Како што за ТВ служат и многу други работи...е сега читај малку, истражувај...
Проектот ХААРП (High-Frequency Active Auroral Research Project)
Правилна примена може да му донесе благодети на човештвото од доменот на климатологијата, комуникациите и екологијата, но од друга страна пак, со нехумана примена на неговите потенцијали, со влијанија во јоносферата, предизвикување на деструкција во биосферата и контрола на човештвото. Од тие причини, а пред сè за избегнување на евентуална нехумана примена на проектот, во светот се развиваат и други слични проекти, како што е проектот развиен од научната асоцијација ЕИСЦАТ во Норвешка.
Проектот ХААРП претставува мноштво на радиотрансмитери со огромна моќност и инструменти за детекција. Поточно, се состои од преку 180 антени сместени на неколку хектари. Проектиран е со цел да се проучува феноменот на поларната светлина и развој на телекомуникациските капацитети.
ХААРП се наоѓа во близина на Геконе. Тоа е една зафрлена област на Алјаска. Овие моќни трансмитери секојдневно, во континуитет, емитираат во јоносферата преку
3.000.000 вати, користејќи 6 генератори со јачина од 3,6 илјади коњски сили. Сепак, пулсната енергија која ја емитира ХААРП може да биде и десетина илјади пати појака.
Творец на ова чудо е
д-р Бертран Истлунд од Колумбија Универзитетот, а првиот изграден грејач на Алјаска е испробан уште во 1996 година, и тоа многу успешно, на моќност од околу
20 милијарди вати. Секоја година во просек се трошат околу 20 милијарди долари за усовршување на системот ХААРП.
Овој систем има повеќенаменски функции и може да се користи на повеќе полиња кои се во функција на развојот на научно-технолошките достигнувања.
Тој овозможува комуницирање со подморниците во големите длабочини на океаните, со употреба на екстремно ниски фреквенции. На ист начин се пробива и до најдлабоките слоеви на земјата, проучавајќи го нејзиниот геолошки состав. Овозможува заштита и рано предупредување од приближување на небески тела, проектили и сл. Лоцирање на авиони и сателити. Контрола на комуникациските системи, па и на комуникациите над цели подрачја. Исто така, овозможува и менување на хемиската структура на повисоките слоеви на атмосферата, што помага во преземање на превентивни мерки и ублажување на силата на природните феномени (урагани, тајфуни и сл.)
Емитирањето на сигналот во високите слоеви на атмосферата на висина од 100 км до 350 км, предизвикува апсорпција на истиот од јоносферата. Тоа е и причина за благо загревања на јоносферата на местото каде е насочен сигналот. Од ова може да се заклучи дека ХААРП, покрај другото, претставува и огромна греалица на јоносферата, но нејзиното загревање на северните широчини има чуден ефект. За разлика од ниските слоеви , во слоевите на големите висини постои природен проток на електрична енергија низ јоносферата, кој се поврзува со појавата на спектакул¬арната поларна светлина – (аурора бореалис). Со загревањето се менува проводливоста на јоносферата и се влијае на нејзиниот природен проток на електрична енергија. На тој начин ХААРП може наједноставно да се опише како прекинувач на атмосферскиот електрицитет. Тој, покрај другото, овозможува менување и модулирање на опсегот на нискофреквентни радиобранови, кои ги емитува јоносферата. Загреаниот дел од јоносферата, исто така, претставува џиновски, екстра нискофреквентен радиотрансмитер. Екстра нискофреквентните радиобранови имаат својство да продрат буквално низ секоја материја. Нормалните радио бранови не можат да продрат низ големите длабочини на океаните, но екстра нискофреквентните радиобранови можат. Наскоро радиопредавателот на овие бранови ќе стане единствено средство на комуникација на нуклеарните подморници.
Тие, исто така, продираат далеку подлабоко во земјата и во карпите. Георадарот за истражување на тлото е со ограничени можности во однос на овие бранови кои можат да продрат длабоко под земјината кора. Исто така, ХААРП може да ја санира и озонската обвивка И да ги смали озонските дупки. Покрај другото, може да ги отстрани загадувањата со јаглерод диоксид и со јаглерод моноксидот во атмосферата.
Сепак, научниците во светот предупредуваат дека ХААРП би требало попретпазливо да се употребува. Од аспект на неговите можности, има една причина за загриженост. Загревањето се врши со лансирање на контролирани млазови на електрони на метата со брзина на суперсоничен авион. Електроните ги апсорбираат пониските атмосферски слоеви, но на повисоките, млазот се распространува на стотини километри во круг.
ХААРП може да се користи и за влијание на климатските услови. Ефектот на загревање се користи за крајно суптилна промена на воздушните струи, и да создаде масивни, кумулативни метеоролошки ефекти над одредено подрачје.
Но, и покрај позитивните ефекти на проектот ХААРП, научниците во светот посочуваат и на некои негативни ефекти и можна злоупотреба на самиот проект ХААРП. Програмирање на климата во поедини делови од светот во воени и политички цели и предизвикување на земјотреси се најлошите сценарија до кои може да дојде со употребата од ефектите на проектот ХААРП. Но сепак, најневеројатните сценарија се контрола на менталните функциии и реакции на милиони луѓе, како и манипулирање со нивното здравје и биолошките процеси на Земјата.
Францускиот научник д-р Шарл Лавердир, физичар на Институтот во Сент Етјен, се фокусира на таканаречените "биоефекти на проектот ХААРП". Според него, екстра нискофреквентните радиобранови се на фреквенција која е многу блиска со природната фреквенција на мозочните бранови кај луѓето. Можноста тие бранови да се користат за контрола на човечкиот ум, ХААРП го ставаат на прво место на потенцијалните трансмитери на радиобранови за масовна контрола на човештвото.
Последиците пак од долготрајната изложеност на луѓето на електромагнетно зрачење, доведуваат до појава на замор, нервоза, губиток на памтење, предизвикува катаракта, леукемија, вродени деформитети, рак и промени во мозокот.
Екстремно ниските фреквенции (до 10 херци), можат да се употребат за манипулација и рушење на менталните процеси и контрола на населението на далечина. Човечкиот мозок произведува електрични бранови чија фреквенција се движи помеѓу 0.5 и 25 херци. Таканаречените алфа, бета, делта и тета фреквенции, се поврзани со состојбите на човечката свест. Концентрирана пулсна енергија може да го промени однесувањето на човекот. За да се емитираат радиобранови со многу ниска фреквенција, од околу 8 херци, би била потребна антена со должина од околу
20 000 километри. На тој начин, тоа е невозможно, но доколку линиите на земјиното магнетно поле се искористат како виртуелни антени, со ХААРП и тоа станува возможно!
Слично на проектот ХААРП, во Норвешка е развиен проект од научната асоцијација ЕИСЦАТ, која исто така управува со постројка за загревање на јоносферата, која се наоѓа во близина на градот Тромс. Цел на овој проект е проучување на интеракцијата помеѓу Сонцето и Земјата, со следење на промените во горните слоеви на атмосферата, предизвикани од соларните активности. Таа технологија може да се употреби во исти цели како и ХААРП. Занимливо е тоа што проектот на ЕИСЦАТ не привлече толкаво внимание колку проектот ХААРП.
Да се надеваме дека овие проекти сепак ќе се користат пред сè за заштита на човековата средина, преку санација на озонските дупки и чистењето на атмосферата од јаглерод моноксид и јаглерод диоксид, за превентивно делување и спречување на природни катастрофи и научно-технолошки развој на човештвото, од доменот на комуникациите и користењето на атмосферската енергија.