Не бре! Никаде нереков идеален систем или општество, само ме интересира најпластично и лаички...најпросто објаснето во кратки црти како би изгледал идеалниот систем на Ајк. Дали ќе има парламент, избори, дали ќе има извршна власт, монетарен систем, војска....? Ме сваќаш нели?
По што би се разликувал од сегашниов и како би функционирал? Кој би биле придобивките од него?
П.С. Што е хоризонтална и вертикална хиерархија?
Што се однесува до системот, она што можев да го заклучам од читањето на писанијата Ајкови е дека во основата е директната демократија.
Не онаа “претствавничка“ и “застапничка“ која е во основата на денешниве бирократиско-паразитски системи каде имаме симнување на Курто за да јавне Мурто (како што и сам спомена) туку таква каде луѓето засегнати од одреден проблем решаваат за тој проблем.
Значи решавање на актуелни,реални проблеми на лице место од луѓето кои се засегнати од тоа.
Финансискиот систем исто така во зависност од местото, нема универзални решенија, но општо би било укинување на денешните декретни пари т.е. хартија без никаква вредност освен владин декрет произлезен од долг кон централна банка, странски кредитор, странска валута како гарант, разно-разни деривативи и сето она кое произлегува од тоа...
Дали на некои места најдобро решение ќе е “златна/сребрена“ валута, дали некаде “labor notes“ или некој трет начин на средства за размена, како што рековме зависи од место во место, бидејќи различни места имаат различна развиеност,инфраструктура,прихологија,ресурси,услови на живот,пазар итн.
Она што беше катастрофална грешка до сега на сите обиди за алтернатива беше тоа што се предвидуваше еден и единствен начин за цел свет без да се земе во предвид разликите.
За парламент и сето она кое доаѓа од наплата на даноци...ништо од тоа.
Во основата е преземање одговорност за самите себе а не потпирање на некаков лажен авторитет кој ќе те краде цел живот држејќи те во инфантилна состојба со илузии дека те штити од некоја си опасност.
Хоризонтален авторитет е оној кој го препознаваш доброволно,лично,затоа што ти сметаш дека некој е вреден во одредена област,работа и сам градиш однос кон него, во зависност од потреби,сколоности,ум,разум...
На пример ако се бавиш со фудбал за тебе бил авторитет што знам...Кантона да кажеме...
Или Ла Веј во случајов твој хахах
Или некој молер,бербер,водоводџија ју нејм ит, кој е познат во својата средина и е авторитет за одредена работа.
Некој е авторитет по прашањето на Стар ворс или слично...хахах......
Вертикален е оној кој по присила на закон мора да го слушаш, top-down, по пирамидална структура, без да имаш никаков избор околу тоа.
Образовниот систем,почитичари,бирократи кои мора да ти дозволат да се бавиш со нешто,религиозни организации (иако тука веќе донекаде рајата има избор)...широк спектар на паразити кои мора по дифолт да се над тебе без разлика на нивните квалитети (кои може и да не постојат)...во основа мора да прифатиш дека имаат моќ над тебе...а сето тоа е лага од која секогаш се изродува зло.