- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.308
Моето размислување е факт за мојата перцепција и суд.
Моето размислување е факт поради тоа што конфликтот и судот "постојат речиси од почетокот на човештвото."
Ама си љутко... ти цитрам дел кој е најбитен, да не личи темава на кој има повеќе време и кој може повеќе да напише. Така те цитирам пак, и во тој правец и ќе ти реплицирам.
Целата дискусија на темата со сите учесници во неа се темели на едноставното сфаќање на работите и погледот на свет кои се два спротиставени. Едната страна која мене ми е поблиска, а вели дека нашиот живот не е нормално да се базира на вечна борба со себе, околината и светот и другата страна која вели дека конфликтот, односно дуелот по секоја основа е во ред. Мислам дека ќе се сложиш со ова.
Ќе се обидам барем малку да останам на темата. Твојот став, суди за да не ти пресудат не можам да го прифатам. Постојат многу лоши работи кои ќе не повредат и ќе не боли. Истовремено, постојат и пар нешта кои ќе не направат среќни. Човек само треба да одлучи дали ќе падне во вечна агонија и ќе цмиздри дека животот е тежок и лош, дека нема правда, па оние по смелите ќе речат “ќе се борам, со сите средства, до последната капка крв“ и ќе бидат оправдани бидејќи реалноста е таква, или да одлучи да се посвети на убавите нешта кои мора да постојат паралелно, па дури и да не сакаме. Јас се одлучувам да се посветам на нив, и токму оние кои за тебе и оние кои се служуваат со тебе делуваат нереални, луди и будалести. Дали сум во право не знам, дали си ти во право, исто толку се сомневам, но во никој случај нема да се откажам од она што мислам дека е вистинска вредност во животот. Почит, ведрина, алтруизам до мера до каде ми дозволува духот, верба во оние кои ми се блиски и ги сакам, и љубов, во вистинска смисла на зборот, за која нема дефиниција и не се учи. А по тој систем, егото е во аут, конфликтот на минимум, и злобата подалеку.
Е тука е бош коцката, во моите слики има фаза на топење.Лејди Сатори напиша:Ние?
Последниот пат кога проверив немаше инкорпорација на телото на Разиел во моето толку голема за да дојде до фаза на топење.
Реков ВИЕ, бидејќи ве цитирав заедно, како заеднички став. Ја сфаќам поентата, и ја очекував.
Околностите секако делуваат за инспирацијата, но пресудно за доброто дело е љубовта кон уметноста која ја практикуваш. Посветеноста на работата, секојдневното вежбање и усовршување, талентот кој се развива се пресудни за делото. Кочо Рацин не ја запалил свеќата да чита бидејќи конфликтната ситуација на немање струја го натерала на тоа. Го направил од љубов кон поезијата. Никола Тесла не се преселил во Америка бидејќи во Југославија го тепала баба му, туку од желба за работа и љубов кон тоа што му се допаѓа. И двајцата можеле да си седат у мрак како милиони други деца кои имале проблем со околината.Лејди Сатори напиша:А Да Винчи, Мона Лиза ја создавал со Медичите над неговата глава, а не биле нешто посебно мирољубиво семејство, да не дебатираме за Галилео, Микеланџело, Брунелески или Ботичели, сите работеле за истата крвничка фамилија која што создала свет на спротивности.
Тоа е муабет на место и на самава тема. Нашата нормална инстинктивна реакција, во која не вложуваме речиси воопшто труд не тера да мислиме дека е во ред да застанеме и да пресудиме. Закржлавеноста на човечкиот мозок е евидентна. Светот нема прогрес, напротив, само премногу играчки за уште поголем регрес. Човечкиот развој не оди напред бидејќи токму тоа мислам дека е проблемот. Развојот треба да биде на духовно ниво, не на материјално. Па ништо не значи ако имаме хрпа пари и секој ден се` повеќе и повеќе, кога поинтересно ни е да седнеме и да џагориме за други и кон други, отколку да работиме на себе и свој емотивен раст. Кога би вложиле трошка повеќе мозочен труд, кога би се напрегнале, би било подобро, и тогаш самата реченица нема да може да почне со “кога сме нападнати...“Филозофка напиша:Акција - Реакција
Напад - Одбрана
На ова алудирав кога објснував дека природата на Егото е од чисто инстинктивна природа или барем јас така ја разбирам. Кога сме нападнати било вербало физички или било на каков начин наша нормална инстинктивна реакција во која што имаме вложено минимален мозочен труд временски ограничен ќе вроди плод со наша конкретна реакција.
