Лесно е да се тролува по форумов, да се поставуваат реторички прашања, да се плескаат критики наоколу ...
алудирам на АБЦ и на реалниот
Па реториката бе другар exlexmk ја практикуваат оние кои во претходниот пост ти напоменав дека ги браниш.
Три години веќе само реторички водат држава.
Ништо на дело, ништо суштински.
Па зарем не гледаш дека со таа реторика те доведоа во ситуација да веруваш дека попрво цел свет ќе се распадне и распарчи, отколку ние да направиме некаков компромис со грција.
Те доведоа во ситуација да до пред некој месец, секој кој ќе го спомне зборот компромис, го етикетираш и обележиш како предавник и државен непријател (зборувам општо за тебе и твоите политички истомисленици).
И сега во последно време, откако ставовите на владата почнаа срамежливо да се поклопуваат со ставовите на "предавниците", некако затаивте во барањето бабароги и вештерки.
На што се должи наглата промена ?
Од почетокот на моето егзистирање на форумов, упорно повторувам дека во Македонија НЕ постојат различни ставови во врска со ова суштинско прашање. Постои само злоупотреба, која оди во цел на негување на нечии рејтинзи.
Ценам различни гледишта и различни солуции.
Не случајно во еден од претходните постови ти напишав дека опозиционерите во државава измериле и пресекле во врска со ова прашање. Тоа е нивниот став. Точка.
Кој е ставот на другата страна ?
- Никој не смее да ни наметнува промена на име ?
Па тоа и јас и ти добро го знаеме.
Ама ете како што гледаш смее.
И ? Која е различната солуција која јас треба да ја изберам, кога ете гледаш дека позициите постепено се поклопуваат, со таа разлика што во меѓувреме од страна на ДПМНЕ се бара најдобриот начин тоа да се соопшти на пошироката јавност, и начин фамозниот рејтинг (на уште по фамозниот премиер) да не претрпи поголема промена.
Ама се ми се чини дека втората формула малку потешко ќе ја најдат.
И најдоа начин со име и презиме.
Мистер "разумен компромис", во наредниве неколку месеци ќе биде задолжен да го разбие ледот и намали очекувањата кај Македонскиот народ.
Масажите почнаа уште вториот ден по стапување на функцијата, прв човек на државава.
Еднаш почитуваниот форумски колега ПП напиша дека ова влада барем ги подигнала ентузијазмот и очекувањата кај народот.
Јас сеуште неможам да најдам одговор, врз база на што они тоа го подигнаа ентузијазмот ?
Врз база на нереални и неостварливи очекувања ?
Друга логика немам, можеби ти ќе ми посочиш.
Поентата ми е дека секој политичар, секој лидер, секоја политичка партија која ја води државата во одреден момент, треба да измери, пресече, и го донесе најдоброто решение кое се нуди, и кое се однесува на иднината на својот народ.
Денес постојат две решенија:
1. Разумен компромис
2. Прекин на преговорите
Второто по сите можни варијанти е "mission impossible"
Се друго е лажна надеж и играње со чувствата на граѓаните.
Па ти бирај дали, и во што ќе веруваш.
Зошто никој од нив ни па од некои други не се вклучи на темата и да дадете некој конструктивен предлог, идеја итн. да се обединуваме околу ставовите во интерес на државните интереси.
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=39047
Затоа како што погоре прочита,
реално согледувајќи ги околностите и позициите, може да се обединуваме само и само оклу овие две точки:
- Разумен компромис
- Прекин на преговорите
Се друго е беспотребно трошење време и разединување наместо обединување.