92% од РМ сака во НАТО, 95% сака во ЕУ!

  • Креатор на темата Креатор на темата Гоч
  • Време на започнување Време на започнување
И што откако ќе ни ги укинат визите???????????
МЕНЕ МИ ТРЕБА РАБОТА,ЗА ДА НЕ ЖИВЕААМ ВО БЕДА И СИРОМАШТИЈА

Па ќе можеш и да ја најдеш во администрацијата која ќе се проретчи одкако ќе избегаат по подобри плати низ ЕУ.Тогаш ќе можеш за 100тина евра плата да се вработиш како “лево сметало зад гол“ некаде по ходниците од службите.:toe:
 
Оди накај Пробиштип, накај Брод или накај Демир Хисар... И види како крпат крај со крај луѓето, па после зборувај за задржување (со едно Д) на некаква си чест. Македонецот е гол и ненајаден, а му се натураат еден куп ретардирани кампањи и пукања со Македонштина... И не ми реплицирајте со моментот „да бе, а во ЕУ мед и млеко тече“. Не тече мед и млеко, ама за леб се наоѓа... Кажи си ти големо НЕ, истетовирај го ако сакаш на чело... Ама не натурај на другите што треба да кажат и по која цена.. Или ќе правиме како што ќе ни кажат или ќе кажеме не? Важи...
А откако ќе кажеме не, ќе се храниме со статуи, со историски читанки и со знаменца... Важи???

Анастазија, што ново ни кажа со работите кои ги наведе, која е ползата од оваа твоја констатација кога не нудиш излез?

Ајде да се обидеме да ги проанализираме нештата, да видиме каде ни тргнало на “лево“ за да дојдеме до оваа ситуација. Ова ќе го опфати и твоето иронизирање на статуите, знамињата и историските читанки.

Суштината на стравот од соочување со сопствената одговорност, е основната причина поради која тие грешки се повторуваат во континуитет.

Ќе почнеме од времето кога датираат “статуите“ за да сфатиш ти и останатите кои размислуваат исто или слично на тебе.

Трите најголеми неуспеси на Македонците во историјата кои имале пресудна улога:

1. Уште пред да почне последната, трета војна меѓу Рим и Македонија, синовите на кралот Филип V, Персеј и брат му Деметриј, заедно со своите приврзаници и полтрони воделе жестока задкулисна борба околу тоа кој ќе биде престолонаследник.
Деметриј ја загубил главата (буквално) во таа борба, и најверојатно истите незадоволните приврзаници негови подоцна ја саботирале македонската одбрана.
Кој ни бил крив, Рим ли? Не – сами сме си биле криви.

2. Падот на Самуиловата империја, при што на сите ни е добро познато од учебниците по историја како прво Самуил го убил брата си Арон и скоро целото му семејство, а години подоцна, Иван Владислав, синот на Арон, го убил својот братучед, наследникот на Самуил, Гаврил Радомир.
Можеме само да претпоставиме што се случувало со македонските аристократи кои му биле верни приврзаници на Радомир?
Ако ги имаме во предвид однесувањето на денешните наши опозиционери, 100% токму тие со предавство им помогнале на Византијците да ја освојат пак самоиловата држава.

3. Кој го осуди и смести Ченто во Идризово?
Темпо или „другарот Лазо“ и домашните комунистички мангупи кои во соборувањето на херојот и идеалистот Методија Андонов виделе одлична шанса да се доберат до власт која би им овозможила непречено да го ограбуваат народецот свој, имајќи ја зашитата од Белград и другарот Тито.

4. ...

Четвртиот условен (не)успех го оставам празен сега за сега, бидејќи останува да видиме дали ќе ги повториме трите претходни грешки.

Ако Е.У. е заедница на демократски вредности би требало да не' прифатат без да застанат на страната на Грција и нејзините фашистички аргументи.
Ако тие ги прифаќаат грчките фашистички аргументи тогаш не се заедница на демократски вредности, а ако е тоа така – што бараме да им се приклучуваме?

Конечно, ставот дека некој друг треба да работи место нас е најпогрешниот начин на размислување што го мачи типичниот просечен Македонец и неговиот типичен просечен менталитет.

Токму од овој начин на гледање на нештата и од ваквиот систем на вредности и очекувања произлегува носталгијата кон златните времиња на социјализмот кај нас.

Никој нема да работи за нас во наш интерес, туку секој странец ќе гледа да работи со нас за свој интерес.
Единствен начин да напредуваме е да сфатиме дека и ние мораме да работиме со нив за нашиот интерес.
Никој друг не е крив за нашите проблеми и никој друг нема да ни помогне да ги решиме проблемите. Затоа што проблемот е во нас. Исто и решението.
 
Cento ne bil na Goli Otok, tuku vo skopskiot zatvor.

Inaku, obajcata ste delumno vo pravo, a nitu eden ne e celosno, zatoa, poleka, smireno.
 
Инаку анкетата доколку не си прочитал, е нарачана од ДПМНЕ.

Прочитав и пак изреагирав. Значи, без разлика од кого е нарачана, се лиферуваат статистики без блага врска и се тврдат нешта што се смешни.

Ова уште малку ќе испадне како статистиките на Сталин или уште полошо, на Амди Бајрам.
 
Cento ne bil na Goli Otok, tuku vo skopskiot zatvor.

Inaku, obajcata ste delumno vo pravo, a nitu eden ne e celosno, zatoa, poleka, smireno.

Добро шефе, јасно е кон што целев, го едитирам одма.

Една фиктивна анегдота раскажува како Кардељ после 15-20 години по 1945 г. прошетал кај словенечките земјоделци, сретнал еден земјоделец и го прашал:
- Кога беше подобро за тебе, во Кралска Југославија или сега?
- Па.... убаво е и сега, ама... оваа... тогаш некако поубаво ми беше.
- Како тогаш поубаво, сега имаш трактор, друга механизација... итн, а тогаш ништо немаше, работеше мачно, рачно.
- Точно другар Кардељ, ама тогаш имав 20 години - рекол селанецот.

Луѓето на Титовото време гледаат како на златно, бидејќи тогаш БИЛЕ МЛАДИ! Моќни, полетни, луди или весели и тоа е разликата како денес гледаат на животот.
 
Не спори со Анастазија. Она ја анкетираше цела франција, и францускиот пробиштип, и француското кратово и француска каменица. Се вади за леб. Француските европејци од алжир шиткаат по 100 привезоци со ајфелова кула на секој ќош во Париз, за да се има, за леб. ЕУ е, не е заебанција.

За секој желен за ЕУ, имам да му дадам такви привезоци еден тон, за урнек. Да се спреми да вади чесен леб.

Aurevoir.
 
Луѓето на Титовото време гледаат како на златно, бидејќи тогаш БИЛЕ МЛАДИ! Моќни, полетни, луди или весели и тоа е разликата како денес гледаат на животот.
Не ќе да е така.
Во тоа време ретко кој човек не бил на море.
Денес, ретко кој човек бил на море.
Југославија била 4 по ред светска сила. Нема заебанција со такви работи.
И да не продолжувам... зборуваме за сосема различни времиња. Ова денешново не може да се споредува со тогашното, ама и тогашното не смее да се потценува.

За секој желен за ЕУ, имам да му дадам такви привезоци еден тон, за урнек.

Внимавај, затоашто такви привезоци ќе им дадеш на 2 милиони население. Два милиони и еден, извини, бидејќи тука те вклучувам и тебе.
 
Ne znam Serpiko, jas znam deka kaj nas takugjere se tone vo beda i nemastija, ocaj i jad.
Isto kako i vo Pariz, okolu stadionot u Sen Deni i nakaj bulonjskata suma i slicno.

Od druga strana, ne mozam mnogu da se sporam so Bratot bidejki i jas sum za nepotklekunuvanje po sekoja cena.

Od treta strana, Anestezijana ima pravo za toa deka od statui i istoriski citanki ne se zivee vo ova vreme na internet i globalizacijata (plus na slikcinjana mi se cini bajagi zgodna, pa......slab sum na zgodni momicki :)))))
 
Не ќе да е така.
Во тоа време ретко кој човек не бил на море.
Денес, ретко кој човек бил на море.
Југославија била 4 по ред светска сила. Нема заебанција со такви работи.
И да не продолжувам... зборуваме за сосема различни времиња. Ова денешново не може да се споредува со тогашното, ама и тогашното не смее да се потценува.

Тоа е само една нијанса од југословенските “денови“, кои не се за потценување, но уште помалце за преценување.

На друго место веќе спомнав, дека и во Југословенската федерација ни беа достапни федералните фондови па пак бевме најсиромашната република.

Треба цела тема за тоа.
 
Со што ќе бидеме ние поразлични од обичните проститутки ако во име на некоја си материјална корист го продадеме она најсветото-името?

Не можам да разберам дека дури и водиме дебата дали вреди да се откажеме од името? Не треба да им свртиме грб на сите Македонци во соседството во нивната борба за елементарно достоинство. Нас, во Македонија очигледно помала ни е љубовта кон Македонија од нашите во соседните земји.

Ова е Македонец, а не ко некои бедници на форумов што си го продаваа името за ipod

Mene licno mi bese ubavo vo SFRJ, ubavo mi e i sega vo RM, a se nadevam ke mi bide ubavo i vo EU (kako makedonec)!

I ne potcenuvam, a nitu nadcenuvam niedno vreme. sekoe ima svoi ubavi migovi i neubavi.

Za zal, kako mnogupati dosega, ke povtoram, ribata smrdi od glavata, za seta beda i nikakvilak se krivi onie koi ne gazduvaat (nasite gazdi), a ne vreminjata.
 
Анастазија, што ново ни кажа со работите кои ги наведе, која е ползата од оваа твоја констатација кога не нудиш излез?

Не кажав ништо ново, точно. Темата не е нова, нема ништо ново што се случило за да ми го смени ставот.. А излез нема потреба да нудам на некого. Јасно е на што сме, јасно е кои се изборите... Велам да ги прашаме луѓето... Зошто да се потценуваат или не анкетите, нека има референдум. На едната страна нека биде ЕУ и НАТО (сосе промена на име), на другата нека биде МАКЕДОНИЈА. Не знам зоштп на форумов сте толку убедени дека Македонците се спремни на се само за да не го сменат името... Ќе се повторам пак, никој не мисли на тоа како го викаат кога нема за леб...

Ајде да се обидеме да ги проанализираме нештата, да видиме каде ни тргнало на “лево“ за да дојдеме до оваа ситуација. Ова ќе го опфати и твоето иронизирање на статуите, знамињата и историските читанки.

Суштината на стравот од соочување со сопствената одговорност, е основната причина поради која тие грешки се повторуваат во континуитет.

Ќе почнеме од времето кога датираат “статуите“ за да сфатиш ти и останатите кои размислуваат исто или слично на тебе.

Трите најголеми неуспеси на Македонците во историјата кои имале пресудна улога:

1. Уште пред да почне последната, трета војна меѓу Рим и Македонија, синовите на кралот Филип V, Персеј и брат му Деметриј, заедно со своите приврзаници и полтрони воделе жестока задкулисна борба околу тоа кој ќе биде престолонаследник.
Деметриј ја загубил главата (буквално) во таа борба, и најверојатно истите незадоволните приврзаници негови подоцна ја саботирале македонската одбрана.
Кој ни бил крив, Рим ли? Не – сами сме си биле криви.

2. Падот на Самуиловата империја, при што на сите ни е добро познато од учебниците по историја како прво Самуил го убил брата си Арон и скоро целото му семејство, а години подоцна, Иван Владислав, синот на Арон, го убил својот братучед, наследникот на Самуил, Гаврил Радомир.
Можеме само да претпоставиме што се случувало со македонските аристократи кои му биле верни приврзаници на Радомир?
Ако ги имаме во предвид однесувањето на денешните наши опозиционери, 100% токму тие со предавство им помогнале на Византијците да ја освојат пак самоиловата држава.

3. Кој го осуди и смести Ченто во Идризово?
Темпо или „другарот Лазо“ и домашните комунистички мангупи кои во соборувањето на херојот и идеалистот Методија Андонов виделе одлична шанса да се доберат до власт која би им овозможила непречено да го ограбуваат народецот свој, имајќи ја зашитата од Белград и другарот Тито.

Убаво што ми раскажуваш историја, иако не би се согласила дека ги најде трите најболни моменти... Но сепак, убаво од твоја страна што вака ми ги расветлуваш работите:)) Сериозно, ако не друго, во Македонија бар историја се знае (не навлегувам премногу во тоа колку е точна историјата која ја учиме...)... Истиве приказни сите сме ги слушале и преслушувале. Не мислам дека игнорирањето на минатот е проблемот, за тоа како ни тргнало на лево. Еден куп фактори има, зависи од која страна ги гледаш. Економски гледано, зошто во моментов ни е лошо - затоа што имаме нефункционални институции, затоа што имаме лоши меѓународни односи, зошто имаме вештачки крепена валута, зошто се инвестира во погрешни проекти и сектори... Еден куп ствари има, нема место да се набројат сите. Што знам, ми се чини дека овие моменти ќе се средат со влегувањето во ЕУ:)

Ако Е.У. е заедница на демократски вредности би требало да не' прифатат без да застанат на страната на Грција и нејзините фашистички аргументи.
Ако тие ги прифаќаат грчките фашистички аргументи тогаш не се заедница на демократски вредности, а ако е тоа така – што бараме да им се приклучуваме?

ЕУ е пред се економска/трговска заедница. Нема влада на ЕУ и нема ЕУ буџет (океј, има 2 посто од БДП е:)) Тоа е во основата. Тоа што ги брани пред се интересите на своите членови (дури и мизерните државички како Грција) е многу нормално, бар од овде од кај што гледам. Да не се лажеме, не би влегувале во ЕУ зашто ни фали демократија, би влегувале зошто ни фалат пари:)) И приоритетите треба да се разјаснат за да нема забуни. Тој е оној избор кој треба да им се даде на Македонците, за кој зборував...

Конечно, ставот дека некој друг треба да работи место нас е најпогрешниот начин на размислување што го мачи типичниот просечен Македонец и неговиот типичен просечен менталитет.

Токму од овој начин на гледање на нештата и од ваквиот систем на вредности и очекувања произлегува носталгијата кон златните времиња на социјализмот кај нас.

Никој нема да работи за нас во наш интерес, туку секој странец ќе гледа да работи со нас за свој интерес.
Единствен начин да напредуваме е да сфатиме дека и ние мораме да работиме со нив за нашиот интерес.
Никој друг не е крив за нашите проблеми и никој друг нема да ни помогне да ги решиме проблемите. Затоа што проблемот е во нас. Исто и решението.

Ајде бе?! А тој просечниот Македонец со просечни македонски менталитет (?!??) нема право да реши што сака? Можда му одговара да дојдат големи мултинационални компании кои ќе работат за своја корист, доколку од тоа зема плата. Можда тоа е тоа што го очекува од ЕУ. Зошто него да не го прашаат? Како земаш за право да му судиш на тој просечен Македонец пер? На неговите сфаќања и желби? Што знам, не ми штима...
 
Ne znam Serpiko, jas znam deka kaj nas takugjere se tone vo beda i nemastija, ocaj i jad.
Isto kako i vo Pariz, okolu stadionot u Sen Deni i nakaj bulonjskata suma i slicno.

Od druga strana, ne mozam mnogu da se sporam so Bratot bidejki i jas sum za nepotklekunuvanje po sekoja cena.

Od treta strana, Anestezijana ima pravo za toa deka od statui i istoriski citanki ne se zivee vo ova vreme na internet i globalizacijata (plus na slikcinjana mi se cini bajagi zgodna, pa......slab sum na zgodni momicki :)))))

Точно дека не се живее од статуи и музеи бидејќи се непрофитабилни, но сметам дека кризава дојде како порачана за таквите критики од една страна, а од друга страна ми пречи потценување на историјата и нејзиното маргинализирање.

Која ли била профитабилноста на Ајфеловата кула и Триумфалната капија во времето кога биле градени?

Сега претставуваат национални симболи и на Франција и на Париз.

Французите си ја овековечиле историјата како и многу други народи, сега можеби критикуваме, но подоцна ние самите ќе ги носиме нашите гости или ќе им праќаме слики, разгледници со тие споменици во позадина.

Ајде бе?! А тој просечниот Македонец со просечни македонски менталитет (?!??) нема право да реши што сака? Можда му одговара да дојдат големи мултинационални компании кои ќе работат за своја корист, доколку од тоа зема плата. Можда тоа е тоа што го очекува од ЕУ. Зошто него да не го прашаат? Како земаш за право да му судиш на тој просечен Македонец пер? На неговите сфаќања и желби? Што знам, не ми штима...

Јас сум тој просечен Македонец, од работничко семејство. Немаше никаква дискриминација и судење од моја страна туку критика која произлегува од нашата реалност.

Мене не ми штимаат условите под кои треба да дојдат тие мултинационални корпорации, доколку условите се дека јас треба да се понижам самиот себе.

Причината за недостигот на тие “инвестиции“ освен што зависат од политичките одлуки, зависат и од економскиот интерес, како и од условите за работа.

Погрешно е да се поставува тезата дека доколку го смениме името, мултинационалните корпорации ќе се испотепаат да инвестираат кај нас.

(Никаде не инсинуирам дека ти тоа го сакаш, само тоа произлегува од аргументите на оние кои се залагаат за промена на името)
 
Нестабилноста (от сите категории) плаши големите инвеститори.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom