Балканска Федерација

  • Креатор на темата Креатор на темата Marko vojvoda
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за обединет балкан(балканска федерација)


  • Вкупно гласачи
    98
  • Гласањето е завршено на .

Marko vojvoda

Archduke - Archangel
Член од
31 јули 2008
Мислења
70
Поени од реакции
5
Сонот на ВМРО обединет балкан(балканска федерација).
Уставот на балканската федерација:
1.Сите балкански народи се должни да ги урнат постојните династии и да воведат републикански начин на управување.
2.Секоја балканска република во својот внатрешен живот да е наполно самостојна.
3.Сите балкански републики треба да составуваат една општа Балканска Федеративна Демократска Република.
4.во составот на Балканската Федеративна Демократска Република влегуваат следниве републики:Македонската,Албанската,Црногорската,Грчката,Српската,Бугарската ,Хрватската,Босанско-Херцеговинската,Словенечката,Тракиската,
Романската и Молдавската(последниве две се додаток зашто не сакале да соработуваат)
5.Самостојни републики на Балканот се признаваат не само едноплеменските држави,туку и оние области,со мешано население,чиишто животни интереси тесно се поврзани со географските,историските,политичките и културно-економските услови.
6.Во републиките со мешано население можат да се образуваат автономни окрузи и општини,каде што секоја народност ќе има полна слобода на родниот јазик,верата и обичаите.
7.Официален јазик на секоја одделна република е јазикот на мнозинството.
8.Секоја одделна република испраќа свои ополномоштени народни пратеници во општиот Сојузен парламент на Балканската Федеративна Демократска Република.
9.Од составот на ополномоштените народни пратеници се формира Сојузна влада и Совет што го заменува прецедателот на Федеративна Република.
10.Во составот на Сојузната влада и во Советот влегуваат еднаков број лица од секоја република-федерација
11.Федеративната влада и советот ги раководат сите општофедеративни внатрешни и надворешни меѓународни работи на Балканската Република.
 
и шо ќе праиме нова Југославија?
и кој би бил центарот на федерацијава? каде сите центри ќе бидат стационирани?
 
Во ЕУ...каква што е сега...може...
Балканска федерација - НЕ, благодарам.
 
Невозможно е на Балканот да се оствари такво нешто. Барем според мене, премногу национализам е застапен кај секоја од државите. Не е можно некој со кој до вчера си војувал или условно кажано мразел да делиш иста федерација. На Балканот секој со секого има некој проблем и се е така уплеткано, така да гласам против, не само затоа што сметам дека е невозможно, туку и затоа што сметам и дека нема потреба.

Македонија, а и другите држави, многу побрзо и поубаво е кога би се развивале посебно. Башка, најубаво е чувството да бидеш свој на своето. Сопствена држава, сопствено знаме, химна и устав, нема зошто да бидеме во федерација. А и башка и покрај тоа што нормативно сите би биле исти и рамноправни, фактички секогаш ќе има повеќе и помалку развиени држави во самата федерација и едните ќе наметнуваат свои желби и моќ врз другите.
 
:nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene: Строго ПРОТИВ!
 
Веке има ЕУ,па ние да правиме Балканска федерациja.Има смисал да се ограничаваме само на Балкан?
 
Мојот одговор е НЕ! Затоа што не било, ниту е, а ниту ќе биде можно во блиска, далечна или многу далечна иднина од проста причина што нема едно елементарно комшиско почитување, а камо ли пак нешто повеќе.
 
Балканската федерација беше спонзорирана од Британците и СССР, наметната преку комунистичката идеологија кај нас како најдофатливо решение за решавање на македонското прашање.

Но, сега е беспредметно да се говори за таква федерација кога си имаме независна држава.

Економска унија секако, трговска соработка, поврзување на ресурсите..може, меѓутоа политичко-национални федерации никако.

Јас лично сум за Централно-Југоисточна Европска економска унија почнувајќи од север Полска до кај нас на југ, вклучувајќи ги Полјаците, Чесите, Словаците, Унгарците, Словенците, Хрватите, Србите, Босанците, Романците, Албанците, Бугарите и нас самите.
 
Да, со центар во Обединета Македонија (Солун или Скопје). :helou:
Шегата настрана, на Македонија и требаа стотици години да се ослободи од вештачки креираните граници и федерации, од кои немаме никакво позитивно искуство, така што нова Балканска федерација не ни треба. И која е целта, да се биде во заедница со најголемите негатори на македонската нација во минатото и денес?
 
Од една балканска федерација испаднавме сеа па у друга да влеваме и за некоја година истите срања...не фала,арно ми е вака свој на своето , во ЕУ може и ќе се сретнеме.
 
Јас сум сепак за Македонска Федерација...

За почеток...
 
:nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene: Строго ПРОТИВ!
фашистите умреа 45 барем така не учат по историја а за таквите ко тебе има место у аргентина и некој делови у германија ама тоа ти е за германчиња така да....
 
јас сум за обединета Македонија како независна држава
 
фашистите умреа 45 барем така не учат по историја а за таквите ко тебе има место у аргентина и некој делови у германија ама тоа ти е за германчиња така да....


:lud:?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom