Пато единствено зимско засилување
Потпретседателот на Милан, Адријано Галијани за италијанските медиуми изјави дека младиот Бразилец, Пато ќе биде единственото засилување во нападот во зимскиот преоден рок.
"Немаме намера да купуваме други напаѓачи бидејќи во јануари ни доаѓа Пато. Разговарав со тренерите и тие ми рекоа дека момчето работи одлично и дека е подготвен да му се приклучи на тимот. Факт е дека конкуренцијата со Инзаги, Џилардино па и Роналдо, кој наскоро се враќа ќе биде голема, но останува на Пато да му се наметне на тренерот. Мислам дека неговите години не се недостаток туку напротив", рече Галијани.
Вториот човек во клубот напомена дека концепцијата на играта ќе биде со двајца напаѓачи во стартната постава.
Инаку Милан со младиот напаѓач на бразилскиот Интернасионал потпиша договор уште летово, но трансферот практично треба да се реализира во јануари