Милан ќе се жали на одлуката за Дида
Челниците на Милан, најавија жалба на одлуката на Дисциплинската комисија на УЕФА, со која голманот на "росоњерите", Нелсон Дида, е казнет со два меча суспензија бидејќи одглумил тешка повреда, по контактот со еден од навивачите на Селтик. Бразилецот доколку нема никакви промени, ќе ги пропушти дуелите со Шахтјор од Доњецк, во 3 и 4 коло од натпреварите по групи во Лигата на шампиони. Адвокатот на актуелниот првак на Европа, Леандро Канатамеса, изјави дека казната е апсурдна и во насјскоро можно време тимот ќе вложи жалба.
Следниот меч, во Лигата на шампионите против Шахтјор, Милан го игра веќе на 23 октомври, па жалбата ќе мора во брзо време да биде вложена, за Дисциплинсакта комисија на УЕФА да има време за нејзино разгледување.