Финансирајте го нашето пропаѓање!!!

Поради вас, ние останатите мораме вака :kesa: да одиме по светот.
Се лутиш на мене, а на владата кога ти ја продаде окта на грците не се лутеше? Сега секојдневно и јас и ти даваме по минимум 200 ден за бензин на грците! Или си некое од тие партиските обоени човечиња и ти го програмираат мозокот?
@ ohridmkd - не метам граница, ниту некогаш сум метел, луѓето што сум ги сретнал во Грција се претежно луѓе кои се бават со туризам и биле многу фини со мене и никогаш не ми рекле ФИРОМ туку напротив многу од нив велеле и тоа е Македонија и ова е Македонија, што е и нормално бидејќи зависат од туристите!
Додека пак доколку одиш на островите доле луѓето таму воопшто не се замараат и не ги интересира Македонија.
Се додека имам убаво искуство со посетите на Грција, ќе одам таму и ќе ги трошам парите, кога тоа ќе се смени тогаш ќе престанам да одам. Ако сакаш можеш слободно да дојдеш со мене во Грција да видиш што значи туризам и гостопримство и покрај тоа што станува збор за 2 различни народа со различен јазик чии држави имаат отворен политички спор, па потоа да им го пренесеш тоа на твоите сограѓани - мои сонародници кои немаат допирна точка со тие 2 термина. Пукаат цени за катастрофални сместувања, 3 пати ми ја имаат оштетено колата само затоа што е Ск таблици, ако можат да те украдат некако тоа ќе го направат со огромно задоволство, угостителство катастрофа, плажи катастрофа, а свесни се дека ако не се скопјанишчана нема да имаат леб да јадат зимоска.