Оди накај Пробиштип, накај Брод или накај Демир Хисар... И види како крпат крај со крај луѓето, па после зборувај за задржување (со едно Д) на некаква си чест. Македонецот е гол и ненајаден, а му се натураат еден куп ретардирани кампањи и пукања со Македонштина... И не ми реплицирајте со моментот „да бе, а во ЕУ мед и млеко тече“. Не тече мед и млеко, ама за леб се наоѓа... Кажи си ти големо НЕ, истетовирај го ако сакаш на чело... Ама не натурај на другите што треба да кажат и по која цена.. Или ќе правиме како што ќе ни кажат или ќе кажеме не? Важи...
А откако ќе кажеме не, ќе се храниме со статуи, со историски читанки и со знаменца... Важи???
Анастазија, што ново ни кажа со работите кои ги наведе, која е ползата од оваа твоја констатација кога не нудиш излез?
Ајде да се обидеме да ги проанализираме нештата, да видиме каде ни тргнало на “лево“ за да дојдеме до оваа ситуација. Ова ќе го опфати и твоето иронизирање на статуите, знамињата и историските читанки.
Суштината на
стравот од соочување со сопствената одговорност, е основната причина поради која тие грешки се
повторуваат во континуитет.
Ќе почнеме од времето кога датираат “статуите“ за да сфатиш ти и останатите кои размислуваат исто или слично на тебе.
Трите најголеми неуспеси на Македонците во историјата кои имале пресудна улога:
1. Уште пред да почне последната, трета војна меѓу Рим и Македонија, синовите на кралот Филип V, Персеј и брат му Деметриј, заедно со своите приврзаници и полтрони воделе жестока задкулисна борба околу тоа кој ќе биде престолонаследник.
Деметриј ја загубил главата (буквално) во таа борба, и најверојатно истите незадоволните приврзаници негови подоцна ја саботирале македонската одбрана.
Кој ни бил крив, Рим ли? Не – сами сме си биле криви.
2. Падот на Самуиловата империја, при што на сите ни е добро познато од учебниците по историја како прво Самуил го убил брата си Арон и скоро целото му семејство, а години подоцна, Иван Владислав, синот на Арон, го убил својот братучед, наследникот на Самуил, Гаврил Радомир.
Можеме само да претпоставиме што се случувало со македонските аристократи кои му биле верни приврзаници на Радомир?
Ако ги имаме во предвид однесувањето на денешните наши опозиционери, 100% токму тие со предавство им помогнале на Византијците да ја освојат пак самоиловата држава.
3. Кој го осуди и смести Ченто во Идризово?
Темпо или „другарот Лазо“ и домашните комунистички мангупи кои во соборувањето на херојот и идеалистот Методија Андонов виделе одлична шанса да се доберат до власт која би им овозможила непречено да го ограбуваат народецот свој, имајќи ја зашитата од Белград и другарот Тито.
4. ...
Четвртиот условен (не)успех го оставам празен сега за сега, бидејќи останува да видиме дали ќе ги повториме трите претходни грешки.
Ако Е.У. е заедница на демократски вредности би требало да не' прифатат без да застанат на страната на Грција и нејзините фашистички аргументи.
Ако тие ги прифаќаат грчките фашистички аргументи тогаш не се заедница на демократски вредности, а ако е тоа така – што бараме да им се приклучуваме?
Конечно, ставот дека
некој друг треба да работи место нас е најпогрешниот начин на размислување што го мачи типичниот просечен Македонец и неговиот типичен просечен менталитет.
Токму од овој начин на гледање на нештата и од ваквиот систем на вредности и очекувања произлегува носталгијата кон златните времиња на социјализмот кај нас.
Никој нема да работи за нас во наш интерес,
туку секој странец ќе гледа да работи со нас за свој интерес.
Единствен начин да напредуваме е да сфатиме дека и ние мораме да работиме со нив за нашиот интерес.
Никој друг не е крив за нашите проблеми и никој друг нема да ни помогне да ги решиме проблемите. Затоа што проблемот е во нас. Исто и решението.