M
marsovka
Гостин
Шенгенскиот ѕид конечно паѓа
Македонија е единствената земја од Западен Балкан што ги исполни сите критериуми за укинување на шенгенскиот визен режим за своите граѓани, заклучила Европската комисија завчера при проценувањето на условите од патоказот за визната либерализација. Оценките на Европската комисија се интерен документ, но не се препорака и не се за јавност. Одлуката за која земја да се препорача укинување на визите ќе ја донесат министрите за правда и внатрешни работи на сите земји-членки, кои ќе се состанат в понеделник попладне.
Наредниот ден, на 26 мај, еврокомесарот за правда и внатрешни работи Жак Баро во Брисел треба да го информира министерот за надворешни работи Антонио Милошоски дали Македонија ќе биде единствената земја или укинување на визите ќе се предложи и за Србија и за Црна Гора. Заменик-шефот на чешката дипломатија Јан Појар веќе изјави дека документот има стотина страници и оти ќе биде потребно време да се разгледа за да се даде конечна оценка за секоја земја поединечно и за наредната недела ги најави консултациите меѓу членките на Унијата. Македонија ги исполни условите содржани во сите четири таканаречени блокови на патоказот. Има забелешки кои, сепак, не се доволно големи за да застанат на патот на укинувањето на визите - вели бриселски дипломат. Забелешките неофицијално се однесуваат на недонесувањето закон за антидискриминација, како и за третманот на Ромите во земјата.
Четирите блока од патоказот вклучуваат безбедност на документите, гранично управување,азил и миграции, третиот блок е за јавен ред и безбедност, вклучувајќи борба против корупцијата и организираниот криминал, спроведување на законите и судска соработка, а четвртиот е за надворешни односи и основни права во кои меѓу другите се правата на малцинствата, законодавството за издавање државјанство и човековите права.
Според извори од Брисел, ако се' биде во ред, во јуни Европската комисија би можела да даде предлог-одлука за која ќе се изјаснат земјите-членки. Целата процедура потоа трае околу шест месеци и освен расправа во Советот, предвидува и расправа во Европскиот парламент и две парламентарни комисии, за надворешни односи и за правда и внатрешни односи. По влегувањето во оваа процедура поминува околу еден месец додека предметот не се врати повторно во Советот, кој треба да донесе одлука. Одлуката стапува во сила по 21 ден откако ќе се објави во европскиот службен весник. Технички тоа значи дека без визи македонските граѓани би патувале во ЕУ во 2010 година.
За Македонија е важно до крајот на чешкото претседателство да почне правната процедура со доставување правен предлог од Европската комисија до Советот и да не се остварат предвидувањата за можно доцнење поради изборите во Германија. Сепак, никој не може да прејудицира за колку време по изборите ќе се конституираат сите тела на новиот Европски парламент.
Според толкувањата од европски дипломати, иако Македонија е најнапред во исполнувањето на условите, процедурата побрзо би се одвивала ако либерализацијата важи барем за уште една или две земји, односно за Србија и Црна Гора. Дипломатите велат дека проблемот со Србија е поради можноста косовските Албанци со српски пасоши да влегуваат без визи во Европа, бидејќи целата документација од Косово од пред војната е во Врање. Од Србија се барале дополнителни гаранции дека издавањето српски биметриски пасоши строго ќе се контролира. Во наредните недели се очекува политичка одлука за Србија, односно дали ќе и' се прогледа низ прсти, бидејќи Брисел не бил задоволен од досегашните гаранции од Белград. Либерализација ќе имаат и косовските Албанци, како и граѓаните на Република Српска, кои од порано се имаат изборено за правото за двојно државјанство.
Франција ќе биде прва
Кога Европската комисија ќе ја потврди заложбата за визна либерализација, Франција ќе биде првата земја што јавно ќе ја поддржи, изјави францускиот амбасадор Бернар Валеро.- Показателите се мошне позитивни за Македонија, која не само што го сработи тоа што беше побарано од неа туку и предничи во регионот. Не сакаме младите да чекаат во редови пред амбасадите и да ги прават сите формалности само за да ја посетат Европа - рече Валеро вчера во Гостивар. (З.Г.М.)
Жана П.Божиновска
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=5B03E75BE3EB6048A0E6D853EA751476
1.морковот и стапот или овие се сериозни?
2.Каков импакт ќе има сево ова ?Мсилам на демографски ,социјален ,економски план?