AS: Рибери го одбра Реал Мадрид
Според шпанскиот весник AS Франк Рибери ќе биде првото големо засилување на Реал Мадрид за сезоната 2010-2011
За иднината на францускиот интернационалец долго време се шпекулира и самиот Рибери најави дека кон крајот на март ќе знае многу повеќе каде ќе настапува следната сезона.
Рибери е под договор со Баерн до 2011 и Баварците признаа дека ќе го продадат играчот ова лето доколку тој не го обнови договорот.
Во март двете страни ќе имаат серија на состаноци по што ќе се знае дали Рибери ќе ја продолжи верноста или пак по крајот на сезоната ќе ја напушти Алианц Арената.
AS повикувајќи се на свој блиски инсајдер во целата операција вели дека Рибери нема да го обнови договорот со Баерн Минхен со што автоматски ќе замине од Германија летоска.
Весникот вели дека за услугите на Французинот има неколку сериозни кандидати.
Последен во трката за потписот на Рибери се вклучил Сандро Росел, кој важи за фаворит на претседателските избори во Барселона за наследник на Лапорта.
Абрамович и Челзи се подготвени да одвојат големи финансиски средства исто како и Манчестер Сити, кој во Рибери гледа замена за Робињо.
Рибери е трансфер цел и на Јувентус, откако управата на Бјанконерите не е задоволна од начинот на кој Диего се прилагодува на фудбалот во Серија А.
Но AS вели дека обидите на сите овие екипи се залудни бидејќи Франк Рибери сака само преселба во Реал Мадрид.
Агентот на играчот, Алаин Миљачио дал збор на Флорентино Перез и Зинедин Зидан дека Рибери ќе се пресели на Бернабе.
Повредите на почетокот од сезоната врлиле сомнеж врз зделката но по последните перформанси на Рибери на дуелот со Хамбургер сето тоа е минато.