Влада Vs. ЕВН , дали се согласувате со политиката на владата?

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување

Дали мислите дека владата води разумна политика во спорот со ЕВН?

  • Да, апсолутно се согласувам со владата

    Гласови: 38 55,9%
  • Да, сепак во интерес на надворешниот углед и инвеститорската клима треба да отстапи од сегашните поз

    Гласови: 5 7,4%
  • Не, ЕВН е во право

    Гласови: 21 30,9%
  • Друго, наведи во коментар

    Гласови: 4 5,9%

  • Вкупно гласачи
    68
Го забораваш,можеби намерно Фатмир Бесими,економистот на Грујо во оваа влада,човекот кој не убедуваше сите дека со ЕВН како инвеститор се ќе биде во најдобар ред,особено ако им ја дадеме со таен договор во кој не се споменуваат 200 милиони евра пари,за кој всушност сега се судат ЕВН и МЕПСО преку Владата.А Бучко и компанија добро се нафатираја од процентите што се обавезни при секоја продажба на било која државна компанија.Впрочем така се нафатира и Грујо кога се продаваше ОКТА,или ЉуБџо кога се продаваше Телеком.:toe:

апсолутно....кај нас продавањето на фирми од стратешки интерес се виде како личен...па кој продава фирма која вреди 500милиони минимум градено 50 години за џабе...

и кои инвестиции ако имаше инвестиции немаше РЕК битола да биде во катастрофална состојба...дали австријците се однесуваат недомакински кон средствата или нашиве таму не знам....:toe:
 
Адвокатот на ЕВН самиот кажа дека самоиницијативно ЕВН исплатила 4% од долгот кон ЕЛЕМ пред тужбата. Самиот тој чин е правна потврда (во секое праводуство) дека ЕВН го прифатил долгот кон ЕЛЕМ!

ЕВН ги тужи старите должници за струја, а по наплатата на тие пари, избегнува да ја префрли половината од средствата на ЕЛЕМ, кој ја произвел струјата!

Ем се сака да се наплатат старите долгови на екс-ЕСМ од стари должници, ем да се избега од обврската да се плати произведената ел. енергија на производителот на струјата- ЕЛЕМ! И сега владата била виновна? :nenene:
Кој е нечесниот тука?
 
РЕК Битола е дел од ЕЛЕМ , а не од ЕВН :helou:
Адвокатот на ЕВН самиот кажа дека самоиницијативно ЕВН исплатила 4% од долгот кон ЕЛЕМ пред тужбата. Самиот тој чин е правна потврда (во секое праводуство) дека ЕВН го прифатил долгот кон ЕЛЕМ!
И мене тоа не ми е јасно . Зашто ЕВН дигна олкава галама , а уште пред да почне спорот си ги плаќала редовно заостанатите долгови кон ЕЛЕМ ...
 
значи тука е недомакинство од нашите аххх
 
Спорот со ЕВН во следниот извештај на ЕУ

Спорот на ЕВН со македонските власти ќе се најде во следниот извештај на Европската унија за напредокот на Македонија.
Ова го тврди Отмар Карас, потпретседател на Европската народна партија, во која членуваат сите десничарски европски партии.

„Одблиску ќе ги следиме следните случувања во овој случај и ова ќе биде главен предмет за следниот извештај за Македонија, а и за нашите одлуки. Од амбасадорите кои испратија набљудувачи на судските сослушувања, дознав дека имало срамни нерегуларности и искрено, мислам дека со ова се испрати негативен сигнал до Европа и потенцијалните инвеститори“, изјави Отмар Карас, потпретседател на Европската народна партија.

Карас вели дека за да се спречи поголема штета, Владата треба итно да реагира и да изнајде фер и прифатливо решение, а со тоа, ќе ги убедат инвеститорите и ЕУ дека тие се посветени на европските вредности.

Од најдобар интерес за Македонија, за луѓето и за Владата, е да се обезбеди стабилноста и да се воспостави правен систем кој ќе биде транспарентен, фер и заштитен од влијание на власта, додава Карас.

„За спорот меѓу енергетските компании ЕВН Македонија и ЕЛЕМ, главниот збор ќе го има независниот судски систем за тој да го определи односот меѓу приватните субјекти врз основа на договорите кои ги склучиле меѓусебно“, изјави Антонио Милошоски, министер за надворешни работи.

Австриски ЕВН денеска реагираше и на платените огласи од државните електрани. Тврдат дека ЕЛЕМ ја дезинформирал јавноста, прикажувал само делови од Анекс договорот, вадејќи ги фактите од контекст. Со овој Анекс не се констатира долг, туку истиот се затвора, велат од ЕВН Македонија.

Линк
 
Тоа покажува со какви говеда си иаме работа. Груевски го споредија со Чавез, а Чавез денеска презентираше мобилен телефон од 14 долари. Колку само сакам Грујо да беше Чавез:pos2:.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=108362
 
Спорот со ЕВН во следниот извештај на ЕУ

Спорот на ЕВН со македонските власти ќе се најде во следниот извештај на Европската унија за напредокот на Македонија.
Ова го тврди Отмар Карас, потпретседател на Европската народна партија, во која членуваат сите десничарски европски партии.

„Одблиску ќе ги следиме следните случувања во овој случај и ова ќе биде главен предмет за следниот извештај за Македонија, а и за нашите одлуки. Од амбасадорите кои испратија набљудувачи на судските сослушувања, дознав дека имало срамни нерегуларности и искрено, мислам дека со ова се испрати негативен сигнал до Европа и потенцијалните инвеститори“, изјави Отмар Карас, потпретседател на Европската народна партија.

Карас вели дека за да се спречи поголема штета, Владата треба итно да реагира и да изнајде фер и прифатливо решение, а со тоа, ќе ги убедат инвеститорите и ЕУ дека тие се посветени на европските вредности.

Од најдобар интерес за Македонија, за луѓето и за Владата, е да се обезбеди стабилноста и да се воспостави правен систем кој ќе биде транспарентен, фер и заштитен од влијание на власта, додава Карас.

„За спорот меѓу енергетските компании ЕВН Македонија и ЕЛЕМ, главниот збор ќе го има независниот судски систем за тој да го определи односот меѓу приватните субјекти врз основа на договорите кои ги склучиле меѓусебно“, изјави Антонио Милошоски, министер за надворешни работи.

Австриски ЕВН денеска реагираше и на платените огласи од државните електрани. Тврдат дека ЕЛЕМ ја дезинформирал јавноста, прикажувал само делови од Анекс договорот, вадејќи ги фактите од контекст. Со овој Анекс не се констатира долг, туку истиот се затвора, велат од ЕВН Македонија.

Линк

Koj gi ebe tie evro licemeri be?!!!! :)
 
До ЕУ:

Ние Македонија и Македонците искрено сме загрижени со случајот во ХАГ во кој за 2милиони се поткупуваат европските судии ...
ве молиме веднаш под итна постапка да се реформира европското судство затоа што тоа остава погрешен впечаток кон останатите земји аспиранти за влез во ЕУ ...
ако веднаш не најдете начин да го реформирате и да ја искорените корумпираноста во вашиот Судски систем ние а верувам и другите земји аспиранти би се запрашеле пред да продолжиме со реформите за членство во ЕУ ....
Исто така ве молиме да превземете нешто и околу полициската бруталност ... сведоци бевме кога за време собирот на Г8 (или како беше) антиглобалистите беа брутално претепувани за што сведоци бевме од ТВ снимките прикажувани на повеќе канали од кои и на CNN посебно на снимката на која полициски припадник со пендрак ја скрши од ќотек една припадничка на понежниот пол ...кои патем мирно со пароли си протестираа ... каде е таа ЕУ демократија и ЕУ вредности ... и во овој дел задолжително реформи
итн итн итн итн ...........................
:pos2:

:toe:

слободно некој нека ме цитира и продолжи :)
 
Западните амбасадори и ЕВН како Јосип Броз-Тито
Автор: Дарко Јаневски

Пред само еден месец евроамбасадорот во Република Македонија, Ерван Фуере, ги искара сите тие што се осмелија да зборуваат против одлуката на Уставниот суд на РМ за укинување на веронауката во македонските државни училишта. Тоа ја уривало државата, ни порача Ирецот, зашто со критиките се нарушувала независноста на судот, кој бил еден од темелите на демократијата во секоја држава.

А забелешките, во најлошата варијанта, можеа да се сфатат како безопасно арчење зборови, а во најдобрата како можност да се испровоцира дебата од која не може да произлезе никакво зло. Зашто одлуката на Судот беше конечна и извршна и никаков притисок веќе не можеше да ја смени.

Сепак, стамената западна европска демократија претставена од Ерван Фуере, американскиот и другите европски амбасадори во Македонија, остана цврсто на браникот на наводно нарушената независност на Уставниот суд. Добро, можеби така треба. Зошто, нели, ние уште учиме.

Арно ама, триесетина дена по „сталинградската битка“ за Уставниот суд, истите западни амбасадори почнаа да фрлаат дрва и камења против одлуката на скопскиот основен суд во спорот меѓу државниот ЕЛЕМ и австриски ЕВН. Да биде белјата поголема, во прашање е неправосилна пресуда, па здружениот напад на „сојузниците“ може сериозно да влијае врз конечната одлука. И сега на набљудувачот од страна ништо не му е јасно. Па нели истите тие луѓе само до пред некој ден пропагираа нешто друго? Пред сè лекции за независноста на судството.

Но можеби приказната не лежи во немешањето во судските одлуки, сеедно дали се тие на Уставниот суд или на некој од редовните судови во земјава, туку во парите. Овој спор во кој западњаците го плукаат и понижуваат македонскиот суд вреди севкупно околу 160 милиони евра, а за толку пари, очигледно, европските амбасадори во РМ сметаат дека можат да го погазат тоа што до вчера го зборувале.

Патем, постојат стотици граѓани на РМ што незадоволни од разни судски одлуки им пишуваат писма и на Фуере и на другите амбасадори барајќи од нив помош. И колку што е познато, вообичаениот одговор е дека тие не се мешаат во работата на македонските судови и дека граѓаните треба да истраат во барањето правда според домашните закони.

Н о овој случај ја покажува грешката на тие што се обраќаат до амбасадорите: не било до немешањето, ами до парите. А тие писмата ги испраќаат празни. Очигледно, ако ги поткрепат со доволно евра, западните демократи нема да се стеснуваат да влезат во кавга дури и со премиерот на Македонија поради некоја судска одлука, ниту ќе се стеснуваат пред камерите на македонските медиуми да зборуваат како судот донел неправилна одлука. Нема да отсуствуваат ниту заканите, како тие што ги изрече германската амбасадорка Урлике Кноц: ако сме сакале Запад да инвестира во Македонија, ќе треба во овој случај државната компанија да се откаже од парите, а во иднина сè што треба да направиме е да најдеме начин не само ЕВН туку и другите странски компании да уживаат еден вид екстериторијалност од надлежноста на македонските судови (приближно како што тоа Љупчо Георгиевски го стори со „Окта“). Оти нашите судови не ги бива, и ако тоа е така, тие можат да служат само за малтретирање на домашните домородци, но не и да им делат правда на компании што им припаѓаат на луѓе од повозвишените раси.

Ништо помалку ароганција во овој случај не покажа ни ЕВН. И на нив, нормално, не им чини македонскиот суд, па чувме изјави со кои по извесно време, одново на голема врата во Македонија ни го вратија Јосип Броз-Тито и неговата славна реченица од бомбашкиот процес во Загреб во 1928 година кога тврдокорниот комунист храбро извикал: „Не го признавам овој суд“.

Така, и Австријците. И тие, како и Тито, повеќе би го сакале судот на нивната „партија“, а не македонскиот. Впрочем, како минува времето, ним, по сè изгледа, Македонија сè помалку им е по мерак. Прашање е дали воопшто и пијат вода ако не е од австриските Алпи. Но таа Македонија, интересно, им беше многу убава пред само неколку години, кога за 220 милиони евра купија монопол што има побарувања од 150 милиони евра.

На крајот, за кашата да биде комплетна, по средбата на амбасадорите во Владата на РМ, беше соопштено дека забелешките на странците во врска со спорот биле испратени до Судскиот совет. Дали тоа значи дека секој граѓанин на РМ, по првостепена пресуда од која е незадоволен, ќе биде примен од премиерот, а неговите забелешки ќе бидат испратени до РСС со писмо на кое стои владин печат? И кој е сега тој судија во Македонија што во кој било иден спор во кој странка ќе биде ЕВН, сеедно какви ќе бидат доказите, ќе се осмели да пресуди против компанијата?

http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&EditionID=390&top=1&ArticleID=24276
 
Адвокатот на ЕВН самиот кажа дека самоиницијативно ЕВН исплатила 4% од долгот кон ЕЛЕМ пред тужбата. Самиот тој чин е правна потврда (во секое праводуство) дека ЕВН го прифатил долгот кон ЕЛЕМ!
ЕВН ги тужи старите должници за струја, а по наплатата на тие пари, избегнува да ја префрли половината од средствата на ЕЛЕМ, кој ја произвел струјата!
Ем се сака да се наплатат старите долгови на екс-ЕСМ од стари должници, ем да се избега од обврската да се плати произведената ел. енергија на производителот на струјата- ЕЛЕМ! И сега владата била виновна? :nenene:
Кој е нечесниот тука?

Абе нема тука што да се дискутира дали 4% наплата од старите долгови била правна потврда.Кога може некој некому да продаде фирма со капитал од 200 милиони евра (само во пари) за 180 милиони евра,тогаш нешто смрди при самата продажба.Се викаат сите учесници во продажбата на пеење во Шутка и ќе кажат каде се тие 200 милиони евра што котираат како капитал во самото ЕСМ пред да се продаде.

Спорот со ЕВН во следниот извештај на ЕУ
Спорот на ЕВН со македонските власти ќе се најде во следниот извештај на Европската унија за напредокот на Македонија.
Ова го тврди Отмар Карас, потпретседател на Европската народна партија, во која членуваат сите десничарски европски партии.
„Одблиску ќе ги следиме следните случувања во овој случај и ова ќе биде главен предмет за следниот извештај за Македонија, а и за нашите одлуки. Од амбасадорите кои испратија набљудувачи на судските сослушувања, дознав дека имало срамни нерегуларности и искрено, мислам дека со ова се испрати негативен сигнал до Европа и потенцијалните инвеститори“, изјави Отмар Карас, потпретседател на Европската народна партија.
Карас вели дека за да се спречи поголема штета, Владата треба итно да реагира и да изнајде фер и прифатливо решение, а со тоа, ќе ги убедат инвеститорите и ЕУ дека тие се посветени на европските вредности.
Од најдобар интерес за Македонија, за луѓето и за Владата, е да се обезбеди стабилноста и да се воспостави правен систем кој ќе биде транспарентен, фер и заштитен од влијание на власта, додава Карас.
„За спорот меѓу енергетските компании ЕВН Македонија и ЕЛЕМ, главниот збор ќе го има независниот судски систем за тој да го определи односот меѓу приватните субјекти врз основа на договорите кои ги склучиле меѓусебно“, изјави Антонио Милошоски, министер за надворешни работи.
Австриски ЕВН денеска реагираше и на платените огласи од државните електрани. Тврдат дека ЕЛЕМ ја дезинформирал јавноста, прикажувал само делови од Анекс договорот, вадејќи ги фактите од контекст. Со овој Анекс не се констатира долг, туку истиот се затвора, велат од ЕВН Македонија.

Линк

За европските корумпирани европратеници или разни други махинатори кој се најдоа “компетентни“ да дадат изјави по однос на тајниот договор окулу продажбата на ЕСМ,треба само едноставно да им се предочи фактот дека ни еден будала не продава 200 милиони евра кеш пари за само 180 милиони евра.Доколку некој од нив е спремен тоа да го направи нека се произнесе јавно па да му ја купиме кредитната картичка или неговото конто со 10% попуст,после нека дава изјави во јавноста дали продажбата на неговото конто била транспарентна и какви сигнали давала кон потенцијалните купувачи.Во спротивно сите нивни изјави и мислења ќе се сметаат за некомпетентни,посебно за вакви сомнителни “инвестиции“ каде на купувачот му се продаваат кеш пари од 200 милиони за 180 милиони.:toe:
 
Пред само еден месец евроамбасадорот во Република Македонија, Ерван Фуере, ги искара сите тие што се осмелија да зборуваат против одлуката на Уставниот суд на РМ за укинување на веронауката во македонските државни училишта. Тоа ја уривало државата, ни порача Ирецот, зашто со критиките се нарушувала независноста на судот, кој бил еден од темелите на демократијата во секоја држава.

А забелешките, во најлошата варијанта, можеа да се сфатат како безопасно арчење зборови, а во најдобрата како можност да се испровоцира дебата од која не може да произлезе никакво зло. Зашто одлуката на Судот беше конечна и извршна и никаков притисок веќе не можеше да ја смени.

Сепак, стамената западна европска демократија претставена од Ерван Фуере, американскиот и другите европски амбасадори во Македонија, остана цврсто на браникот на наводно нарушената независност на Уставниот суд. Добро, можеби така треба. Зошто, нели, ние уште учиме.

Арно ама, триесетина дена по „сталинградската битка“ за Уставниот суд, истите западни амбасадори почнаа да фрлаат дрва и камења против одлуката на скопскиот основен суд во спорот меѓу државниот ЕЛЕМ и австриски ЕВН. Да биде белјата поголема, во прашање е неправосилна пресуда, па здружениот напад на „сојузниците“ може сериозно да влијае врз конечната одлука. И сега на набљудувачот од страна ништо не му е јасно. Па нели истите тие луѓе само до пред некој ден пропагираа нешто друго? Пред сè лекции за независноста на судството.

Но можеби приказната не лежи во немешањето во судските одлуки, сеедно дали се тие на Уставниот суд или на некој од редовните судови во земјава, туку во парите. Овој спор во кој западњаците го плукаат и понижуваат македонскиот суд вреди севкупно околу 160 милиони евра, а за толку пари, очигледно, европските амбасадори во РМ сметаат дека можат да го погазат тоа што до вчера го зборувале.

Токму така, целата поента.
 
И тие што во Македонија држат лекции за демократија, за поделба на трите власти и даваат пари за проекти за зголемување на независноста на судството не се имуни од напади врз него. Се чини дека од одлуките што се носат во судовите зависи и нивниот однос кон независноста на судството.

Само пред две-три недели меѓународните претставници во Македонија во врска со одлуката на Уставниот суд за укинување на веронауката изјавуваа дека судските одлуки не се коментираат, туку се извршуваат. Деновиве имаме сосема спротивна ситуација - за истите тие меѓународни претставници ова непишано правило за спорот меѓу ЕВН и ЕЛЕМ, се чини, не важи. На големо се пишуваат претставки и се даваат изјави по медиумите за неправилности во постапката. А таа не е ни завршена.

Пресудата, која не им оди во прилог на австриските инвеститори, се' уште не е правосилна. За неа следува жалбена постапка пред второстепениот суд, кој постои токму за да проверува дали првостепените судови направиле повреди на постапката, дали законите правилно ги примениле, дали судиите на кој било начин згрешиле при нивното носење. Дали медиумската кампања на странскиот инвеститор, поткрепена со изјави и потписи на амбасадори во Македонија, со тврдења за незаконитости во постапката не е влијание врз Апелацискиот суд?

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=24ACC7B400DF194FAF4F2B45D2C12234

е Дали .. па нормално дека е ... ама :toe:
ц ц ц
 
Разликата помеѓу мислењата за судовите се состои во тоа што владата не им го продаде ЕСМ насилно на ЕВН како што ја воведе веронауката во школите.Значи ЕВН се тужи за нешто што го купила на пазар се разбира под одредени услови за кој ние појма немаме какви,зошто беа сокриени од народот при продажбата.Веронауката пак се воведе во школите без согласност на сите граѓани во земјава при што за релевантно се зема мислењето на уставниот суд.:toe:
 
Според мене основниот проблем е во тоа што некој нешто продал па се сторил пишман.

Е, така не бива... Условите под кои е продадено ЕСМ се посебна тема; јас полемизирав околу односот кон австријците откако нешто си им продал.

Ако некој не учествувал во продажбата и не ќарил, не му дава за право да опструира. Да, поклонето е. И, сега треба цел свет да види дека внатрешно сме тотална мизерија?

Не се сложувам. Сигурно се поткрепени со правни чакти штом си дозволуваат меѓународни арбитражи. А ние што не сме ги читале договорите (или не им одговарало да ги читаат), е тоа е друга приказна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom