- Член од
- 12 мај 2009
- Мислења
- 46
- Поени од реакции
- 3
НЕ СЕ ОБИДУВАЈТЕ ДА СЕ СПАСИТЕ САМИТЕ СЕБЕ
Замислете до кој степен се разликува вашето сфаќање за Небото од Божјото. Бог ја определи вредноста на спасението-смртта на Својот Син. Дали мислете, дека вашите добри дела ќе ве доведат до Небото, кое Исус Христос, Божјиот Син, Го извојува за вас со сопствената крв? Да не се осмелувате да го рамнете својот беден живот со животот на покорниот Божји Син, Кој се даде Себе Си дури на смрт? Не ли ви падна на памет дека така Го жалостите Бога? Ако Небото можеше да се достигне со добри дела, тогаш зошто Бог Го подложи Својот мил Син на целата таа болка и страдање? Зошто беше неопходна Гетсиманија? Зошто требаше да се доаѓа до трагедијата на Голгота, откако би можело сè да стане толку лесно на друг начин? Вие ја навредувате Божјата мудрост и Божјата љубов.
Нашата самоправедност го отфрла Божјиот карактер. Така се понижува вечното совршенство, изјавено од блажениот Спасител, за да се издигнат посакувањата на човечкото создание, кои Сèмоќниот со презир ги отфрла како суетни и бесполезни. Трговецот може и да ви плати со злато за тоа што му нудите, но дури и да дадете на Бога сè што имате, Тој ќе го отфрли целосно. Бог ќе ви ја подари Својата милост без пари, без плаќање. Но ако отидете при Него и се обидете да се пазарите за Неговата милост, со вас е свршено. Бог ќе ве исклучи од скапоцените дарови на Својата љубов, која вие не можете да ја прецените.
Можат ли воопшто да се споредат големите дела, кои се надевате да ги направите, со благословот, што очекувате да го добиете? Претпоставувам, дека имено, преку нив сакате да го заработите Божјото благоволение и така да влезете во Небото. Но што всушност нудите? Што можете да дадете на Бога? Да не случајно понудиш реки од масло или салото на десет илјади животни? Избројте ги сите земни богатства: ако Му ги дадете сите, што би преставувале тие според вас за Бога? Ако го соберете сето злато на светот и ако таа грамада се простира од најдлабоките недра на земјата до највисоките места на небесата, што би праставувала таа за Бога? Со што би Го обогатило сето тоа и со што би го купиле спасението? Кое од вашите дела може да ја зголеми Неговата радост или славата на Неговото Царство? Ако е гладен, Бог нема да се обрати кон вас. “Зашто се Мои сите горски животни, илјади ѕверови по Моите ридишта.”(Пс.50:10). Вашата добрина може и да им се допадне на вашите ближни, и вашата добрина може да предизвика почит, но зарем Бог ви должи нешто за добрината или за положбата која ја имате? Апсурдни прашања! Дури и да направете сè, за што сте способни нема да бидете ништо повеќе од еден кутар, бесполезен и недостоен слуга. Вие не можете да го направете тоа, што треба, уште помалку би можеле да го искупите гревот или да добиете пристап до царството на светлината.
Вие, кои мислете дека ќе се спасете самите себе преку усовршување, упорни обиди и усилби, да ве запрашам нешто: ако човек не може да изврши определена работа, кога раката му е силна и здрава, како би можел да ја изврши, ако коската му е скршена? Како млади и неискусни, сè уште не сте биле оддадени на пороци и навики. И покрај тоа, вашата природа веќе била расипана. Макар и да сте биле слободни од железната мрежа на пороците, сепак сте заскитале како изгубена овца и сте го следеле злото. Што ви дава основа да мислете, дека можете наеднаш да ги промените желбите на срцето, насоката на делување и целосниот животен пат, така да станете нов човек? “Може ли Етиопецот да ја измени својата кожа? Или леопардот своето крзно?” (Ер.13:23). Нели е веројатноста да продолжите да грешете, како досега, десет илјади према еден? Имате сознание дека патот на злото е привлечен, примамлив, и ќе продолжи да ве одвојува од патот на правдата, по кој сега цврсто сте решен да одите.
Патот кон Небото е посебно стрмен и тесен, ако го следеме Законот даден на Синајската планина-доволно е само еден погрешен чекор, за да бидеме целосно поразени. Застанете во нејзиното подножје, и погледнете нагоре, ако имате храброст. Над нејзините највисоки скали има надвиснато црн облак, од кој блештат молњи и грми силен трубен звук. Не гледате ли како трепери Мојсеј, и ќе се осудите ли да застанете спокојно на местото, каде што стои Мојсеј, исполнет со страв и ужас? Погледнете нагоре и откажете се од идејата да се искачете на тие стрмни карпи, бидејќи нема човек, кој се обидел да се искачи нагоре со надеж за спасение и да не ја нашол својата погибел сред ужасите по патот! Бидете мудри-откажете се од лажната надеж за спасение, кон која вашата гордост ве тера, зашто таа ваша самонадежност ќе ве натера да зажалете. Да претпоставиме, дека можете да направете нешто големо, во што сум сигурен дека нема да успеете, и дека е возможно одсега натаму да бидете совршени, така да не грешете веќе ниту во мислите, ниту во зборовите, ниту во делата; како ќе ја искупите вината за поранешните гревови? Сакате ли да ви спомнам некои зла, погребани во вашата памет? Нека вашите гревови се појават за момент, така да ги видете одново. Се чини дека гревовите од младоста сериозно ве плашат; а полноќните гревови; или гревовите преку секој ден; или гревовите на телото; или гревоите на душата? Велите дека сте ги заборавиле, но Бог не ги заборавил. Погледнете колку се многубројни! Сите тие се таму, запишани во дневникот на Бог, ниту еден не е пропуштен и сите тие зедно, ќе бидат обвинението против вас во денот на Последниот Суд.
Како е можно идната послушност да ги компензира минатите грешки? Карпата веќе паднала и макар брановите да ја перат и десетилјади пати, тие не можат да ја вратат на поранешното место. Денот е светол, но знаеме дека имало и ноќ, и најсветлиот ден не може да го измени фактот, дека некогаш било темно. Самоправедниот знае, дека тоа, што го прави, не може да го задоволи Бога, бидејќи самиот тој не е задоволен; и покрај тоа што е возможно да ја смири својата совест, во човекот останува доволно сознание за Бога, што го тера да ја чувствува и разбира својата недоволност.
Да го поверуваме тоа, што Бог Го вели, да го направиме тоа, што Бог Го заповеда, да го прифатиме спасението, што Бог ни го дарува-тоа е вистинската и совршена мудрост. Отворете ја вашата Библија. Таа е патеводителка за поклоникот, во кој Бог ја опишува Својата слава, која предстои да биде откриена. Единствената порака на Евангелието е „Поверувај и ќе живееш”. Доверете се на отелотворениот Спасител, Кого што Бог Го определи да ја понесе казната, која ја заслужуваат грешниците. Верувајте во Него и ќе бидете спасени.