Цитат:
Напишано од
ABC
Се додека одиме со старите догми за недавање земја никогаш и никому бесплатно,се дотогаш ќе нема инвеститори во Македонското стопанство.
„Ти викам - со устав е забрането да се оттуѓуваат делови од земјава. Затоа е измислен механизмот „концесија“. 20 години е сосема солиден период. Ова не е стара догма туку актуелна и присутна во сите земји штопостојан на светов.“
Значи, колку што знам јас и економската зона „Бунарџик“ е составена од парцели дадени на користење на странски инвеститори без надомест со посебни повластици во однос на давачките (царина во првата година). Со зоната управува посебна Агенција за технолошко индустриски развојни зони (или нешто слично) и замислата е слична како на АБЦ (во однос на стабилна инфраструктура и сл.)
Важен момент е распределба (дисперзија) на зони низ различни градови и заживување на „од Господ заборавени градчиња“.
Владата имаше издржана идеа дека треба да има странски промотери ама кога дојде момент да се најдат соодветни лица, ни проработи „балканското“ да ангажираа роднини и пријатили оперирани и од „странски“ и од „инвестиции“.
Или имаат голема забуна во концептот или концептот им е да не збунат!?!!?
Не знам само дали некој помислил на сопствените деца и наследството што го оставаат на потомството...