bowl
.
- Член од
- 30 јануари 2007
- Мислења
- 8.344
- Поени од реакции
- 1.307
Пелегрини сака да игра со две крила и два напаѓачи, тоа што дојде Кака менува се. Свесен сум за се тоа.Ако ја следеше прес конференцијата на Пелегрини знаеш што кажа.
Сака да игра со два DM едниот покреативен од другиот, сака да користи две брзи крила и еден плејмејкер кој може да ја држи топката долго во свои нозе.
Тоа е 4-2-3-1 формација.
Рамос---Пепе--Гарај--Марсело
-------Ласс----Гаго-----------
Робен*-----Кака-------Роналдо
-----------Напаѓач
*или Рибери.
Како што гледаш активно барате напаѓач така што Игуаин не ви е планиран за прва постава.
Гути знаеше дека Рамос ќе си оди на крај на сезона затоа не правеше проблеми во соблекувалната.
Ако ги продадете Хунтелар, Снајдер, Ван Дер Варт, Ван Нистелрој, М. Диара, Дренте, Савиола, Гарсија тоа значи дека сте го продале целиот тим од оваа година и ќе треба да донесете исто толку играчи.
10 нови фудбалери во исто лето е рецепт за катастрофа.
Исто така ако не купите доволно играчи и планирате да играте со 11 играчи цела сезона и да немата солидна замена за 7-8 играчи од првата постава тогаш едвај чекам да дојде следното класико.
Мислам дека сте заглавени во гомна до гуша само што уште не сте свесни. Ама ај ја ке видиме што ќе се случи.
П.С.
Не го сваќајте постов како провокација или арогантост.
Ова е само мое мислење од поинаква перспектива од вашата.
Напаѓач бараме поради тоа што Игуаин не е машина цела сезона да ја игра, башка може да игра и како крило, и како полушпиц. Врвен напаѓач е надградба на цела напаѓачка линија, поготово Виља, кој рака на срце, е подобар напаѓач од Игуаин. Да си ги читал досегашните изјави на Валдано, во секоја спомнува дека Игуаин е битен дел од тимот и следната сезона ќе игра редновно. Башка млад играч е, нема сеуште право да се буни ако не игра редовно.
Незнам зошто воопшто дискутираме за Гути, од кога е во Реал нема првотимски статус, можеби ќе сврзе неколку утакмици ама неконстатноста и мрзата не му дозволуваат да биде првотимец на било кој клуб. И онака е подобар како замена, кога е изморен противничкиот среден ред.
Руд и Диара беа повредени скоро цела сезона, така да не се ни дел од ланскиов тим, и броевите им ги земаа. Савиола и Дренте речиси и да не играа, како и Хави Гарсија, вдВ не го ни сметам за битен дел од тимот. Хунтелар е напаѓач, за кој веќе донесовме замена во Негредо. Снајдер играше на позиција лево крило, на средина сме обезбедени така да ни он не е битен дел. Не го заборавај Гарај, доколку се ослободи простор и Гранеро ќе биде вратен, а тука е и Парехо кој во последната изјава на Валдано ќе блесне сезонава. Значи Реал има скоро 29 играчи, значи има простор за заминување. Башка уште не е почнат трансфер периодот, а веќе предвидувате катастрофа од калибар на Хирошима и Нагасаки.
пс: Ги купивме двајца од тројцата најдобри играчи во светот, и сме заглавени во гомна. Немој не ме радуј.