Тужбата во Вашингтон - на стаклени нозе
Автор: Александар С. Димковски
Арбитражата во Вашингтон е ѓаволски тешка работа,
но изгледите на Македонија да го добие спорот се повеќе од реални, сметаат експертите.
ЕВН Австрија вчера соопшти дека покренала постапка против Македонија пред меѓународниот Арбитражен суд во Вашингтон. Ова е втор случај странски инвеститор да ја тужи Македонија на меѓународниот суд откако ОКТА пред неколку години го доби случајот во Париз и доби отштета од 40 милиони долари. Залогот сега е многу поголем. Тужбата на ЕВН се заснова врз договорите за заштита на инвестициите меѓу Република Македонија и Република Австрија.
- Ќе бараме компензација на сите досега направени штети. Износот ќе биде дополнително утврден. Ние сме бизнис-компанија и сакаме да ја работиме нашата работа, но досегашните постапки на ЕЛЕМ нè принудија на ваков потег. - вели Гинтер Офнер од ЕВН Австрија. Експертите кои ги консултиравме сметаат дека нема простор за загриженост за државата.
Основна работа е што
спорот помеѓу ЕВН и ЕЛЕМ е трговски спор,
за кој се надлежни македонските судови. Впрочем двете страни за ова и се договориле.
Единствена арбитража надлежна за ваков случај е домашната арбитража при Стопанската комора на Македонија, велат нашите извори.
За постапка
во Вашингтон треба многу силни аргументи, како национализација на компанијата, експропријација, оневозможување на право на жалба, неповикување на рочиште, дискриминаторски однос и слично. Во овој случај нема такво нешто. Не може да се тврди дека судската постапка е дискриминаторска, а таа не дошла до крај, тврдат експертите. Според нив со ова се врши притисок врз државата за да се постигне договор. Од ЕВН Австрија сметаат дека сè уште има можност да се спречи уште поголема штета.
- Арбитражата не ја исклучува можноста за решение. ЕВН досега нема добиено предлози за решение од која било страна во спорот надвор од судот, ниту била заштитена од неоснованите побарувања - ни изјави Офнер.
Иако важи за високопрофесионално тело, сепак не се исклучува можноста и за политичко влијание врз судот, велат експертите.
Во членот 42 (1) од Конвенцијата на Судот се вели: Трибуналот ќе одлучи во врска со спорот во согласност со законските правила кои се договорени помеѓу странките. Во отсуство на вакви договори судот ќе ги примени меѓународните правила.
Во случајот со ЕЛЕМ и ЕВН постои меѓусебен договор каде се регулирани правата и обврските, тврдат правниците.
Од извори блиски на
ЕРВЕ од Германија, која исто така беше заинтересирана за купување на ЕСМ, ни изјавија дека се повлекле и не сакале да преземат ризик токму заради проблемот со наплатата на старите долгови. Нивно мислење е дека се работи за утка на консултантите.
Македонија има потпишано околу 40 билатерални спогодби со различни држави кои меѓу другото се потпишуваат и како заштита и чадор за странските инвеститори. Со самото тоа Македонија се обврзува дека прифаќа да се суди со секој инвеститор, во случајот ЕВН Австрија, што ќе оди во Вашингтон. Тоа е израз на висока демократска култура, велат експертите. Земјите од јужна Америка на пример не прифаќаа никаква арбитража.
Постапката пред судот во Вашингтон ја водат тројца врвни експерти, од кои еден избира Македонија, еден Австрија и за третиот двете странки треба заеднички да се договорат.
Најновата пресуда на судот се однесува на спор помеѓу израелски инвеститори и Чешка, каде што судот после 5 годишен процес се прогласи за ненадлежен. Генерално земено постапките траат неколку години, а адвокатските трошоци се големи и за двете страни. Најкарактеристичен случај каде што меѓународната арбитража пресудила против државата е во САД, кога второстепениот суд го задолжил инвеститорот да даде кауција од 600 милиони долари само за да има право да поднесе жалба. Во Македонија секој може да се жали за сè и сешто пред судовите и тоа е бесплатно.
Австријците очекуваат праведен третман кон ЕВН
Кај австриската влада постои надеж дека ќе има праведно решение во спорот меѓу ЕВН и ЕЛЕМ и дека австриската компанија ќе има праведен третман како инвеститор во Македонија.
Ова го рече Алојз Краут, амбасадор на Австрија во земјата, кој вчера одржа трибина во Прилеп на тема „Акција за Европа“. Според Краут, кај нивната Влада сè уште постоела надеж дека ќе се најде компромисно решение за спорот меѓу ЕВН и ЕЛЕМ.
- Се надеваме, со оглед на тоа дека ЕВН поднесе жалба до Апелацискиот суд, дека ќе биде прифатена жалбата и ќе се донесе вистинската одлука. Она што јас можам да го кажам е дека на 30 април до македонската влада доставивме писмо потпишано од шест амбасадори, при што реагиравме на пропустите што беа направени во судскиот процес, кој беше воден надвор од сите стандарди - рече амбасадорот Краут.
Ка.М.
http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&EditionID=394&top=1&ArticleID=24622
Германците не ја купиле ЕСМ баш заради тоа шо у договорот имало да се наплатат долгови ..... а ЕВН го прифанале тоа ... Нивен Проблем ,....