16,5 милиони евра, тендер, црква на плоштад

Дали сте за 16,5 милиони евра црква на плоштад во време на криза?

  • Да

    Гласови: 22 22,4%
  • Не

    Гласови: 63 64,3%
  • Не ме интересира искрено.

    Гласови: 13 13,3%

  • Вкупно гласачи
    98
Z

Zona Pelucida

Гостин
16 МИЛИОНИ ЕВРА????Глеам дека некој ќе си пресуди сам на себе на крајот,освен ако не се најде уште една Мара Бунева,имаат ли усул бе?Абе свеќи да си купат со тие пари.
 
Член од
30 март 2009
Мислења
418
Поени од реакции
27
Ova so crkvava ke ispadne kako so avtobusuve.Nie si ispotepavme za i protiv.A vsusnost oni ne lazele.Se e toa samo edna golema laga.Vazno e da se vrtat brojki i lopati .Realnosta osven eden premier koj ni lopata ne znae da drzi ,mnogu otvoreni dupki(temeli )i normalno partiskata svita.Samo treba da se veruva vo slikata .
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Не на Буџаку бе,на Камчевци е и таму требаше да се гради црквата,а не во она “гас место“.Инаку Камчевци се кумови со Мијалковци а овие пак брачеди со Грујовци.Камчевци се покрај се и сватови по ќерка на Трифуновци(поранешни градоначалници)..
Ти бе ... во матично да не работиш?:pos2:
 

GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
Татично работи :tv:
 

^^Smiley^^

Broo Tal Smy Lee
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.045
Поени од реакции
25
Однапред смислено сценарио само ради Гранит да не изгуби работа со тоа да не отпушти работници ради кризата, а и да лапне јака пара.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Однапред смислено сценарио само ради Гранит да не изгуби работа со тоа да не отпушти работници ради кризата, а и да лапне јака пара.
Абе да им ја напрам јас со тајфава за 5 милиони евра,ама ќе ме казни Господ за на онаа локација,ако ја сменат локацијата ќе напрајме “гајрет“.:toe:
 

^^Smiley^^

Broo Tal Smy Lee
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.045
Поени од реакции
25
Абе да им ја напрам јас со тајфава за 5 милиони евра,ама ќе ме казни Господ за на онаа локација,ако ја сменат локацијата ќе напрајме “гајрет“.:toe:
хахаха :) Ѕвер си нема што :)
 
Член од
27 мај 2008
Мислења
1.025
Поени од реакции
42
20 имаше за црквата
ама ај
нека си прат бајрам :vozbud:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
хахаха :) Ѕвер си нема што :)
Оти бе,секако ќе бидам ќар барем 100 000 евра.Абе со злато да ја опковаат,нема да вреди повеќе од 10 милиони евра,а не со камен.Овие стварно немале “периз“,со 16 милиони евра се гради нова грандиозна црква како Св.Софија во Истамбул,а не едно “црквиче“ како ова Св.Николче во Скопје.Прости им господе,не знаат што прават!:toe:
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Оти бе,секако ќе бидам ќар барем 100 000 евра.Абе со злато да ја опковаат,нема да вреди повеќе од 10 милиони евра,а не со камен.Овие стварно немале “периз“,со 16 милиони евра се гради нова грандиозна црква како Св.Софија во Истамбул,а не едно “црквиче“ како ова Св.Николче во Скопје.Прости им господе,не знаат што прават!:toe:
прости им господе иако знаат што прават парите у џеб!!!!:toe:

па французите велат нема правило без исклучок...и господ за вакви патриоти ке направи еден:toe:
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ова е вистинското нешто!
Заеби работни места ти реков ми рече...
Црква човече на 5 минути одење од големата соборна црква.
Моќ на избор. Еден ден одиш во една, друг ден во друга, 56-ти во 56-та...црква.
Е сега некој пак ќе се нафатира,ама ајде...
И нова зграда на уставен суд - 26 милиони евра.
Во новата зграда ќе царува правдата, во оваа старата духот на Лазо Колишевски ги плашел крлежите...
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
А каде ќе се гради споменикот на Александар Македонски?
 
B

Borg_Drone

Гостин
Поништен тендерот за изградба на црквата на плоштад

За државата биле премногу 16 милиони евра што ги понуди „Гранит“
Деспина Трајковска
Министерството за култура го поништи тендерот за изградба на црква на скопскиот плоштад поради превисоката цена. На тендерот единствено се јавил „Гранит“, кој понудил 16 милиони евра за изведба на објектот. Комисијата, информираа вчера од Министерството, експресно ја донела одлуката, откако по завчерашното отворање на понудите утврдила оти понудата на „Гранит“ ја надминала сумата утврдена со јавната набавка.

Колку е подготвено Министерството, односно Владата да издвои средства за изградба на планираниот импозантен верски објект, од Министерството, како и изминативе неколку месеци, не кажуваат. Вчера надлежните единствено рекоа дека тендерот се поништува, при што не информираа кога ќе се повтори и дали условите во него ќе останат непроменети или, пак, ќе претрпат корекции.

Од „Гранит“ кусо изјавија оти право на Комисијата е да го поништи тендерот, не сакајќи да коментираат за причините за таквата одлука. Потврдија и дека планираат да учествуваат и на повтореното објавување.

„‘Гранит‘ учествуваше и ќе учествува не само на овој, туку на сите тендери, сметајќи дека има капацитет да ја заврши работата. На тој начин се обезбедува работа за 2.500 вработени. Ние сме најголема и најквалитетна фирма, имаме механизација и квалитетна работна сила да одговориме на сите барања“, велат од „Гранит“.

ЛДП вчера обвини дека Владата го протежира „Гранит“, што било доволна причина Антикорупциската комисија да отвори досие за градежната компанија и за нејзините зделки со државните институции.

„Не сме против изградба на црквата, туку зошто да се трошат државни пари за таа намена и тоа во оваа економска ситуација. Проектот за црквата полека прераснува во корупциска афера. Доколку црквата на Костовски целосно можеше да се изгради за 3 милиони евра и таа на Гуштеров за 6 милиони евра, при што се користени енормни количества мермер, нејасно е како само за изградба на храмот на плоштадот се потребни 16 милиони евра“, рече Роза Топузовска-Каревска од ЛДП.

По случувањата со тендерот, реагираа и од опозиционата СДСМ, која е против изградба на какви било нови објекти на градскиот плоштад. „Имајќи го предвид и уставниот принцип за секуларност, ние сме против изградба на цркви со пари од државниот буџет. Во моменти на економска криза неопходно е овие пари да се пренаменат во стопанството, односно во субвенционирање на социјални продавници, нов пакет-мерки за оние кои секојдневно масовно остануваат без работа, како и за решавање на проблемот на млекарите од ‘Сведмилк‘“, порача вчера пратеничката Маринела Тушева.

Четирите градежни компании кои подигнаа тендерска документација, но не доставија понуда на тендерот, вчера останаа без коментар. Ниту „Маврово“, ниту „Бетон“ ниту, пак, двете првично заинтересирани странски фирми, немаа став околу тендерот. Така, останува нејасно зошто се откажале од трката за изградба на верскиот објект.

Упатените во изградбата на верски објекти и во употребата на специфични градежни материјали сметаат дека големата сума, што ја побарал изведувачот, е поради предвиденото вградување на скапиот и редок мариовски камен травертин, кој е планирано рачно да се вградува во фасадата. Неодамна, за „Утрински весник“, владини извори изјавија дека токму во изградбата на храмот најмногу ќе се користи травертин од македонските рудници. Камбаната најверојатно ќе се набави од Русија, а се' уште не е дефинирано од каков материјал ќе се изработуваат олтарот и фрескоживописот.

Оние кои го виделе архитектонското решение тврдат дека храмот ќе претставува спој на традицијата со модерното. Црквата ќе биде во облик на крст, со основа 25 на 25 метри и височина во рамки на дозволените димензии, а камбанаријата ќе биде висока 29 метри. Централниот влез ќе биде кај „Дал мет фу“, а олтарот ќе се постави во правец на Градскиот трговски центар. Црквата ќе има пет куполи, а најатрактивниот дел, тврдат наши извори, ќе биде камбанаријата која ќе има улога на кула, каде што по скали ќе можат да се искачуваат посетителите кои ќе сакаат центарот на Скопје да го гледаат од птичја перспектива. На фасадата на храмот ќе има и парчиња мозаик, а особено внимание ќе и' биде посветено на надворешната илуминација, која ќе ги менува боите.


Статијата е прочитана 704 пати.


http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=30FBDCF7055FFD41836EC638BE095082
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
209
Поени од реакции
9
Кремчињава скопски не го приметуваат објектот пред ГТЦ оти таму има убави патичиња, па трењерчиња шизички, па капчиња.
Тоа не гуши, тоа е кул, во градов се е на место, ама црквата никако.

Абе народот гласаше и сака да има црква и точка.
Скопските кремчиња се тие што си градат нов Дизниленд на просторот што им ги опкружува нивните омилени кафичи.

Фала Богу за српските колонизатори што направија плоштад, и за клетите комунисти што им го оставија празен, за да има каде татините синчиња денес да си ги изживуваат своите перверзии. Од мадињата на бикот, виснатите цицки на шмизлата, преку куќата на мајка Тереза до архитектонскиот чир за продажба на патики - се само грозотија до грозотија. Грозотија која веројатно им е пријатна и им одговара на класата раскалашени комуњарски синчиња кои секојдневно цицаат еспресо и скоч во околината, но никако не е одраз на потребите на мнозинството. Ќе оставите за идните генерации изградена изложба на една мизерија на духот каква што не постоела никогаш во историјата.

А најмизерно од се е кога распрдената разгаленост на комуњарските малолетни чеда кои безобзирно си го присвојуваат заедничкото наследство и си располагаат со него како приватен имот кој можат кога сакаат да го дрпнат и да си прават што си сакаат, кога таквото безобразие ни го продавате како патриотизам и (поголема богохулност од тоа нема) како христијанство.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom