И што после тој колапс?!

Во пештери ли ќе живееме?! Некако многу матна претстава имам за тоа што воопшто замислува тој човек како прифатлив систем и општество.
--- надополнето ---
Ама Ајк не зборува за конкретни места и ситуации, туку за целиот свет, нели? Акцентот ставен на поединецот го имаат ставено и демократските земји, но општествата негледам како би функционирале во ситуација кога нема закони кој важат за сите....во ситуации кога секој може да прави што сака.
Фабрика или компанија која припаѓа на оние кој работат во неа пак мора да има правила, работно време, пазар на кој ќе се пласираат производите, валута или начин на кој ќе се наплати и вреднува трудот....итн, итн! Врти како ќе вртиш, правилата се неминовни....барем јас така гледам, и баш би сакал да видам алтернативен начин.
Пред некоја година гледав една замисла која се вика Венус проект, за општество во кое никој немора да работи, во кој технологијата заменува се, нема платежни средства, ниту политички систем. Замислата беше претставена на следниов начин: Наместо политички систем, општеството ќе го води супер вештачка интелегенција, ќе немало индивидуална сопственост, туку се ќе било колективно, и никој немало потреба да работи бидејќи технологијата ќе ја заменела човечката работна сила. Сето тоа беше претставено со изводливи и логични начини, но тоа што јас го гледам како проблем се состои во два дела! Прво, за мене е тотална лудост контролата на целокупниот општествен живот да се препушти на вештачка интелегенција и второ, ако никој нема потреба да твори, создава и да се бори за подобро утре, тогаш во што ќе ја најде смислата на своето постоење?