Секогаш другите. А, ти?

  • Креатор на темата Креатор на темата ada
  • Време на започнување Време на започнување
Кај другиот ги бараш маните што ги препознаваш на себе. Факт.
Ако си дебела, се споредуваш со соговорникот, да не е подебел случајно.. Ако имаш голем нос, прво тоа ќе забележиш кај другиот, и така натаму...
Работите што ти пречат кај себе, ти пречат и кај другиот.
Чист пример; We all know, it takes two to tango... После долг, исцрпувачки муабет, полемизирање од добар пола саат без некој позначаен напредок ќе ти кажат Инат си значи! Тебе човек неможе да те разубеди, и мора да биде по твое!
Oh, wait...
Не ме убедуваше ти досега во нешто? Или само јас ти водев инат, ти мене не, м? :)
Најчесто луѓето што се поставуваат толку омнипотентно и што имаат толку изострени сетила да ти ги пронајдат сите мани, се оние кои имаат најголеми проблеми со самодовербата... Се додека се прифаќаш таков каков што си, си ги знаеш добрите и лошите страни, ќе знаеш и дека никој не е совршен, и дека секој си се бори со своите демони, и аналогно на тоа ќе имаш повеќе разбирање кон маните на луѓето и нема толку да ги забележуваш :)
 
Дали се другите или си ти одредува состојбата во која си.
Во сон(како што се 99% од луѓево) нормално е да се
секогаш другите. Може некогаш во луцидна состојба
на некој ќе му мине некој флеш пред очите.
Ама што џабе, после 5 мин. пак длабок сон.
Луѓето се плашат да бидат будни, од таму е и
шизофренијата.....која и не е толку страшна работа.
Повеќе е глумење лудило, патем и стварно лудило
не постои тоа е илузија ама тоа е друга прича.
Се прашувам што му се случило на човечкиот род...
Што ли гадови го дотераа до овој стадиум?
И да :) секогаш се другите, кој друг би бил?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom