МИГ 25 чудо на технологијата пред своето време

Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Знаете дека советската авијација е на врвот во однос на перформансите и карактеристиките во однос на својата конкуренција.Познати советски авијации се бироата на МИГ,СУКХОИ,ТУПОЛЕВ но сигурно кога ке се спомне за советски авион веднаш се споменува МИГ и тоа најпопуларниот модел од времето на студената војна МИГ21 или -талпа како што го нарекувавме ние кои служевме војска во екс-југославија,и секако најмистериозниот авион од тоа биро МИГ-25 единствен авион со перформанси понапред од своето време.Па постирајте повеке информации за него
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
МиГ-25 е класичен пресретач и стратешки извидувач создаден за огромните пространства на екс СССР. Како таков има своја вредност, огромна брзина, голем плафон, убрзање...
Проблемот е што е ограничен на огромни држави поради карактеристиките, специфичните мотори од Тумански кои барале рефит по 25-30 часа лет и поради цената.
Некои други земји имаат купено МиГ-25 како Алжир,Ирак,Индија и Либија. Без особена корист, освен како извидувач. Бугарија набавила неколку но ги вратила за брзо време поради несоодветноста на локалните потреби.
Едно време бил солиден како средство за брза емиграција на запад без потреба од иселеничка виза.

Неговиот помлад брат е уште поекстремен - МиГ-31, т.е. МиГ-25 на стероиди, најтешкиот ловец на сите времиња. Повторно само за локални потреби, едно време Иран се интересираше...

Знаете дека советската авијација е на врвот во однос на перформансите и карактеристиките во однос на својата конкуренција.
Советските авиони имаат мизерен комбат рекорд во воздушни борби со производите на Дасо, МекДонел-Даглас, Нортроп-Груман, Норт Америкен, Локид...
Иако ова не секогаш било одраз на квалитетот, туку на разни фактори...

МиГ-25/31 ме потсеќа на најлудачкиот ловец на сите времина, Локид Ф-104 Старфајтер кој ги имал перформансите на МиГ-25 дваесет години пред самиот МиГ но во исто време бил познат и како летечкиот сандак.
Ако било се во ред (а ретко било кај Ф-104) добро се носел со противникот. Пример Пакистански Ф-104 против МиГ-21/23 и Су-7 на Индија 1971.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Миг 25 се користел за извидување и како ловец пресретнувач. Произведен е за да се парира на американските шпиуни U2 и црната птица SR 71.
На почетокот на 70 години бил најголем мит. А мит се создава и поради недостаток на информации. Имал голема брзина (ограничена на 2,8 маха) иако на пилотите им било советувано да не надминат 2,5 за да не дојде до оштетување на моторите. Рекордна брзина на овој авион е 3,2 маха. А можел да достигне и голема висина 27 000 м со рекорд од над 37 000м. За митот уште повеќе да се зголеми се и фотографиите кои што ги направиле норвешките пилоти на прототипот на Миг 31 (наследникот на Миг 25).
Но.... Еден Руски пилот во 1976 ќе пребега во Јапонија со Миг 25. И... Авионот од американците е расклопен, снимен .... И вратен на Русите. И од митот не остана ништо. Способност за маневрирање-никакво, многу лоша управливост при брзини на пресретнување, проблеми при лет на мали висини, турбомлазни мотори со огромна потрошувачка со што се ограничува борбениот радиус при надзвучни брзини, застарена електроника, застарен радар... 1978 е додаден подобар радар, мотори...
Кога се работи за Руски ловци, многу подобар производ е Миг 29 од почетокот на 80-тите. (Пробен лет 1977). Но, мит си е мит.
Снимен е е филм (За Миг 31), Огнената лисица (Firefox) со Clint Eastwood. Препорака за филмот (Ако некој случајно го нема гледано).
 
Точно маневарските способности биле скромни, а слабоста на мали височини го ислкучувала од улога на ловец-бомбардер.
Митот бил голем, иако америчкиот Ф-104 Старфајтер (прв лет 1954) и канадскиот ЦФ-105 Ероу (прв лет 1958) имаат исти брзинско-висински карактеристики со МиГ-25 дваесет години пред него.

Брзините од околу 3 маха немаат никаква вредност во борбени дејства. Тоа е повеќе како престиж и фалење. Можностите за било какво смислено дејство на 3 маха се еднакви на нула.
Денеска ловците од 4 и 5 генерација се градат за макс. брзина од 1,5-2 маха, иако технички се има можност за далеку поголеми брзини.
Во 95% од употребата ловците се користат на подзвучна брзина.

Фајерфокс...Cold war приказна. Симпатичен филм. Слетуваше на северен пол.
 
единствен ловец кој ја има допрено долната точка на стратосферата.Мегутоа митот настанува во време на Виетнам кога американците се со своите ф5 или на англиски flying brick авион со сосема лоши карактеристики но со огромни мотори се курчеа над Виетнам.Тогаш на сцена е пуштен миг 25 кој сепак треба да признаеме дека со тогашна технологија имал завидни перформанси како и фактот дека е единствен авион кој најмалку бил наменет за извоз.Единствено либијците ги поседуваат и некој од арапските земји(сега не ми текнува).Како комбат каратеристики не може да се каже точно зошто немале или не се кажуваат дуели помегу руски и американски пилоти за време на студената војна.Инаку виктор беленко дамнешната 1976 го дрпна миг 25 и слета во јапонија.Точно дека американците веднаш беа таму да го испитаат тоа чудо од технологија и мит но сепак дипломатијата си го направи своето.Расклопен го товарија на руски товарен брод а за беленко веке не се слушна.Има на ју тјуб видео клип за таа случка.За мене лично авион направен пред своето време.позз
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
За мене лично авион направен пред своето време.позз
Освен Ф-104 Старфајтер и ЦФ-105 Ероу. Дваесет години пред МиГ-25.

Мегутоа митот настанува во време на Виетнам кога американците се со своите ф5 или на англиски flying brick авион со сосема лоши карактеристики но со огромни мотори се курчеа над Виетнам.
Ф-5 е сосема солиден авион наменет за извоз, САД користеле малку авиони од тој тип во Виетнам. Основен бил Ф-4.

единствен ловец кој ја има допрено долната точка на стратосферата.
Што ќе прави таму? Ќе пресретнува марсовци? Понекој У-2...

Како комбат каратеристики не може да се каже точно зошто немале или не се кажуваат дуели помегу руски и американски пилоти за време на студената војна
Има бајаги судири меѓу советски и западни ловци во вооружување на трети земји. Резултатот е лош за советските производи...

исто и ХБ-70:toe:
Валкири, хахаха, е тоа ти е авион!
Летал на етилборан место керозин, литар по цена од просечен Џони Вокер...
Едниот прототип е уништен од горенаведениот Ф-104 кој изгубил контрола и се забил во Вакири...
Најбрз бомбардер во историјата.
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.109
Поени од реакции
9.467
Има бајаги судири меѓу советски и западни ловци во вооружување на трети земји. Резултатот е лош за советските производи...
Дека во поголем дел од судирите Советските авиони биле управувани од Арапски пилоти.

Виетнамците и Индиците сосема добро се покажале.
 
Du

Член од
26 октомври 2008
Мислења
176
Поени од реакции
4
Бугарија набавила неколку но ги вратила за брзо време поради несоодветноста на локалните потреби.
Не е точно. Ниту се "вратени", ниту е за "брзо време". Првите МиГ-25 биле набавени од Бугариjа во 1982 година. Општиот броj бил 3 од верзиjата МиГ-25РБТ (http://www.airwar.ru/enc/spy/mig25rbt.html) и 1 МиГ-25РУ (http://www.airwar.ru/enc/other/mig25ru.html), лоцирани на аеродромот во градот Добрич (http://maps.google.com/maps?hl=en&ie=UTF8&ll=43.611098,27.841072&spn=0.030264,0.054846&t=h&z=14) како дел од 26 разузнавачки авиополк. Еден е изгубен во несреќа во 1984 година. По распуштањето на Варшавскиот договор во 1991 година авионите како некорисни за Бугариjа во новите услови се разменети со Русиjа за 5 ловци МиГ-23МЛД (http://www.airwar.ru/enc/fighter/mig23mld.html).
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.929
Поени од реакции
500
Еве и некоја слика да биде посликовито :)

Du

Член од
26 октомври 2008
Мислења
176
Поени од реакции
4
Точно маневарските способности биле скромни, а слабоста на мали височини го ислкучувала од улога на ловец-бомбардер.
Митот бил голем, иако америчкиот Ф-104 Старфајтер (прв лет 1954) и канадскиот ЦФ-105 Ероу (прв лет 1958) имаат исти брзинско-висински карактеристики со МиГ-25 дваесет години пред него.

Брзините од околу 3 маха немаат никаква вредност во борбени дејства. Тоа е повеќе како престиж и фалење. Можностите за било какво смислено дејство на 3 маха се еднакви на нула.
Денеска ловците од 4 и 5 генерација се градат за макс. брзина од 1,5-2 маха, иако технички се има можност за далеку поголеми брзини.
Во 95% од употребата ловците се користат на подзвучна брзина.

Фајерфокс...Cold war приказна. Симпатичен филм. Слетуваше на северен пол.
И ова не е точно. МиГ-25 е проектиран како пресретнувач не на мали авиони, односно фронтовски ловец, туку претежно на стратешки бомбардери од видот на Convair B-58 Hustler (http://en.wikipedia.org/wiki/B-58_Hustler), а за тоа брзината е клучна. Исто така бомбардирањата со МиГ-25 се правени од многу голема висина, така што авионот е успешен и во таа функциjа. На пример бугарските извидувачки верзии на МиГ-25 имале можност за бомбардирање на неподвижни и бавно подвижни цели од стратосферата до 20 километри висина.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
.....................На пример бугарските извидувачки верзии на МиГ-25 имале можност за бомбардирање на неподвижни и бавно подвижни цели од стратосферата до 20 километри висина.
molnja od vedro nebo...:) za kolku takvi si slusnal....,ako gi isklucime onie od legendite i bajkite???? :)
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
На пример бугарските извидувачки верзии на МиГ-25 имале можност за бомбардирање на неподвижни и бавно подвижни цели од стратосферата до 20 километри висина.
Не знам што да кажам...
Абе најјак авион на сите времиња...нема што...
Тој си е граден за специфичните советски потреби и како таков имал некоја вредност. Без навлегување во кој бил појак исток или запад, факт е дека авиони со такви карактеристики имало 20 години пред МиГ-25.
Пеесетите имало манија на проекти со мах 2+ и слични чуда...

Ако го праеле МиГ-25 за Б-58 бајаги закасниле...
Можда за Б-70 Валкири...
 
Du

Член од
26 октомври 2008
Мислења
176
Поени од реакции
4
molnja od vedro nebo...:) za kolku takvi si slusnal....,ako gi isklucime onie od legendite i bajkite???? :)
Молниjа за оние, за кои jугословенското ратно ваздухопловство е врвот на врвовите... :jaj: За сите други: Пеленг-ДМ.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom