Аплауз за кого?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Често слушам муабети од типот: "Браво за него, пиеше толку години, а сега ете го не ни помислува на алкохол", "Алал да му е на дечкото што после долго време земање тешка дрога сега е чист" или "Колку беше расипана и нема маж кој не го помина, ама браво за неа дека сега е средена и има одличен брак со прекрасни дечиња". Или па врвниот муабет на кој скоро имав чест да му се згадам... девојка која љубомори на друга, затоа што таа другата била од друга земја каде што искусила и дроги и проституција и мафии и што ти знам друго, па ете ја сега цела невина, во потрага по добар дечко кој ќе ја цени и на кого во никој случај нема да му легне пред да и предложи брак. Ова е тешка глупост или јас забегав?
Па, прашањето ми е (не мора да се задржиме на примерот), зошто повеќе се аплаудира на луѓе кои поминале низ некои лоши пороци и патишта и се вратиле во нормала, отколку на тие кои цело време живеат некој просечен и добар живот? Зарем големо постигнување во животот е само кога човекот може да се извлече од некое зло? Само тие луѓе се вредни за почит?
Повеќе тежи карактерот кој успева да одолее на се` лошо што нуди улицата и животот или па тој кој од сите прифатени понуди ќе се среди еден ден?
Ако е така зошто, ако е обратно пак зошто мислите така?:)
Не знам дали ти е позната Исусовата приказна од Библијата за изгубениот син. Нејсе, да не ја прераскажувам (иако го содржи одговорот).

Наркомани, алкохоличари, промискуитетни...сите оние категории на луѓе кои ги нарекуваме девијантни...се луѓе кои патат. Патат поради некои повреди од минатото, лични погрешни избори и на крај, од својата зависност/слабост.
Тоа се уплашени, слаби и конечно болни луѓе (условно кажано).

Па, имајќи го тоа во предвид, на нив им е потребен "двоен труд" за да ги донесат одлуките и изборите кои просечните, урамнотежени луѓе ги носат сами по себе.

И истото е сериозен процес...Прво треба да го излечат она што ги уништува. А, тоа е далеку од лесно.
Потоа, треба да го одржат тој процес. Треба да вложат значителен труд за да почнат да живеат досега непозант живот...оној што го нарекуваме нормален.

Сето тоа е вредно за поздрав. Сето тоа е проследено со огромни маки и дисциплина кои треба да се подржат и пофалат.

Потсамевањето и потценувањето на сета мака и труд кои ги внесуваат само ги бутка во поголема пропаст. Кој би го сакал тоа?

Конечно, како што е и кажано во Библијата, парафразирам :
Нејќам мртов грешник. Сакам грешник кој се покајал и кој тргнал на вистинскиот пат.
 
Токму поради тоа што постанале дел од девијантниот дел на општестовото, без разлика на подоцна вложениот труд бар за мене ги прави не толку популарни и достојни за аплауз.
На чест нека им е на оние кои успеале да се откажат од сите овие пороци (како што и сама кажуваш: Сакам грешник кој се покајал и кој тргнал на вистинскиот пат), меѓутоа повредите кои ни ги нанесува животот не значи дека треба да се залијат со алкохол, излечат со дрога, заборават со промискуитет. Едноставно има луѓе кои се подостојни пред самите себе и ја донесуваат вистинската одлука дури и кога знаат дека нема надеж. А надеж секогаш има.
За вториот болд. Не станува збор за потценување и потсмевање. Едноставно посотјат луѓе (како јас) кои иако го вреднуваат и почитуваат тој труд, сметаат дека целиот напредок во животот би бил поубав доколку не би требало да се поминува низ еден таков период. Не можам јас да му дадам ист громогласен апалуз на оној кој поради недоволно цврсто ЈАС изгубил неколку години од животот (алкохоличар, наркоман итн.) и на некој кој и покрај сите шамари кои животот му ги нанел останал човек кој се борел со проблемите свесно и истрајно.
Треба да вложат значителен труд за да почнат да живеат досега непозант живот...оној што го нарекуваме нормален.
Не е тоа непознат живот. Никој не се раѓа со шишето или со иглата во рака. Сите почнуваат како луѓе, а со текот на животот и случувањата кои тој ни ги носи, постануваат она што се. Тој живот за нив е сосема нормален и познат, само стравот е дека ќе треба да остават нешто во кое нашле утеха, а и стравот дека таму некаде, далеку од алкохолот и дрогата (како и сите други пороци) ги чека живот за кој треба доста напор за да се помине, ги прави поотпорни на процесот на живеење на еден нормален живот.
 
Ова е исто ко да му судиш на некој што при сообраќајна несреќа останал инвалид, го загубил видот и сл.
Као, кој ти е крив што не си пазел доволно, па сеа си осакатен? И кој треба да ти честита што и покрај се си успеал да продолжиш да живееш?

Секој има различна психолошка толеранција на нештата. Секој се брани себе си од животот и тешкоитиите на различен начин.

Некој запаѓа во алкохолизам. Некој бега преку прекумерна работа. Некој бега преку претерана грижа за семејството.
Механизмите за одбрана на личноста се безброј и никој не е имун на нив.

И оној што се смета за пример за нормалност, пати од најмалку две неуротични пореметувања и бегства. Апсолутна урамнотеженост НЕМА. Затоа без залутеување со осуда.

Тој што умира како алкохоличар и притоа уништува животи на други, треба да се жали, и ако некој веќе инсистира, осуди со коментари или што ви е веќе драго.

Оној кој собрал снага да го прекине тој круг на деструкција, треба да се поздрави, затоа што смогнал сили, се покајал и поправил.

Или можда совршените треба да го фрлат првиот камен поради неговото минато?

Конечно, не гледам каде цели темава?

Дали треба да ги понижуваме и потсеќаме тие луѓе на она што некогаш биле?
Дали треба да ги мачиме зошто донеле погрешни избори?
Што?

И да повторам, тоа се слаби луѓе. несреќни луѓе. луѓе кои патат.
Оние што не влегле во круг на автодеструкција и деструкција се секогаш повластени на некој начин.

И зарем тие треба да плукаат врз слабиот, немоќен патник?
 
Ова е исто ко да му судиш на некој што при сообраќајна несреќа останал инвалид, го загубил видот и сл.
Као, кој ти е крив што не си пазел доволно, па сеа си осакатен? И кој треба да ти честита што и покрај се си успеал да продолжиш да живееш?
Од каде следи и она што го напишав:
гладиус напиша:
На чест нека им е на оние кои успеале да се откажат од сите овие пороци (како што и сама кажуваш: Сакам грешник кој се покајал и кој тргнал на вистинскиот пат), меѓутоа повредите кои ни ги нанесува животот не значи дека треба да се залијат со алкохол, излечат со дрога, заборават со промискуитет. Едноставно има луѓе кои се подостојни пред самите себе и ја донесуваат вистинската одлука дури и кога знаат дека нема надеж. А надеж секогаш има.

ada напиша:
Секој има различна психолошка толеранција на нештата. Секој се брани себе си од животот и тешкоитиите на различен начин.
Некој запаѓа во алкохолизам. Некој бега преку прекумерна работа. Некој бега преку претерана грижа за семејството.
Механизмите за одбрана на личноста се безброј и никој не е имун на нив.
Да, но затоа и секој добива различно ниво на почит од различни личности. Јас не реков дека тоа не се луѓе, дека се суштества кои се изгубени. Реков само дека секогаш има и други начини.

ada напиша:
И оној што се смета за пример за нормалност, пати од најмалку две неуротични пореметувања и бегства. Апсолутна урамнотеженост НЕМА. Затоа без залутеување со осуда.
И пак ќе повторам. Намерата на постот не беше осуда. Туку јас кажав дека за мене е полесно да му дадам аплауз на оној кој не се завлекол себе на таков начин. Секогаш може да се повтори нешто кое било. Ако не за една година, тогаш тука се сите останати кои следат после неа.

ada напиша:
Тој што умира како алкохоличар и притоа уништува животи на други, треба да се жали, и ако некој веќе инсистира, осуди со коментари или што ви е веќе драго.
Тој човек нема да се осуди затоа што и како таков ќе остане неприметен од оние кои судат и омаловажуваат, а пред тоа не тргнуваат од себе.

ada напиша:
Оној кој собрал снага да го прекине тој круг на деструкција, треба да се поздрави, затоа што смогнал сили, се покајал и поправил.
А јас го кажав следново:
гладиус напиша:
Не станува збор за потценување и потсмевање. Едноставно посотјат луѓе (како јас) кои иако го вреднуваат и почитуваат тој труд, сметаат дека целиот напредок во животот би бил поубав доколку не би требало да се поминува низ еден таков период.

ada напиша:
Или можда совршените треба да го фрлат првиот камен поради неговото минато?
Не, не треба тие да го фрлат каменот. Дури и да сакаат, не можат, затоа што совршенство не посоти. Секој човек кој фрла камен, ризикува тој да му се врати. И сама кажа дека нема човек кој не пати од барем две неуротични пореметувања. Но се’ е до тежината на тие бегстава.

ada напиша:
Дали треба да ги понижуваме и потсеќаме тие луѓе на она што некогаш биле?
Дали треба да ги мачиме зошто донеле погрешни избори?
Што?
Ниту потценување, ниту потсеќање. За тие луѓе (кажав на неколку пати и погоре) кои го надминале тоа самоповредување е потребна дури и минимална почит. Поддршката останува на тие околу нив. Но никаде не реков дека треба мачење за грешниот избор. Аплауз добиваат, само не онолку силен колку другите(бар според мене):)

ada напиша:
И да повторам, тоа се слаби луѓе. несреќни луѓе. луѓе кои патат.
Оние што не влегле во круг на автодеструкција и деструкција се секогаш повластени на некој начин.

И зарем тие треба да плукаат врз слабиот, немоќен патник?
Сите, на еден или на друг начин себе се повредуваат и уништуваат. Ако не со алкохол и дрога, тогаш со цигари и прекумерно јадење на благо. Гнетење на брза храна. Се’ ова допринесува до самодеструкција. Така да, никој не е достоен да понижи некого и да плука врз некого. Но сите имаа право да одлучат на која претстава ќе го дадат поголемиот и погласниот аплауз.
Знаеш дека после секој крај на претставите се дава аплауз на сите. Сите се поздрав за одлично сработеното и одиграното, но некои се повреднувани а некој не толку вреднувани.
Важното е што сите се почитувани.
 
Од каде следи и она што го напишав:

Да, но затоа и секој добива различно ниво на почит од различни личности. Јас не реков дека тоа не се луѓе, дека се суштества кои се изгубени. Реков само дека секогаш има и други начини.

И пак ќе повторам. Намерата на постот не беше осуда. Туку јас кажав дека за мене е полесно да му дадам аплауз на оној кој не се завлекол себе на таков начин. Секогаш може да се повтори нешто кое било. Ако не за една година, тогаш тука се сите останати кои следат после неа.

Тој човек нема да се осуди затоа што и како таков ќе остане неприметен од оние кои судат и омаловажуваат, а пред тоа не тргнуваат од себе.

А јас го кажав следново:

Не, не треба тие да го фрлат каменот. Дури и да сакаат, не можат, затоа што совршенство не посоти. Секој човек кој фрла камен, ризикува тој да му се врати. И сама кажа дека нема човек кој не пати од барем две неуротични пореметувања. Но се’ е до тежината на тие бегстава.

Ниту потценување, ниту потсеќање. За тие луѓе (кажав на неколку пати и погоре) кои го надминале тоа самоповредување е потребна дури и минимална почит. Поддршката останува на тие околу нив. Но никаде не реков дека треба мачење за грешниот избор. Аплауз добиваат, само не онолку силен колку другите(бар според мене):)

Сите, на еден или на друг начин себе се повредуваат и уништуваат. Ако не со алкохол и дрога, тогаш со цигари и прекумерно јадење на благо. Гнетење на брза храна. Се’ ова допринесува до самодеструкција. Така да, никој не е достоен да понижи некого и да плука врз некого. Но сите имаа право да одлучат на која претстава ќе го дадат поголемиот и погласниот аплауз.
Знаеш дека после секој крај на претставите се дава аплауз на сите. Сите се поздрав за одлично сработеното и одиграното, но некои се повреднувани а некој не толку вреднувани.
Важното е што сите се почитувани.
:)
Не велам дека алкохоличарите, наркоманите, промискуитетните и останатите кои се извлекле од канџите на порокот, треба да бидат особено повластени.
Само велам дека заслужуваат поздрав и подршка за снагата и за враќањето на правиот пат. Повторувам, не некои особени бенифиции, туку едно човечко прифаќање и разбирање.

Имено, ре-социјализацијата на таквите луѓе секогаш оди тешко. Пред се, поради недовербата од околината. Истата ги турка назад кон девијантно однесување, затоа што си велат: Пробав поинаку, вложив труд да се променам, ме отфрлаат и потценуваат. Пак се е по старо.Зошто воопшто да се трудам?

Па, наместо со недоверба, потсмевање, осуда (без разлика колку ги заслужиле со постапките од минатото), потребно е да им се пристапи со подршка и одобрување. Пред се, за да им се помогне да се одржат на вистинскиот пат. Затоа што истото ги прави среќни нив, но ја прави посреќна и поспокојна и нивната околина. За двојно добро е :)

За крај, хипотетичка ситуација:
-Родител има две деца. Едното постојано е болежливо. Другото е, фала Богу, здраво.
На кое ќе му обрнува повеќе внимание, барем кога се работи за здравјето, на кое повеќе ќе му се радува кога нема да биде настинато и сл.?
 
За почеток хипотетичка ситуација:
Родител има две деца. На едното дете му обрнува повеќе внимание. Кое е болежливото дете, и зошто тоа е хронично болно?
 
Претпоставувам кон што целиш, но да не се одалечуваме премногу од самата тема. :)

Значи, со она што јас го пишав, сакав да предочам како нормално е да постои поголема подршка и внимание за некој кој е слаб и болежлив, на било каков начин.

Оној "здравиот", се сфаќа некако здраво за готово.
 
дефинитивно добра поента има темава. Дивајн, имаш право за тоа дека многу луѓе што имаат просечен живот не им аплаудираат за тоа што одолеале. само, често ми се има десено да ме прашаат дали пушам, ќе речам не. и бравос ќе ми речат.а не знам што е толку тешко, да не пушиш.
 
Аплауз?Во оваа земја аплауз имам само за два типови на луѓе,едниот тип е оној кој што создал сам се во својот живот,ги има толку малку што не можам да не ги ставам први на листа.Овде каде буквално доживуваме сопствен Survival каде со своите раце и ум да креираш живот е рамно достојно на успех од најголеми размери.Посебна наклонетост имам кон сиромашни луѓе кои се извлекле од тој пекол.
Вториот тип се луѓе кои држат до свои принципи,не можеш да ги поткупиш по ниедна цена,оние кои љубат искрено,се борат храбро и не се лицемерни.
 
Аплауз за што, не аплауз за кого.

Кога тогаш сите добиваме аплаузи и овации штом "падне" завесата на сцената.
 
Аплауз за тие што никогаш не дошле до момент за истиот.

Целиот живот е еден тивок аплауз за успешните.
 
Затоа што го има преживеано тоа, нема многу такви примери :).

Епа тука е поентата-го има ПРЕЖИВЕАНО,а за да го има преживеано мора да се лизне...на калта па потоа да стане,за разлика од ТИЕ има многумина кои.....гледаат сеир и се смеат.

--- надополнето ---

И зарем тие треба да плукаат врз слабиот, немоќен патник?

НЕ,ама во пракса плукаат и те како.
 
Pa ednostavno covek koj pominal niz seto zlo i uspeal da se izbavi-pokae itn e mn pogolem covek od onoj koj sekogas bil prosecen.Pa eve i eden citat "Let me tell you something you already know. The world ain't all sunshine and rainbows. It is a very mean and nasty place, and I don't care how tough you are, it will beat you to your knees and keep you there permanently if you let it. You, me or nobody is going to hit as hard as life. But it ain't about how hard you hit. It's about how hard you can get hit and keep moving forward; how much you can take and keep moving forward. That's how winning is done! Now, if you know what you're worth, then go out and get what you're worth. But you gotta be willing to take the hit, and not pointing fingers saying you ain't where you are because of him, or her, or anybody. Cowards do that and that ain't you. You're better than that! I'm always gonna love you, no matter what. No matter what happens. You're my son, you're my blood. You're the best thing in my life. But until you start believing in yourself, you ain't gonna have a life."
malce dolgo xD
 
Добива аплауз тој што му треба.
На тој што не му треба не го ни добива , барем у времето у кое што живее. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom