Влада Vs. ЕВН , дали се согласувате со политиката на владата?

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување

Дали мислите дека владата води разумна политика во спорот со ЕВН?

  • Да, апсолутно се согласувам со владата

    Гласови: 38 55,9%
  • Да, сепак во интерес на надворешниот углед и инвеститорската клима треба да отстапи од сегашните поз

    Гласови: 5 7,4%
  • Не, ЕВН е во право

    Гласови: 21 30,9%
  • Друго, наведи во коментар

    Гласови: 4 5,9%

  • Вкупно гласачи
    68
Владата го разгорува нападот против ЕВН



ЕВН досега има нула инвестиции во земјава, тврди Зоран Ставрески

Маја Томиќ

Владата, конечно, вчера и' го презентира на јавноста ставот за актуелниот спор меѓу државната ЕЛЕМ и ЕВН. Но, наместо да ја смири растечката тензија меѓу компаниите, која има се' поголемо внимание од меѓународната јавноста, таа долеа масло во огнот. Овој пат ставајќи акцент на досегашните инвестиции на ЕВН.

Според вицепремиерот Зоран Ставрески, австриската ЕВН во првите две години од купувањето на ЕСМ не вложила ниту едно евро во земјава, а направените инвестиции, всушност, биле на „ЕВН Македонија“, и тоа од парите на граѓаните.

„Според купопродажниот договор, ЕВН во првите две години требаше да инвестира 67 милиони евра, а во третата година уште 29 милиони евра. За секоја инвестиција ЕВН требаше да и' доставува на Владата сертификат. Бидејќи тоа до денес не се случило, Владата во 2008 година го ангажира ревизорот ’Ернст и Јанг‘ и, според него, во првите две години ЕВН имала инвестиции од 23,9 милиони евра, што е спротивно на договорот. Она што е вложено не се инвестиции на австриската компанија, туку на ’ЕВН Македонија‘, со парите на граѓаните“, рече Ставрески на вчерашната прес-конференција, додавајќи дека Владата го цени ЕВН како странски инвеститор и дека спорот не треба да има влијание врз потенцијалните странски инвеститори.

Министерот за економија, Фатмир Бесими, посочи дека е битно и Владата и ЕВН да ги исполнуваат обврските од купопродажниот договор, а Владата и понатаму ќе прави се' за да привлече повеќе инвестиции кои ќе значат нови вработувања и приближување на Македонија кон ЕУ.

Во врска со спорот меѓу ЕЛЕМ и ЕВН, Ставрески потсети дека Владата веќе го кажала својот став, дека таа не е странка во спорот, дека не смее, не сака и не може да дава коментари за судски спор меѓу две трговски друштва и дека двете страни во процесот ги уживале сите правни средства за заштита на своите интереси. Само она што е специфично во спорот е високата сума која ја побарува ЕЛЕМ од ЕВН.

Ставрески додаде дека ЕВН, како и сите други инвеститори, била целосно запозната со финансиската слика на ЕСМ и со билансните состојби. Тој не одговори прецизно на прашањето дали Владата го продаде ЕСМ со долгови или чисто. Односно, дали побарувањата на ЕЛЕМ од ЕВН од 6,5 милијарди денари, или 107 милиони евра, по основа на неплатени сметки биле впишани како долг на компанијата што треба да го плати новиот сопственик на ЕСМ.

Иако досега за спорот меѓу двете компании имаше повеќе реакции од Европската комисија, како и од дипломатскиот кор во земјава, за Ставрески меѓународната јавност не врши никаков притисок врз Владата. Дури и на нејзино барање завчера на средба биле повикани амбасадорите, на која претставниците од ЕЛЕМ ги информирале за деталите на правната постапка на спорот, кој се водел според сите правни стандарди. А, тоа што вчера дошле претставници на Европската енергетска заедница на средба во Владата, според вицепремиерот, бил редовен состанок на кој спорот меѓу компаниите не бил главна тема, туку се разговарало за состојбата на европскиот енергетски пазар.

„Не би се согласил дека Владата е под притисок на меѓународната јавност, секој може да даде свој коментар за спорот, и тоа е добредојдено, но логичен е интересот поради високата сума пари. Иако таа е приближно колку што плати ЕВН за да го купи ЕСМ (225 милиони евра), Владата никогаш немала идеја дека преку наплатата на парите, државата сака повторно да ја национализира дистрибуцијата. Тоа е спор меѓу две трговски друштва“, рече Ставрески.

Гинтер Офнер, претставникот на ЕВН АГ, на вчерашната конференција „Европски ден на претприемачи“, изјави дека очекува Владата да ја заштити компанијата од неоснованите обвинувања на ЕЛЕМ. Според Офнер, ЕСМ е продадено на ЕВН без долгот кој сега се тврди дека постои. „Тој факт беше гарантиран од продавачот, односно Владата, и затоа очекуваме да не' заштити од неоснованите обвинувања на ЕЛЕМ, компанија која целосно е контролирана од државата“, изјави Офнер.

Коментирајќи ги обвинувањата на Владата дека ЕВН не ги исполнила инвестициските обврски од договорот, Офнер рече дека компанијата во изминатите три години инвестирала 108,3 милиони евра, односно за 12 милиони евра повеќе од обврската во договорот.

Неколку пати предложивме доколку има сомневања дали сме ја исполниле оваа обврска, да се оди на арбитража во Лондон каде што трета меѓународна страна ќе даде објективна слика“, изјави Офнер.

Според германската амбасадорка во Македонија, Урлике Кноц, пак, расправата помеѓу Владата и „ЕВН Македонија“ многу внимателно се следи во странство веќе неколку месеци. „Првостепената одлука на судот отвори многу прашања, меѓу кои и прашањето за судскиот систем. Мислам дека за секој инвеститор тоа ќе биде многу интересно, и во иднина многу добро ќе размисли и ќе се запраша дали да инвестира во оваа земја“, рече таа на вчерашната презентација на германско-македонското стопанско здружение на анкетата за деловната клима. Претседателот на ова здружение, Николај Бејкерс, истакна дека на секој инвеститор, без разлика од каде е и во која земја инвестира, му е особено важно да важат исти правила.


Извор УТРИНСКИ
Si ima kupoprodazen dogovor i se si e tamu napisano...loso e na ova da se gleda vo stil Sds go prodade-loso e...nie ce go vratime-dobro ce e...

Znaci podrzuvam se sto e vo odbrana na MK interes od toj dogovor...a se sto e pojce e za zalenje...off record vo pravo sme...a vlada samo nastapuva vo ime na nas gragjani...
 
Според мене основниот проблем е во тоа што некој нешто продал па се сторил пишман.

Е, така не бива... Условите под кои е продадено ЕСМ се посебна тема; јас полемизирав околу односот кон австријците откако нешто си им продал.

Ако некој не учествувал во продажбата и не ќарил, не му дава за право да опструира. Да, поклонето е. И, сега треба цел свет да види дека внатрешно сме тотална мизерија?

Не се сложувам. Сигурно се поткрепени со правни чакти штом си дозволуваат меѓународни арбитражи. А ние што не сме ги читале договорите (или не им одговарало да ги читаат), е тоа е друга приказна.

Па за 200 милиони евра ќе стигнеш и до Советот за Безбедност а не на некаков таканаречен Американски меѓународен суд.:toe:
 
Прашање: дали ЕВН врши наплата на струјата во Арачиново и сличните региони, каде до сега со пушка се протеруваа наплатувачите на струја?
 
Тоа покажува со какви говеда си иаме работа. Груевски го споредија со Чавез, а Чавез денеска презентираше мобилен телефон од 14 долари. Колку само сакам Грујо да беше Чавез:pos2:.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=108362

Еве еден коментар од страната на А1:

"Sega sekoj vo Venecuela ke treba da odvoi pola mesecna plata za da moze da si gi kupi ovoj telefon. Bravo za Cavez."


Сеуште сакаш Гвујо да биде Чавез ?
 
Еве еден коментар од страната на А1:

"Sega sekoj vo Venecuela ke treba da odvoi pola mesecna plata za da moze da si gi kupi ovoj telefon. Bravo za Cavez."


Сеуште сакаш Гвујо да биде Чавез ?

Додека ти веруваш на некој празноглавец што коментирал на вебот на А1 јас го најдов ова па прочитај.

http://answers.yahoo.com/question/index?qid=20071211213336AACRdCr

Луѓето викаат дека просечна плата била 3000 долара годишно = 250 долата месечно.
 
Додека ти веруваш на некој празноглавец што коментирал на вебот на А1 јас го најдов ова па прочитај.

http://answers.yahoo.com/question/index?qid=20071211213336AACRdCr

Луѓето викаат дека просечна плата била 3000 долара годишно = 250 долата месечно.
:pos2::pos2::pos2:
извор го ставаш answers yahoo ,тоа ти е исто како да ставиш текст од википедиа ....
не ти е веродостоен изворот најди друг ,колку што знам таму обични луѓе даваат одговори можам и јас да пишам дека овде заработуваме 3000 ервра месечно и тоа е минимум плата
 
Интересно е што одлуката на основен суд Скопје може да се обжали и со тоа повторно да се разгледаат аргументите на ЕВН.
Тоа судскиот систем го одозволува.
Наместо тоа што се прави ?

Се врши напад врз одлука на суд од страна на дипломати, истите тие кои 2 недели пред тоа велеа дека одлуки на суд не се коментираат во демократски држави.

Дали за 2 недели судскиот систем во Македонија толку нагло се влошил ?

Наивно е да се кажува дека ЕВН не ги разгледала сите аспекти од договорот.
 
Интересно е што одлуката на основен суд Скопје може да се обжали и со тоа повторно да се разгледаат аргументите на ЕВН.
Тоа судскиот систем го одозволува.
Наместо тоа што се прави ?

Се врши напад врз одлука на суд од страна на дипломати, истите тие кои 2 недели пред тоа велеа дека одлуки на суд не се коментираат во демократски држави.

Дали за 2 недели судскиот систем во Македонија толку нагло се влошил ?

Наивно е да се кажува дека ЕВН не ги разгледала сите аспекти од договорот.


Ostaj stranskite diplomati , gledaj partiskata vojska sto pravi...
Koga ja ukinaa veronaukata se nutepaa od falenje na sudot , a SEGA???
 
Би сакал ЕЛЕМ да го добие спорот, зашто како Сендреи, Баум и слични “инвеститори“ далеку ќе дотераме, а овие не ми изгледаат поарни...
Само ме плашат изјави на наши експерти кои тврдат дека ЕВН е во право и дека можат да не добијат на меѓународна арбитража.
А ЕВН најавува да бара отштета од 1 милијарда евра.
Само ме плаши да не испадне нова “ОКТА“ и да плаќаме пенали.
Се надевам дека ќе се реши во наша корист,не можам да им верувам на ниеден досегашен странски “инвеститор“ - се покажаа како “инвестираат“.
 
Ме изненадуваш , лично го познаваш човекот , и викаш дека е полуписмен ?
Можеби и ќе ти поверува некој :pos2:

Pa toj NE POZNAVA samo pismeni...Makedonija e polna so POLUPISMENI i NEPISMENI...:)

Го забораваш,можеби намерно Фатмир Бесими,економистот на Грујо во оваа влада,човекот кој не убедуваше сите дека со ЕВН како инвеститор се ќе биде во најдобар ред,особено ако им ја дадеме со таен договор во кој не се споменуваат 200 милиони евра пари,за кој всушност сега се судат ЕВН и МЕПСО преку Владата.А Бучко и компанија добро се нафатираја од процентите што се обавезни при секоја продажба на било која државна компанија.Впрочем така се нафатира и Грујо кога се продаваше ОКТА,или ЉуБџо кога се продаваше Телеком.:toe:

Bucko e BOOOGAT covek, Gwujo e nesto pomalku boogat covek, Besimi e uste nesto pomalku boogat covek, Ljubco e BOOOGAT covek...itn.itn....samo Makedonija e epten SIROMASNA...

Еве еден коментар од страната на А1:

"Sega sekoj vo Venecuela ke treba da odvoi pola mesecna plata za da moze da si gi kupi ovoj telefon. Bravo za Cavez."


Сеуште сакаш Гвујо да биде Чавез ?

Imase eden Peron vo komsii na Cavez...nego Gwujo go imitira, sega uste nekoja Evita da najde.... :) pa ke propeeme....
 
Еве еден коментар од страната на А1:

"Sega sekoj vo Venecuela ke treba da odvoi pola mesecna plata za da moze da si gi kupi ovoj telefon. Bravo za Cavez."


Сеуште сакаш Гвујо да биде Чавез ?


Ти веруваш на рекла-казала? Не ме изненадува, затоа си про-СДС ориентиран, зошто веруваш на пропаганда, а не на дела :toe:

ГДП по глава во Венецуела е 12.785 УСД, што е повисоко од една Хрватска, Маџарска, Словачка...

Еве ги извештаите на ММФ за Венецуела...
http://www.imf.org/external/pubs/ft...DPDPC,PPPGDP,PPPPC,LP&grp=0&a=&pr.x=42&pr.y=0

Камо среќа Грујо да беше ко Чавез :toe:

Bucko e BOOOGAT covek, Gwujo e nesto pomalku boogat covek, Besimi e uste nesto pomalku boogat covek, Ljubco e BOOOGAT covek...itn.itn....samo Makedonija e epten SIROMASNA...

го забраи НАЈБОГАТИОН човек- Бане :toe:

Или Бане ве фаворизира вас цинцарите, па се тепате за него како слепци за стап:baeh:
 
Бесими со различен став од тврдењата на ЕЛЕМ

Министерот за економија, Фатмир Бесими, со различен став од тврдењата на ЕЛЕМ, за спорот со Австриски ЕВН.
Тврди долгот помеѓу двете компании е затворен и регулиран со анекс договор пред приватизацијата. Во изјава за А1 Бесими објаснува дека „анекс договорот е склучен пред приватизацијата во 2005. помеѓу ЕЛЕМ и ЕСМ, за отстапување на побарувањата со цел да се измират обврските од 6,5 милијарди денари преку наплатување на побарувањата со што 50 проценти му следуваат на ЕЛЕМ а 50 на ЕВН, вели Бесими.

Во членот три од анексот, пишува дека сумата од 100 милиони евра ќе се дели пола - пола, меѓу двете компании. Членот седум надополнува - доколку дојде до неможност да се наплати дел од побарувањето компаниите ќе направат отпис. Двете компании се заведени како отстапувач и примач на побарувањето. Неодамна и Златко Черепналковски енергетски експерт весникот КОХА изјави дека „анексот е јасен, ова не е долг на ЕВН кон ЕЛЕМ, туку е на потрошувачите кон ЕЛЕМ, а ЕВН наследил обврска да го наплати од потрошувачите тој стар долг, а откако граѓаните ќе го подмират, ЕВН да му префрли на ЕЛЕМ 50%. Доколку ЕВН ја бара правдата во Вашингтон Македонија ќе го загуби спорот“.


Черепналковски инаку е дел од консултантската кука Мајнел Банк, што работеше за владата во приватизациониот процес на ЕСМ. Спорот помеѓу ЕЛЕМ и ЕВН одекна и до БРИСЕЛ и веќе е извесно дека ќе се најде во следниот извештај на Европската Унија за напредокот на Македонија.


ЛИНК
 
Па овој Бесими го склучи договорот за продажба на ЕСМ во време на владеењето на СДС и ДУИ. Сигурно има добиено и некоја провизија, сеа му се јавиле и за 500 евра ја добил и оваа работна задача, да биде против сопствената држава. Жално. Секој гледа што е негово, а заборавивме дека има некои работи што се наши.
 
“анексот е јасен, ова не е долг на ЕВН кон ЕЛЕМ, туку е на потрошувачите кон ЕЛЕМ, а ЕВН наследил обврска да го наплати од потрошувачите тој стар долг, а откако граѓаните ќе го подмират, ЕВН да му префрли на ЕЛЕМ 50%
 
Па овој Бесими го склучи договорот за продажба на ЕСМ во време на владеењето на СДС и ДУИ. Сигурно има добиено и некоја провизија, сеа му се јавиле и за 500 евра ја добил и оваа работна задача, да биде против сопствената држава. Жално. Секој гледа што е негово, а заборавивме дека има некои работи што се наши.

ЕВН поднесе жалба до скопска Апелација

Австриската ЕВН вчера до Апелациониот суд ја достави жалбата на донесената првостепена судска пресуда во корист на ЕЛЕМ, која компанијата веќе ја оцени за скандалозна. Во меѓувреме, правни експерти интензивно ја подготвуваат и тужбата на ЕВН против државата Македонија, која се очекува набрзо да се достави до Меѓународниот суд во Вашингтон. Во компанијата речиси се сигурни дека ќе излезат како победници, односно дека судот во Вашингтон ќе донесе пресуда во нивна корист, како по основ на актуелниот спор со државната ЕЛЕМ, која со судска пресуда од ЕВН побарува 6,5 милијарди денари или 107 милиони евра, односно уште толку со камати, така и поради повеќе пречки во досегашното работење на ЕВН.

Колкава ќе биде сумата која ќе се бара како отштета се' уште не се обелоденува. Но, со оглед на големиот број забелешки на ЕВН во изминатите три години и штетите кои ги претрпе, според некои експертски толкувања, можно е Македонија да треба да исплати дури и една милијарда евра, што би било приближно колку половина буџет.

Пред се', ЕВН ќе ја тужи државата поради прекршување на Договорот за поттикнување и заштита на инвестициите меѓу Македонија и Австрија, потпишан меѓу двете влади во 2002 година. Во него државава се обврзува дека ќе ги поддржува австриските инвестиции, ќе го избегнува дискриминаторското однесување, нема да спроведува експропријација, ќе гарантира фер судски постапки и нема со свои постапки да го нарушува имиџот на компанијата.

Директорот на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски, на последниот прес, отворено рече дека доколку ЕВН не ја плати бараната сума, таа ќе биде наплатена со извршители, а ако не може и така, ќе се конфискува имотот на ЕВН. Со други зборови, државата повторно ќе ја врати во своја сопственост „Дистрибуција“.

Околу спорот, вчера повторно се огласи и ЕЛЕМ, која нагласи дека „било каква манипулација да смисли ЕВН против ЕЛЕМ и нашето судство, тоа нема да и' помогне да ја одбегне обврската за плаќање на долгот“.

Според ЕЛЕМ, ЕВН ги злоупотребила шесте амбасади во Македонија, давајќи им улога на адвокати во судскиот процес.

„Како поинаку да се протолкува тврдењето на ЕВН дека е запознат со писмото испратено од страна на амбасадите до Владата, кога истото не е јавно објавено“, велат од ЕЛЕМ. Според нив, невистинито е и правно несериозно тврдењето дека постоело некакво старо ЕСМ, кое не било предмет на приватизација, кое сега веќе не постои. „ЕСМ е еден правен субјект, кој никогаш не бил стар или нов, туку едно друштво, во кое со приватизацијата е сменет само сопственикот, а потоа и името “, тврдат од ЕЛЕМ.

Изминатите две години Владата отворено ја обвинува ЕВН дека нема толку инвестиции колку што се обврзала со купопродажниот договор, а премиерот Никола Груевски дури рече дека ЕВН е пример за досега најлошиот инвеститор во земјава.

Очигледно е дека речиси сите наведени одредби од Договорот во судскиот процес со ЕЛЕМ се нарушени, велат во ЕВН, а особено потенцираат дека во судскиот процес кон нив имало дискриминаторски однос и не биле земени предвид документите кои ЕВН сакала да ги приложи. Од адвокатски извори дознаваме дека доказите на ЕВН во судот биле сместени во 10 кутии, но судијата одбил да ги прими и да ги разгледа. Тоа го забележале и амбасадорите, а дел од нив и изјавија дека ЕВН имал целосно нефер третман.

Дополнително, тужбата на ЕВН ќе ги содржи и забелешките на досегашните одлуки на Регулаторна комисија за енергетика за зголемување на цената на електричната енергија, кои ЕВН ги цени за некоректни, затоа што ниту еднаш не ги доби бараните проценти на корекција, туку многу помалку, за разлика од државните ЕЛЕМ и МЕПСО. Во тужбата ќе се спомне и за измените во Законот за енергетика, за кои имаше и има реакции од Брисел, во смисла дека Законот е спротивен на ЕУ регулативата и на меѓународните договори за заеднички енергетски пазар, кои ги има потпишано Македонија. Според овие измени, на ЕВН и' се дозволи само 11 отсто од техничките загуби да ги купува по регулирани цени, а остатокот, од приближно уште толку проценти, да ги набавува по пазарни, повисоки цени, за што компанијата има високи, непланирани трошоци.


Линк


Сеуште наивно мислиш дека ЕВН ќе тужи само за да не го плати наводниот долг од околу 107 милиони евра ?


Ти мириса ли ситуацијава на нова Окта ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom