Two and a Half Men

  • Креатор на темата Креатор на темата bballfan
  • Време на започнување Време на започнување
Еиии многу досадна серија, бетер од HIMYM.
порано ја гледав толку колку да ме предизвика да седнам се да испосимињам, али нажалост тоа не се случи.
не ми се допаѓа концептот, двајца мажи + дете, живеат заедно, едниов е ебачиште, другиов папак, а синот бељаџија.

неинтересна и некул серија.... а притоа и лош избор на актери.

Сосема спротивно од овој пост.Една од најинтересните серии ми е досега.Ги изгледав 5те сезони сега чекам да ми ја донесат и 6та .
Актерите ми се супер,баш го сакам Чарли,а и Џејк ми е ептен смешен.Ален и Роуз ме нервираат како карактери,овој е ептен лигле а оваа па манијак,ама добро ете некој ги сака и нив :)
 
I love it!
Чарли има толку супер реплики.Закон лик е!!
 
Можеби најдобрата серија што ја имам гледано

Туку сакав да прашам дали има само 7 сезони?
 
Која сезона е моментално на а1?
И ако може линкови/торенти за даунлоуд на ПП, пошто а1 се кретени и нема да ги дадат другине сезони, а баш е интересна:pipi:
 
Досега се 7 сезони, инаку јас од замунда ги симнав сите :) И да, многу се забегани :)
 
Можеби најдобрата серија што ја имам гледано

Туку сакав да прашам дали има само 7 сезони?

До сега се искочени седум сезони а Чарли Шин после куп глупости потпиша за уште две сезони така да ќе биде смеење.
 
Сосема спротивно од овој пост.Една од најинтересните серии ми е досега.Ги изгледав 5те сезони сега чекам да ми ја донесат и 6та .
Актерите ми се супер,баш го сакам Чарли,а и Џејк ми е ептен смешен.Ален и Роуз ме нервираат како карактери,овој е ептен лигле а оваа па манијак,ама добро ете некој ги сака и нив :)
џејк додека е помал е интересен ама во 6-та а посебно во 7-ма сезона станува ногу досаден(барем според мене) и многу помалку е застапен во филмот
 
Топ серија,сите пам досада летово,добар е хуморот.
 
Некој да пушти торент/и за сите сезони, најдов еден на пиратот ама мн слабо се симнува, догодина може ќе биде.
 
И оваа денес продолжувала со новата, 8ма сезона.

Многу ми недостигала ваљда, на глас се смеев, што не се случува многу. Значи вреди серијава, штом успеала до 8 сезони да држи квалитет и оригиналност.
 
Закон...ја гледав цело лето на А1....абе лудница,Џек е топ!:vozbud:
 
И оваа денес продолжувала со новата, 8ма сезона.

Многу ми недостигала ваљда, на глас се смеев, што не се случува многу. Значи вреди серијава, штом успеала до 8 сезони да држи квалитет и оригиналност.

Серијата е ремек дело ама среќа што успеаа Чарли Шин да го вратат на нозе после alchocol and drogs rexab :pos2: Без него серијата не е ништо освен обична глупост.
BTW стартот на 8ма сезона беше стварно јак!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom