ХААРП ја направи катастрофата во Јапонија?
На теоретичарите на завери, по стравотниот земјотрес и цунамито што минатата недела ја опустошија Јапонија, не им требаше многу да подигнат нов сомнеж дека зад тоа повторно стојат ТИЕ. Всушност, теориите како веќе да беа подготвени и само се чекаше да се потврдат. Катаклизмата што ѝ се случи на Јапонија беше потврда. Новата теорија на завера за несреќата што ѝ се случи на Земјата на изгрејсонцето како виновник го смета ХААРП, мистериозен проект што американската влада го реализира на Алјаска.
Што е ХААРП?
„Хај фриквенси актив аурорал рисрч програм“ (ХААРП), проект што американската влада го спроведува на Алјаска, а служи за подобрување на својствата на јоносферата и има за цел да ја олесни комуникацијата помеѓу сателитите. Сепак, група сериозни научници веруваат дека станува збор за централа што служи за контролирање на климатските услови на Земјата. На опасноста од САД, ХААРП и неговата улога во сето ова што се случува последниве децении на план на климатските промени, предупредуваа многу научници и јавни личности.
Освен оние што веруваат дека со нашите животи си играат подземни сенки што имаат големи експерименти со вонземјани длабоко скриени во земјата, сè повеќе ги има оние што веруваат во оваа сериозна закана. Претседателот на Венецуела години наназад предупредува за тоа, а минатата година опасност од големи катастрофи во Јапонија предупреди и Бенџамин Фулфорд, новинар кој работи во Јапонија.
Теориите на завера за земјотресот во Јапонија
Фулфорд уште минатата година предупреди на катастрофата што оваа година ѝ се случи на Јапонија. Освен земјотресот и цунамито во Јапонија, ХААРП е обвинет и за поплавата во Австралија, како и за ерупцијата на вулканот за Исланд. Кога станува збор за Јапонија, Фулфорд тврди дека зад сето ова стои одбивањето на јапонските власти да ја предадат својата земја во рацете на ТАЈНАТА ВЛАДА, која управува со нашата планета.
Оваа ТАЈНА ВЛАДА, според мислењето на оние што веруваат дека вистината е таму некаде, на Јапонија ѝ се заканува последниве четири години. Првото предупредување беше земјотресот во близина на Нигата во 2007 година, што исто така имаше епицентар близу една нуклеарна електрана. Бидејќи по четири години Јапонците и понатаму не потпаднале под влијанието на „новиот светски поредок“, донесена е одлука со која нивното издавање ќе се забрза. Како средство за тоа ја избрале големата природна катастрофа што на прв поглед никому не би му изгледало необично, затоа што Јапонија секогаш ја потресуваат земјотреси. Земјотрес со неверојатна јачина бил најдобар избор, а цунамито и проблемите со радијација од уништените нуклеарки – корисна колатерална штета.
Дали ХААРП е виновен за земјотресот?
Како сите теории на завера, така и оваа треба да се сфати со резерва. Секогаш постојат прашања што заверата ќе ја донесат до ново ниво на сомнеж. Дали теориите на завера постојат за вниманието на јавноста да се пренасочи на некои други работи што ни се случуваат пред очите. Се вели дека најдобар начин да измамите некого е да му кажете половина лага. Вистина толку наивна што мора да звучи како лага.
Бројот на жртви ја надмина бројката од 10.000 жртви, а каков ефект ќе има зрачењето врз Јапонците ќе видиме наскоро. Во целата завера и мозаикот од неверојатни сомнежи и факти за неверување, постои една вистина што е поткрепена со уверувањата на Фулфорд и можеби навистина ќе ве натера да се запрашате дали ХААРП е одговорен за земјотресот? На една од фотографиите ќе забележите чудни облаци, што се типичен доказ дека ХААРП е виновник, забележани се и сега и во земјотресот од 2007 година. Ноќта на деветти март (две дена пред земјотресот), централата по повеќе од десет дена неактивност почнала повторно да работи и испратила незамисливо количество на електромагнетни бранови. Ова се сигурни податоци, а што е сигурна вистина останува да видиме.
http://fun.mnogoo.mk/mk/articles/Tehnologija/sad-ova-i-go-napravi-namerno-na-japonija