тоа ти е исто ја да земам плата од 50 - 60 илјади и владата да ми спонзорира журки и фестивали,па не драго,најдраго ке ми биде. Прашај некој економист што мисли по ова прашање.Што да кажат оние Македонци кои имаат кредите за исплаќање,што ке им се деси ако девалвира денарот ?
п.с. неам врско со ниедна партија
Абе да те прашам. Викаш страотна економска криза та и дека ќе девалвирал денарот, :pos2: ондак дај бре не купувај нова облека, не искачај навечер, не се кити со дрангулии. Ако нели толку била страотна кризата и тебе толку ти е гајле, дај ја старата облека во црвен крст. на пример место струја телефон мобиљки да плаќаш, оди во пештера да живееш та да заштедиш. А не тука интернет по цел ден да ми користиш. Нели е светска економска криза, оти сурфаш, не сурфај, штеди, со тие пари може леб за цел месец да си купиш, место сладолед водка јагоди, земи си леб и сол и не не замарај :pos2:
А за споменикот ќе се гради и Геро и компанија може само за кулето на букефал да му се фатат
Прво те манипулираат за вистинската цена на проектот. Прво викаа 35 милиони евра па 20 милиони сега викаат 10 милиони евра и тоа за сите споменици. Не е ни толку поевтино е. А они пак те лажат.
Зборам за телевизиите и медиумите под команда на милчин и компанија.
Друго Споменикот на Александар нема да биде висок ни 33 ни 22 ни 17 метри ќе биде обичен споменик под 10 метри.
Значи имаш уште една лага се само да се манипулира со јавноста и да се нашалтува народ со цел истиот да се згрозува срами и исмејува со своето културно наследство.
Утре гледај го Паско во емисијата ОНИЕ на Сител и се ќе ти се разјасни околу споменикот.
Друго нешто.
Македонија не е воопшто во страшна криза. Можеби соросоидите сакаат така да прикажат но не е така. Соросоидите секад кога не се на власт се претставуваат црно, демек ништо не чинело., а кога се на власт се чини. да бе
Целата хајка како што кажав и погоре, се прави за да се нашалта народот против културата идентитетот културното наследство демек доколку се инвестира во него се осиромашува и изолира државата. Па од таму јас би те прашал тебе.
Дали ти би се откажал од име идентитет културно наследство за да би влегол во ЕУ и НАТО. Нели се таму ќе било поубаво, повеќе пари, економија и други глупости.
Ако да немам повеќе со тебе за што да разговарам. Ако не тогаш не ми јади бурек за културното наследство и спомениците, бидејќи македонскиот народ нема намера да се откажува од него по никоја цена и ќе инвестира во него, бидејќи до сега со години беше запоставувано и тргано на страна.