Шенгенскиот ѕид конечно паѓа

  • Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување
M

marsovka

Гостин
Шенгенскиот ѕид конечно паѓа

Македонија е единствената земја од Западен Балкан што ги исполни сите критериуми за укинување на шенгенскиот визен режим за своите граѓани, заклучила Европската комисија завчера при проценувањето на условите од патоказот за визната либерализација. Оценките на Европската комисија се интерен документ, но не се препорака и не се за јавност. Одлуката за која земја да се препорача укинување на визите ќе ја донесат министрите за правда и внатрешни работи на сите земји-членки, кои ќе се состанат в понеделник попладне.
Наредниот ден, на 26 мај, еврокомесарот за правда и внатрешни работи Жак Баро во Брисел треба да го информира министерот за надворешни работи Антонио Милошоски дали Македонија ќе биде единствената земја или укинување на визите ќе се предложи и за Србија и за Црна Гора. Заменик-шефот на чешката дипломатија Јан Појар веќе изјави дека документот има стотина страници и оти ќе биде потребно време да се разгледа за да се даде конечна оценка за секоја земја поединечно и за наредната недела ги најави консултациите меѓу членките на Унијата. Македонија ги исполни условите содржани во сите четири таканаречени блокови на патоказот. Има забелешки кои, сепак, не се доволно големи за да застанат на патот на укинувањето на визите - вели бриселски дипломат. Забелешките неофицијално се однесуваат на недонесувањето закон за антидискриминација, како и за третманот на Ромите во земјата.

Четирите блока од патоказот вклучуваат безбедност на документите, гранично управување,азил и миграции, третиот блок е за јавен ред и безбедност, вклучувајќи борба против корупцијата и организираниот криминал, спроведување на законите и судска соработка, а четвртиот е за надворешни односи и основни права во кои меѓу другите се правата на малцинствата, законодавството за издавање државјанство и човековите права.

Според извори од Брисел, ако се' биде во ред, во јуни Европската комисија би можела да даде предлог-одлука за која ќе се изјаснат земјите-членки. Целата процедура потоа трае околу шест месеци и освен расправа во Советот, предвидува и расправа во Европскиот парламент и две парламентарни комисии, за надворешни односи и за правда и внатрешни односи. По влегувањето во оваа процедура поминува околу еден месец додека предметот не се врати повторно во Советот, кој треба да донесе одлука. Одлуката стапува во сила по 21 ден откако ќе се објави во европскиот службен весник. Технички тоа значи дека без визи македонските граѓани би патувале во ЕУ во 2010 година.

За Македонија е важно до крајот на чешкото претседателство да почне правната процедура со доставување правен предлог од Европската комисија до Советот и да не се остварат предвидувањата за можно доцнење поради изборите во Германија. Сепак, никој не може да прејудицира за колку време по изборите ќе се конституираат сите тела на новиот Европски парламент.

Според толкувањата од европски дипломати, иако Македонија е најнапред во исполнувањето на условите, процедурата побрзо би се одвивала ако либерализацијата важи барем за уште една или две земји, односно за Србија и Црна Гора. Дипломатите велат дека проблемот со Србија е поради можноста косовските Албанци со српски пасоши да влегуваат без визи во Европа, бидејќи целата документација од Косово од пред војната е во Врање. Од Србија се барале дополнителни гаранции дека издавањето српски биметриски пасоши строго ќе се контролира. Во наредните недели се очекува политичка одлука за Србија, односно дали ќе и' се прогледа низ прсти, бидејќи Брисел не бил задоволен од досегашните гаранции од Белград. Либерализација ќе имаат и косовските Албанци, како и граѓаните на Република Српска, кои од порано се имаат изборено за правото за двојно државјанство.
Франција ќе биде прва
Кога Европската комисија ќе ја потврди заложбата за визна либерализација, Франција ќе биде првата земја што јавно ќе ја поддржи, изјави францускиот амбасадор Бернар Валеро.- Показателите се мошне позитивни за Македонија, која не само што го сработи тоа што беше побарано од неа туку и предничи во регионот. Не сакаме младите да чекаат во редови пред амбасадите и да ги прават сите формалности само за да ја посетат Европа - рече Валеро вчера во Гостивар. (З.Г.М.)
Жана П.Божиновска

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=5B03E75BE3EB6048A0E6D853EA751476

1.морковот и стапот или овие се сериозни?
2.Каков импакт ќе има сево ова ?Мсилам на демографски ,социјален ,економски план?
 
Член од
24 ноември 2008
Мислења
1.035
Поени од реакции
44
кажи на која страна паѓа данене,поклопи слуцајно на каде да бегаме
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Одлуката за укинување на визите е исклучиво ПОЛИТИЧКА ОДЛУКА!

Ништо од овие оценки не ни гарантира укинување, само им го стеснува просторот за изговор.

Типичен пример за бирократијата во ЕУ е следниво дел:

Според извори од Брисел, ако се' биде во ред, во јуни Европската комисија би можела да даде предлог-одлука за која ќе се изјаснат земјите-членки.
Целата процедура потоа трае околу шест месеци и освен расправа во Советот, предвидува и расправа во Европскиот парламент и две парламентарни комисии, за надворешни односи и за правда и внатрешни односи. По влегувањето во оваа процедура поминува околу еден месец додека предметот не се врати повторно во Советот, кој треба да донесе одлука.
Одлуката стапува во сила по 21 ден откако ќе се објави во европскиот службен весник. Технички тоа значи дека без визи македонските граѓани би патувале во ЕУ во 2010 година.

Јуни +6 месеци+(неоп. време) + 1 месец + (неоп. време) + 21 ден = ?

Од ова излегува дека неможеме порано од Март 2010 година да очекуваме укинување на визите.
 
тоа на сите ни е јасно
туку дали до тогаш ќе го сторат или ќе не влечат до 2011,2012....

Плус образложи чисто политичка одлука
 
Член од
24 ноември 2008
Мислења
1.035
Поени од реакции
44
тоа на сите ни е јасно
туку дали до тогаш ќе го сторат или ќе не влечат до 2011,2012....

Плус образложи чисто политичка одлука
сака дати каже дека кене играат ко мали деца
 
Член од
22 јули 2008
Мислења
819
Поени од реакции
26
Vizi se do 2025 godina dokolku dotogas opstoji EU.
Kako samo ne im e sram na site vaka na najlicemeren nacin da ne lazat okolu ova prasanje koga site znaat deka zaradi mnogu faktori nema da ni dozvolat nepreceno patuvanje niz zemjite na EU.

Sram da im e na site politicari i mediumi vo Makedonija sto davaat lazna nadez na ovoj premnogu napaten Makedonski narod na koj krvta mu ja ispija.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
тоа на сите ни е јасно
туку дали до тогаш ќе го сторат или ќе не влечат до 2011,2012....

Плус образложи чисто политичка одлука
Па размисли колку “реални“ рокови до сега имавме за укинување на визите, јас можам 4 да ти набројам од 2006 до сега.

Политичка одлука не зависи од исполнување на било какви критериуми.

Како што ги примија и Бугарите со половично имплементирани реформи, како што им ветија прием на Србите доколку го признаат Косово, како што Исланд доколку сега се кандидира за влез во ЕУ може да влезе и пред Хрватска и ред други апсурди.

Значи..политички уцени.

Може да не остават заедно со Србија, и покрај исполнетите услови.

Читни си го текстов
http://absurdum.blog.com.mk/
 
slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
НЕ зборете пред рука бре, прво нека ни укинат па после ќе збориме :)
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Јуни +6 месеци+(неоп. време) + 1 месец + (неоп. време) + 21 ден = ?

Од ова излегува дека неможеме порано од Март 2010 година да очекуваме укинување на визите.
Цитирам изјава на Ивица Боцевски:
Постапката, според најоптимистичките процени, ќе се заврши во септември, а според песимистичките во ноември, по што македонските граѓани од почетокот на идната година ќе можат слободно да патуваат во Европа.
 
Mangavadu

пролетер
Член од
23 март 2009
Мислења
695
Поени од реакции
42
Што ќе ни се визите? Да можам да одам онаму кај што не ме сакаат, а богами и јас не сакам да одам? А за да одам ќе ми требаат пари што ги немам.

Во превод, ако нашиве морони од политичари престанат да ја продаваат бајката наречена ЕУ, тогаш народот ќе се освести и нема да има повеќе од 35% подршка за ЕУ.

Гледаме Бугариве и Романциве колку просперираа.
 
O

Out Boy

Гостин
Вака сега, пивнете си апче и слушајте ме добро: Македонците нема да патуваат слободно низ Европа наредните 3 години. Жал ми е, ама така е.

СЕ’ ова е само добро смислена игра од страна на Поранешната Отоманска Провинција Јунистан, заедно со својот најголем сојузник Поранешната Римска Провинција Галија, кои во овј случај глумат наши поддрувачи.

Целта е: да се покаже дека “Европа“ може да не’ сака ако сака. А за да не’ засака, треба да го лицитираме името. И идентитетот. И јазикот.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Цитирам изјава на Ивица Боцевски:
Постапката, според најоптимистичките процени, ќе се заврши во септември, а според песимистичките во ноември, по што македонските граѓани од почетокот на идната година ќе можат слободно да патуваат во Европа.
Дај Боже, што се однесува до мене.

Коментарот мој се однесуваше на текстот кој што ти го презентираше, доколку погрешив некаде математички корегирај ме...
 
Член од
4 април 2009
Мислења
1.311
Поени од реакции
21
Вака сега, пивнете си апче и слушајте ме добро: Македонците нема да патуваат слободно низ Европа наредните 3 години. Жал ми е, ама така е.

СЕ’ ова е само добро смислена игра од страна на Поранешната Отоманска Провинција Јунистан, заедно со својот најголем сојузник Поранешната Римска Провинција Галија, кои во овј случај глумат наши поддрувачи.

Целта е: да се покаже дека “Европа“ може да не’ сака ако сака. А за да не’ засака, треба да го лицитираме името. И идентитетот. И јазикот.

Се согласувам дека проблемот е во името,и дека ова се само игри да го држат макеоднскиот народ во заложништво.Инаку Бугарија и Романија на пр.се до ден денес поназадни со оваа проблатика,а од кога тие ,,ги исполниле условите,,
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
сака дати каже дека кене играат ко мали деца
не трчкаат како мали деца :))
кај нас ќе биде и во ЕУ ќе влеземе и нема да ни даваат да испаднеме од дома :):):):)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom