Миг 25 се користел за извидување и како ловец пресретнувач. Произведен е за да се парира на американските шпиуни U2 и црната птица SR 71.
На почетокот на 70 години бил најголем мит. А мит се создава и поради недостаток на информации. Имал голема брзина (ограничена на 2,8 маха) иако на пилотите им било советувано да не надминат 2,5 за да не дојде до оштетување на моторите. Рекордна брзина на овој авион е 3,2 маха. А можел да достигне и голема висина 27 000 м со рекорд од над 37 000м. За митот уште повеќе да се зголеми се и фотографиите кои што ги направиле норвешките пилоти на прототипот на Миг 31 (наследникот на Миг 25).
Но.... Еден Руски пилот во 1976 ќе пребега во Јапонија со Миг 25. И... Авионот од американците е расклопен, снимен .... И вратен на Русите. И од митот не остана ништо. Способност за маневрирање-никакво, многу лоша управливост при брзини на пресретнување, проблеми при лет на мали висини, турбомлазни мотори со огромна потрошувачка со што се ограничува борбениот радиус при надзвучни брзини, застарена електроника, застарен радар... 1978 е додаден подобар радар, мотори...
Кога се работи за Руски ловци, многу подобар производ е Миг 29 од почетокот на 80-тите. (Пробен лет 1977). Но, мит си е мит.
Снимен е е филм (За Миг 31), Огнената лисица (
Firefox) со Clint Eastwood. Препорака за филмот (Ако некој случајно го нема гледано).