Невозможно е.
Се што вештачки се создава, ќе се распадне кога - тогаш. Нормативно, де јуре, на хартија - секогаш, сите ќе бидеме исти, демократски и ќе се сакаме, ама во реалноста сите знаеме дека нема да биде така. Нема потреба од сојузи и заеднички држави, кога може со труд самите да се развиеме во силна демократска земја со своја химна, знаме и устав и да бидеме свои на своето, каде не мора да се оправдуваме, каде ќе правиме што сакаме и пред се каде што самите ќе одлучуваме за себе, а не на некои седници во Сојузот.
Кој сојуз молим те меѓу Србија - Хрватска, Србија - Словенија, Србија - Бугарија, Србија - БиХ, Србија - Косово? или Хрватска - Словенија? или Македонија со Грција, Бугарија?
Не е возможно, ниту пак јас сакам. Доволно Македонија беше во сојузи или под капа на други држави, кралства, царства и слично.
Дојде времето кога живееме во независна Република Македонија, која иако не е совршена и има многу да работи на тој план, сепак ќе ги прележи детските болести кои секоја демократија ги прележала и ќе се развие во земја достојна за почит кај сите кои ја плукале порано.
Уживам во сопствената земја.
Добрососедски односи - ДА, зашто да не. Соработка - да, во секое време.
Сојуз и заеднички држави - Категорично НЕ.