нација, не значи тоа дека на пример, Албанците или Турците или другите народи треба да се претопат во македонски народ, напротив - тие треба да си ги негуваат своите специфики, но заедно со Македонците, кои исто така треба да си ги негуваат своите карактеристики, ќе ја сочинуваат македонската нација.

За жал, кај нас тие некои работи погрешно се толкуваат, односно некому одговара погрешно да ги пласира во јавноста, за раздорот да се продлабочи.
Верувајте, доколку се изгради силна македонска нација, со јак соживот - ретко кој политичар, без разлика на кој етникум му припаѓа, ќе се осмели да прави што сака. Вака многу полесно им е да создаваат раздор, нетолеранција, многу полесно е да се владее. Раздели, па владеј.
Значи тоа е добро пред се за самото внатрешно уредување, а и за самата слика која Македонија ќе ја остави пред меѓународна заедница.
Јака нација е непобедлива. Непостоечка или слабо изградена нација - слаби темели.
Нацијата е темелот на државата. Ако тој е слаб, ондак и куќата при најмал земјотрес ќе колабира.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Не си ме сфатил прецизно, ако стои обединета македонска нација разговорот ќе тече во насока обединување на сите етнички Македонци (каде и да се). Бидејќи се работи за мешавина од разни етноси го употребив терминот политичка (да не речам вештачка).
Шпанскиот јазик ти е коофицијален во областите каде што живее мнозинско латиноамериканско (хиспанско) население, односно говорители на шпанскиот јазик.
Во САД не постои официјален јазик на ниво на федерацијата, туку мнозински, што не е исто.
Англискиот ти е застапен со 81, а шпанскиот со 10 проценти.
Абе те сфатив убаво,ама ти не си сфатил дека за да се формира една единствена и критична маса во вид на нација со предзнакот Македонска,без разлика на своите верски,етнички,расни или политички припадности односно убедувања,треба да се создаде еден “МАКЕДОНСКИ СОН“,а не како што имаме сега еден “МАКЕДОНСКИ КОШМАР“.:toe:
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Најреално, тоа сега засега е само сон. Најпрвин за да се случи тоа, мора соживотот меѓу различните етникуми да биде на многу повисоко ниво, кое што сега засега, за жал претставува утопија. Значи политичката еманципација и развитокот на политичката култура која до сега беше, се уште е, а и ќе биде уште некое време, патримонијална - се клучни за да се создаде една политичка нација.
Понатаму, треба народот да сфати дека има огромна разлика меѓу нација и народ. Нацијата по дифолт секогаш го носи името на државата, територијата на која се наоѓа, за разлика од народот кој живее во државата кој може да биде: македонски, албански, турски, туркменистански и слично.
Таа дистинкција е многу лошо направена, па затоа и самото спомнување на македонска нација развива различни чувства кај луѓето.
Всушност симболично кажано, нацијата може да го претставува и чувството на припадност кон одредена територија, во случајов македонска територија.
Сепак треба да се разбере дека во случај на градење на јака македонска нација, не значи тоа дека на пример, албанците или турците или другите народи треба да се претопат во македонски народ, напротив - тие треба да си ги негуваат своите специфики, но заедно со македонците кои исто така треба да си ги негуваат своите карактеристики ќе ја сочинуваат македонската нација.
За жал кај нас тие некои работи, погрешно се толкуваат. Односно некому му одговара погрешно да ги пласира во јавноста, за да раздорот се продлабочи.
Верувајте доколку се изгради силна македонска нација, со јак соживот - ретко кој политичар, без разлика на кој етникум му припаѓа, ќе се осмели да прави што сака. Вака многу полесно им е да создаваат раздор, нетолеранција, многу полесно е да се владее. Раздели, па владеј.
Значи тоа е добро пред се за самото внатрешно уредување, а и за самата слика која Македонија ќе ја остави пред меѓународна заедница.
Јака нација е непобедлива. Непостоечка или слабо изградена нација - слаби темели.
Нацијата е темелот на државата. Ако тој е слаб, ондак и ќуката при најмал земјотрес ќе колабира.
Крејзи ин Лав, заслужи зелено за мислењево. Јас на сличен начин како тебе ја замислувам македонската нација, како сплотување на сите етноси со универзална и највисока цел верност кон татковината и родниот праг, инвестирање во Македонија, во нејзиниот економски и културен развој. Значи клучната улога во создавањето на идната македонска нација ќе биде љубовта кон Македонија и желбата да се помогне на својата земја, како и меѓусебната толеранција, почит, разбирање и помаѓање на различните етнички заедници кои живеат во неа.
Знам дека сеуште е утопија, меѓутоа ваквиот концепт е прифатлив (барем за оние кои мислат слично на мене) и на ваква потпора еден ден може да се изгради македонска нација.
 
Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Меѓутоа Косоварите кои дојдоа за време на војната во Косово, треба безприговорно да ја напуштат земјава и да им се одземе државјанството.
Ne postojat takvi. :toe:
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Абе те сфатив убаво,ама ти не си сфатил дека за да се формира една единствена и критична маса во вид на нација со предзнакот Македонска,без разлика на своите верски,етнички,расни или политички припадности односно убедувања,треба да се создаде еден “МАКЕДОНСКИ СОН“,а не како што имаме сега еден “МАКЕДОНСКИ КОШМАР“.:toe:
Македонскиот сон беше нешто вака ми се чини:
1. Да имам милион американски долари (ископирано од американскиот)
2. Да живеам во САД! (типично македонски)
 
Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Епа не постојат де. Затоа ќе си се врнат.
Si pocnal i ti so pecurki a?!!

Glavno pravilo na fizikata: za da ima dvizenje ( pridvizuvanje, premestuvanje, pomestuvanje..) potrebno e da ima materija.

Nistoto ne moze da se vrne. :toe:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Македонскиот сон беше нешто вака ми се чини:
1. Да имам милион американски долари (ископирано од американскиот)
2. Да живеам во САД! (типично македонски)
Не,Македонскиот сон беше и остана:

1.Да живеам слободно и рамноправно со сите народи на оваа планета и да се нарекувам како што сакам,без некој да ми поставува услови што не можат ни да се замислат од нормални луѓе.

Парите се во сосема друг контекст на Македонскиот сон,а верувам и во сонот на сите други луѓе,како што е и желбата да се живее во подемократска земја, доколку твојата не ти ги задоволува ни основните стандарди за живеење.Особено кога секој морон може секогаш да ти го стави на референдум твоето име и твојот идентитет.:toe:
 
Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Не,Македонскиот сон беше и остана:

1.Да живеам слободно и рамноправно со сите народи на оваа планета и да се нарекувам како што сакам,без некој да ми поставува услови што не можат ни да се замислат од нормални луѓе.
Toa nikako ne ti se zabranuva so politickata nacija. :toe:

Inace, so politickata nacija smetam deka se otvaraat i siroko vratite da se resi problemot so imeto.... ama aj toa ke ostavam za nekoi podobri vreminja da go elaboriram...:):)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom