Angels & Demons

  • Креатор на темата Креатор на темата Bops
  • Време на започнување Време на започнување

Bops

Челзијаш
Член од
29 април 2009
Мислења
15
Поени од реакции
0
Вчера го гледав филмот на кино(безвезе)-снимка и со батал превод. Да не знаев англиски ќе си пукнев од мака бидејќи го чекав со нетрпение. Според мене доста тежок филм за гледање, кој може да биде уште подобар од ‘‘Кодот на Да Винчи‘‘. Ме интересира ваше мислење за овој филм, дали и вас ви се допадна (доколку сте го гледале) и што мислите за илуминатите (дали постојат или не и ако постојат зошто се тие тука). Како и да е, ремек дело, повторно со Том Хенкс во главна улога (сигурно се сеќавате на професроот Ленгдон од ‘‘Кодот на Да Винчи‘)., филм за кој со нетрпение чекам да излезе подобра верзија на пазарот па да се гледа со сите ‘‘нишани‘‘. Еве линк од трејлери од истиот:
Штета што никогаш не сум дошол до прилика да ја прочитам книгата.
Едноставно, се работи за must-see филм.
 
Абе у принцип Том Хенкс е глумчиште и нема промашен филм ,барем ја така мислам.. За книгите и ја ги немам читано и не можам да кажам ништо повеке.Првиот дел т.е Кодот на Да Винчи мене ми беше интересен трилер иако мн го критиккуваа излеа очекувале чуда :).
За овој Ангели и ДЕмони ке почекам уште некоја надела да дојде на малце подобра копија..па после ке кажам што мислам .
 
Не сум го гледал филмот ама сум ја прочитал книгата. Ептен убава приказна, неизвесна до самиот крај.
 
Поголемо разочарување од филм не сум имала.
Ја имам прочитано книгата неколку пати(зашо стварно многу ми се свиѓаше), и очекував филмот да биде ремек дело.
Но многу од ликовите што се во книгата и многу од настаните ги нема во филмот, прикажани се само главните работи. Во скратена верзија.
Не се прикажува зашто свештеникот го прави сето тоа, ја нема љубовната приказна, го нема директорот на ЦЕРН, воопшто не покажуваат дека Ленгтон оди во ЦЕРН туку ја скратиле верзијата..
Не покажуваат дека антиматеријата е тајно направена, туку сите научници знаеа..
Ги нема новинарите да снимаат насекаде..
Лошо направен филм на толку преубава книга..
Навистина можеле повеќе.

И не верувам дека илуминатите постојат сега, барем не онака како што постоеле во времето на Галилео Галилеј.

Толку го чекав филмов, ама ништо..
 
Тркнете до Рамстор и погледнете го асално филмот.
 
go simnav filmov ali zvukot bese shit,a aslen prevod ne najdov i zatoa ne go gledav.
ako ima nekoj simnato dobar prevod neka pise tuka.
 
Абе почекајте малце да дојде на подобра копија ...Вака и да е добар филмот нема да ви се свига поради лошата слика и лошиот тон..
Што толку се брзате??
 
Јас ја немам читано книгата, ама филмот едвај чекам да излезе а подобра снимка за да го гледам. А да не знае некој кога треба да ја има својата премиењра филмов.
 
Задоволен сум. Незнам што и колку очекувавте, мене лично ми се допадна.
 
Книгата уште лани ја прочитав и стварно е многу добра, а за филмов уште не можам да кажам.
Да не знае некој од кога до кога се прикажува во кино Рамстор, колку е билетот и уште некоја информација...?
 
Јас уште го немам гледано., ќе го чекам на HD кога ќе излезе, вака и да е добар филмот нема да ми направи мерак ако го гледам на кино снимка.
 
Прво ќе ја прочитам книгата. Па после ќе го погледнам филмот. Хенкс е закон глумец. Нема промашена улога. Околу кодот на да винчи...додека ја читав не можев да ја остаам од преголема возбуденост и неизвесост. Коа го гледав филмот ми беше ко да гледам сосема обичен филм. Уште еден доказ дека книгата е пошмек од отпосле направен филм според неа.
 
Филмов го изгледав пред пола час и стварно филмов е катастрофа-книгата ми е прочитана 2 пати(повеќе ми се допадна од Кодот на Да Винчи) и со душа го чекав филмов од кога најавија дека се снима.
Освен Том Хенкс глумците не ми се допаднаа а и доста ликови беа изоставени.Колер(директорот на ЦЕРН)ми се допадна како лик а во филмов го нема воопшто.Штета,со ваква приказна можеле да направат мноооогу подобар филм...
 
Книгата ја имам одамна прочитано и ме фасцинира, Ден Браун е генијалец во буквална смисла на зборот. Интересна, несекојдневна приказна, исполнета со многу поучни и возбудливи делови.
Филмот се уште го немам изгледано, или ќе одам во Рамстор, или пак ќе чекам добра снимка за даунлоадирање.
Нека не се изненади некој ако филмот не го исполни она што го очекува, а претходно ја има прочитано книгата, тоа е доста нормално. Како што кажа Шмекерот подобро и попаметно е првин да се прочита книгата за да можете вистински да се внесете во приказната.
Нема ништо да коментирам додека не го гледам филмот, само ќе кажам дека едвај чекам да го видам Хенкс и во оваа приказна и ништо не може да ми го промени ставот дека глумецов не е на место :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom