Катастрофа!!!!!
Вака не се освојува ЛШ бе, најлоша утакмица што ја имам гледано сезонава.
Значи само што помислив дека Пелегрини почнал да прави паметни одлуки ме разочара. Па се става ли Бензема у ваква ситуација бе?:uvo:
Многу многу критики.... прво одбраната... Марсело = дежа ву катастрофа у одбрана, Рамос невидено лош кога играше централно. Албиол и Арбелоа пак колку толку покриваа и изиграа солидно.
Мислев дека со кога го стави Гарај ќе биде подобро но напротив... сега немаше кој да прави продори, па Кака идеше до аут лево. Арбелоа супер беше како десен, лево ни еден асален продор немаше.
Средината без врска... Гранеро дефинитивно не е за големи натпревари, барем не сеуште, и тој како Марсело. Единствено позитивно е тоа што се бори. Чаби два паса перфектни, два преку трибина.
Мамаду најдобар денеска, може голот малку и на негов грб да иде, но не изгуби дуел.
Кака и Роналдо.... страшно!!!!! Манекенов пак почна со неговите атракции од кои една од десет е успешна. Кака, секоја чест за трудот, најмногу се залагаше и трчаше но не му иде на човекот, многу топки изгуби.
Игуаин тотално безопасен. Не доби многу топки но и тие што ги доби ги зезна. Бензема трчаше трчаше.... и толку.
И да... на утакмица на која губиш, сепак немаш директен ризик за испаѓање а ти е потребен гол.... го имаш Раул на клупа... и не го ставаш во игра?????
Уште еднаш ќе кажам... катастрофална игра... со оваа формација ништо не правиме... мора да се игра со двајца напаѓачи.