ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Цитат:
Напишано од ABC![]()
Се додека одиме со старите догми за недавање земја никогаш и никому бесплатно,се дотогаш ќе нема инвеститори во Македонското стопанство.
„Ти викам - со устав е забрането да се оттуѓуваат делови од земјава. Затоа е измислен механизмот „концесија“. 20 години е сосема солиден период. Ова не е стара догма туку актуелна и присутна во сите земји штопостојан на светов.“
Значи, колку што знам јас и економската зона „Бунарџик“ е составена од парцели дадени на користење на странски инвеститори без надомест со посебни повластици во однос на давачките (царина во првата година). Со зоната управува посебна Агенција за технолошко индустриски развојни зони (или нешто слично) и замислата е слична како на АБЦ (во однос на стабилна инфраструктура и сл.)
Важен момент е распределба (дисперзија) на зони низ различни градови и заживување на „од Господ заборавени градчиња“.
Владата имаше издржана идеа дека треба да има странски промотери ама кога дојде момент да се најдат соодветни лица, ни проработи „балканското“ да ангажираа роднини и пријатили оперирани и од „странски“ и од „инвестиции“.
Или имаат голема забуна во концептот или концептот им е да не збунат!?!!?
Не знам само дали некој помислил на сопствените деца и наследството што го оставаат на потомството...
Види вака,правото на сопственост или владеење врз земјиштето не е баш оттуѓување на истото,тоа останува тука во државава,само што таа повеќе нема да може да го уценува сопственикот со некакви луди идеи при секоја промена на власта.Токму затоа инвеститорите бегаат од Бунарџик,бегаше и АУДИ од Скопје,а ќе бега и секој друг нормален инвеститор кој треба да вложи сопствени пари без право на целосна сопственост.Затоа мислам дека правото на сопственост врз земјиштето треба да им се издаде на оние инвеститори кој тука ќе го изградат индустрискиот објект.Ние како држава немаме никаква корист од тоа што тие 10 па и 100 хектари земја некој ќе ги сее со пченица и ќе гледа една или две фамилии.Се работи за што поголема индустријализација на земјава,па секоја општина може да “жртвува“ по една парцела земја на која освен индустријски објекти со точно наведени критериуми не смее ништо друго да се работи.Ете така е направено тоа во другите земји.
