Често слушам муабети од типот: "Браво за него, пиеше толку години, а сега ете го не ни помислува на алкохол", "Алал да му е на дечкото што после долго време земање тешка дрога сега е чист" или "Колку беше расипана и нема маж кој не го помина, ама браво за неа дека сега е средена и има одличен брак со прекрасни дечиња". Или па врвниот муабет на кој скоро имав чест да му се згадам... девојка која љубомори на друга, затоа што таа другата била од друга земја каде што искусила и дроги и проституција и мафии и што ти знам друго, па ете ја сега цела невина, во потрага по добар дечко кој ќе ја цени и на кого во никој случај нема да му легне пред да и предложи брак. Ова е тешка глупост или јас забегав?
Па, прашањето ми е (не мора да се задржиме на примерот), зошто повеќе се аплаудира на луѓе кои поминале низ некои лоши пороци и патишта и се вратиле во нормала, отколку на тие кои цело време живеат некој просечен и добар живот? Зарем големо постигнување во животот е само кога човекот може да се извлече од некое зло? Само тие луѓе се вредни за почит?
Повеќе тежи карактерот кој успева да одолее на се` лошо што нуди улицата и животот или па тој кој од сите прифатени понуди ќе се среди еден ден?
Ако е така зошто, ако е обратно пак зошто мислите така?![]()
Не е точно дека луѓето го сметаат за големо постигнување само излезот од проституција, алокохолизам, наркоманија и слично.
Барем јас сум слушала и сум правела многу муабети за навистина успешни и амбициозни луѓе кои на кои не им било потребно да го допрат дното за да испливаат на површината повторно.
И секако дека е за пофалба успешната рехабилитација од пороците, бидејќи од биолошки аспект е премногу тешко да се откажеш од нив и ти треба многу истрајност за само да ги преживееш кризите што ќе те фаќаат. И многу нормално дека некој што секојдневно сум го гледала како се тресе, поти и онесвестува по една цигара,а сега повторно живее нормален живот-ќе го пофалам.
Не е дека останатите кои си живееле просечен или добар живот додека другите пропаѓале ги потценуваме со тие муабети. И едните-и другите доживеале подеми и падови, но многу полесно е кога од коњ ќе паднеш на магаре, отколку од магаре на земја, бидејќи во втората ситуација имаш многу прав да тресење пред да се исправиш повторно.
Повеќе тежи карактерот кој успева да одолее на се` лошо што нуди улицата и животот или па тој кој од сите прифатени понуди ќе се среди еден ден?
Не може да се направи ваква споредба, бидејќи мотивите за некој да посегне по “лошото што го нуди улицата“ може да се најразлични. Од чиста љубопитност, до сериозни семејни и проблеми што не можеме да си ги замислиме, дури ни кога ќе помислиме на најлошото.
Но најмногу губат оние што се откажуваат уште пред да започнат и се препелкаат во калта до последен здив.