Реал го продаде Хунталар
Холандскиот напаѓач кој до вчера беше дел од тимот на Реал Мадрид во наредната сезона ќе игра за германскиот Штудгарт.
Веста беше потврдена од „Марка“ а со продажбата на „лалето“ кралевите ќе инкасираат 18 милиони евра а исто така имаат можност да добиат и останати два милиона на име бонуси.
25-годишниот стрелец на крај сепак се согласи да премине во редовите на Штудгарт и покрај тоа што сакаше да остане и да се бори за место во тимот на галактико. Продажбата на Хунталер беше приоритет во агендата на Флорентино Перез и тој се залагаше играчот да биде продаден во најкраток можен период.
Хунталер е третиот продаден играч на Реал ова лето откако пред него клубот го напуштија Савиола и Чави Гарсија, и двајцата заминаа во Бенфика.
Фала ти Хунти за се што направи во овој краток период за Реал Мадрид, и среќно во новиот клуб. :back: