Баро не нарече Северна Македонија

  • Креатор на темата Princ
  • Време на започнување
Член од
19 февруари 2009
Мислења
250
Поени од реакции
19
ajde sega da ne se zamarame so zaveri i takvi raboti ...drugo mi bese poentata ... off topic sme ,uzivaj :smir:
ne be, nemat zaveri :pipi:

nitu imat plan za NWO od tvojata "titula", nitu pak Obama e necij sluga.

se se rozevo so sini naocari :pos2:

ne sme offtopik, ti ripna da gi branis A1, a jasno e deka e balon kaj sho A1 si ja igrat ulogata pettokolonashka :toe:

protest?
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Ова е последниот предлог на Нимиц што јас го знам (околу февруари 2008)

I - Овие Страни ја изразуваат желбата за решавање на разликите во врска со прашањето за „името“ во духот на добрососедските односи и пријателство, имајќи го предвид вишиот интерес за мир и безбедност, како помеѓу двете земји, така и во регионот;

II - Од Генералниот секретар на ООН се бара да ги изложи пред Советот за безбедност заклучоците на овие соговорници и да побара од Советот за безбедност да усвои резолуција со долунаведената цел во врска со резолуциите 845 (1993) и 817 (1993).

1. Се признава дека трите административни делови на Првата страна се викаат Источна Македонија, Централна Македонија и Западна Македонија и дека територијата на Првата страна опфаќа дел од историската Македонија.

2. Се признава дека уставното име на Втората страна е Република Македонија и дека територијата на Втората страна опфаќа дел од историската Македонија.

3. Покрај уставното име на Втората страна, името на Втората страна, кое се употребува меѓународно („Официјално меѓународно име“), како што се опишува подолу ќе биде: (види во анексот 1).

4. Официјалното меѓународно име ќе го замени „Поранешна Југословенска Република Македонија“, како официјално име на Втората страна во ООН автоматски, веднаш.

5. Официјалното меѓународно име ќе се употребува како име на Втората страна: а) во мултилатералните договори, спогодби и конвенции, б) пасоши и в) за пристапување и официјална употреба во меѓународни организации.

6. Се предлага официјалното меѓународно име да биде разгледано за употреба во други официјални меѓународни околности и во службена билатерална меѓународна употреба. Официјалното меѓународно име исто така може да се употребува таму каде што се смета за целисходно во скратени облици (акроним) во согласност со востановената пракса, која важи во кои било меѓународни организации и доследно со прифатената пракса што се применува генерално од државите, освен од тие што се споменуваат во параграфот 7.

7. Зборот „Македонија“ самиот по себе не ќе треба да се признава како официјално име, типично или атипично, за Втората страна, или како официјално име на која било друга држава.

8. Ниту една од државите сама по себе нема да има ексклузивни права, политички или економски, врз името „Македонија“, „Македонски“ или „Македонец“.

9. „Македонија“, „Македонец“ и „Македонски“ може да се употребуваат во економска смисла од двете Страни и од страна на граѓаните или организирани групи правно признати од двете Страни, но само според постојната меѓународна легислатива, врз база на договори и пракса што се однесуваат на употребата на географски имиња за економски или слична цел.

III - Секоја Страна строго ќе се придржува до условите на Непосредната спогодба од 13 септември 1995, освен до тие што се видоизменети подолу.

IV - Секоја од Страните отфрла секакви територијални претензии кон другата Страна и нема да поддржува каква било иредентистичка изјава на ниту еден официјален начин и ќе дејствува во правец на обесхрабрување на каков било сличен тврд радикализам, зашто се претполага дека ќе дејствуваат за сметка на или во интерес на таа Страна.

V - Страните ќе го изразуваат својот предлог за приближување на разговорите до степен на договор, било за заедничка декларација и ќе ја потврдат својата желба за зајакнување мирољубиви и блиски меѓусебни односи, да изразуваат меѓусебна почит на суверенитетот и територијалниот интегритет, културното наследство и да го потврдат својот придонес за тесна соработка за безбедносните прашања и економскиот развој, како и други прашања од заеднички интерес.

VI - Страните ќе го изразат својот предлог да почнат разговори за создавање една заедничка комисија, која ќе испитува и ќе дава сугестии во врска со прашања од културата и образованието, така што ќе доставуваат предлози до комисијата.

VII - Првата Страна ќе ги поддржува барањата на Втората страна под официјалното меѓународно име за прием во заедничките регионални и меѓународни организации, вклучително Европската Унија и Северноатлантскиот пакт.

VIII - Втората страна ќе бара од надлежните административни власти да го преиспитаат именувањето на националните аеродроми, имајќи ја предвид вознемиреноста (чувствителноста) на Првата страна.

IX - Втората страна ќе дејствува преку уставните процедури за спроведување на резолуцијата на Советот за безбедност, која се споменува во горенаведениот параграф 2, за да се обезбеди, според нејзината легислатива, прифаќање на официјалното меѓународно име за службена меѓународна употреба, како што се предвидува со резолуцијата на Советот за безбедност.


Колку што разбирам од ова, се откажуваме и ние и Грција од територијални претензии, не смееме ни ние ни Грција да го монополизираме името Македонија (може и тие и ние да ги користиме), за надворешна употреба во билатерлани односи и апликации до други држави ќе поднесуваме со новото име, треба да ги смениме пасошите, а внатрешно можеме да се викаме Македонци.

Поправи ме ако грешам.
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Колку што разбирам од ова, се откажуваме и ние и Грција од територијални претензии, не смееме ни ние ни Грција да го монополизираме името Македонија (може и тие и ние да ги користиме), за надворешна употреба во билатерлани односи и апликации до други држави ќе поднесуваме со новото име, треба да ги смениме пасошите, а внатрешно можеме да се викаме Македонци.

Поправи ме ако грешам.
Прво и основно - ова Грците го одбија! Официјално.

Имаи една проблематични работа - оде Македонец....

8. Ниту една од државите сама по себе нема да има ексклузивни права, политички или економски, врз името „Македонија“, „Македонски“ или „Македонец“.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
ФИРОМ,Северна Македонија,Ц.Гора,Србија...
Овој изгледа сакаше да ни покаже кое име подобро звучи.Или обичен лапсус лингва????
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
ne be, nemat zaveri :pipi:

nitu imat plan za NWO od tvojata "titula", nitu pak Obama e necij sluga.

se se rozevo so sini naocari :pos2:

ne sme offtopik, ti ripna da gi branis A1, a jasno e deka e balon kaj sho A1 si ja igrat ulogata pettokolonashka :toe:

protest?
srcka ,ti sakas da se zadevas so mene ? :)

ФИРОМ,Северна Македонија,Ц.Гора,Србија...
Овој изгледа сакаше да ни покаже кое име подобро звучи.Или обичен лапсус лингва????
lapsus e ..neli gledas kakov senilen starec e postaven na takva visoka funkcija(vtor covek vo evropskata komisija)
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Одмори се ближат, а Баро се изгреба за гратис одмор кај гејците.Ако се анализира ваквата изјава ќе се види дека е само уште една изјава од многуте пробни балони гледајќи ги актерите во оваа партија шах која треба да понуди некакво реми од наша страна. Ако францускиот топ кој денеска пукаше со ваквата изјава беше воден од тројанскиот коњ, тогаш веројатно сакале да не фатат на спиење. Впрочем тие и секогаш сакале да не фатат на спиење од фактот што поинаку и не можат да успеат во нивните намери. Меѓутоа, ако го оставиме директниот проблем со името, можно ли ова да значи еден вид ново алиби на ЕУ за недонесување на визна либерализација и да се развлече на неодредено време ослободувањето од шенген бариерата. Некако исто така пред Букурешт имавме слична ситуација, кога бевме сто проценти сигурни одеднаш се направи тоа што се направи, па испадна, вие сте спремни за во НАТО, ама нема НАТО. Се повеќе ме насочува да мислам дека и за визната либерализација се подготвува иста шема само со различен предлог. И после пак, вие сте подготвени, ама нема визно олеснување. Се плашам дека секој нареден чекор на Македонија ќе се движи кон тој правец. Оттука стратегијата на владата треба да започне со коплетно менување на курсот на приближување кон ЕУ и НАТО и разработување на стратегија на распаѓање на ЕУ. Да, да, стратегија која ќе има за цел свесно распаѓање на ЕУ колку и да звучи научна фантастика. Само распадната ЕУ нам ни гарантира зачувување на името. Тогаш пријателите не ќе имаат некаква си потреба заради некаква колегијалност или солидарност да не не поддржуваат. Ако некој мисли дека нешто ми фали, тогаш тој секако признава дека немаме избор. Секоја држава има стратегија, а Македонија е држава која својата стратегија треба да ја гради врз таа основа.
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
ФИРОМ,Северна Македонија,Ц.Гора,Србија...
Овој изгледа сакаше да ни покаже кое име подобро звучи.Или обичен лапсус лингва????
lapsus e ..neli gledas kakov senilen starec e postaven na takva visoka funkcija(vtor covek vo evropskata komisija)
Е како бе еднаш не направат лапсус и кажат Republic of Macedonia.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Ако Владава одма не реагира на овој "лапсус" тешко нас...
 
Член од
13 јуни 2008
Мислења
67
Поени од реакции
3
и сега ќе плачиме ако не нарекоа северна македонија
само се замарате со глупости
 
R

Reve0ke

Гостин
Прво шо знај баро за Македонија тој што се вика не знае кај се најдуваме на балканот па уште да не нарекува северна, а зошто грција не ја нарекол јужна Македонија бре баро бре.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Е како бе еднаш не направат лапсус и кажат Republic of Macedonia.
ako saka i 1000 evropski politicari neka kazat FYROM,Severna ,Gorna ,Dolna

Makeodnija ke si ostane Makedonija (sega ti kako sakas si go protolkuvaj ova :))
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
ako saka i 1000 evropski politicari neka kazat FYROM,Severna ,Gorna ,Dolna

Makeodnija ke si ostane Makedonija (sega ti kako sakas si go protolkuvaj ova :))
Се додека самите не си го спопикаме и си се наречеме како што тие сакаат.
 

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Sea kazaa na vesti, EU vika greska bilo ne rekol taka, a toa sto se slusa na snimkata vikaat nemalo vrska.
:salut:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom