Оваа теза секаде во светот и во науката е одфрлена, освен во Србија. Ако ги погледнеш настаните на Балканот и на распадот на Југославија ќе видиш, дека САД, тогашната ЕУ и нивните членки Франција, Британија и Германија се залагаа Југославија да остане една држава. Имаше дипломатска офанзива посебно ко почна војната во Словенија, а ЈНА која беше под Српско водство, ја почна таа војна. Тогаш имаше еден договор во Бриони, да прекине војната во Словенија и да има внатрешни преговори за иднината на Југославија. Западот со САД и Германија беа за цела Југославија. Но, српските активности посебно во Хрваткса продолжија и тогаш прва Германија се закануваше дека ако не запре ЈНА со активностите и помошта на босанско-српските сепаратисти ќе земе во предвид, да ги признае Словенија и Хрватска. Со тоа сакаше да го интернационализира конфликтот и да ја натера Србија да прекине со дејствата во Хрватска. Но, Србија продолжи и кон крајот на 1991 ги освој Славонија и Крајина, значи териториите каде живееја Срби. ПОСЛЕ тоа Германија ги призна Словенија и Хрватска на 23. Декември 1991, ама тоа де факто ништо не смени пошто Србија и ЈНА ги освоија хрватските територии и прекинаа со војните активности.
Значи, Германија имаше улога во признавајнето на Словенија и Хрватска, но за ратот и разпадод на Југославија најголема вина носи Србија, а не Германија.