ЗА СПОМЕНИЦИТЕ И ЦЕЛАТА ХАЈКА

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Имаше и програми со 3-4 стокатници,ама како да ги подзаборавија,или беа само маркетиншки трик.:smir:
 

Alo 192

имам симпатија
Член од
7 октомври 2008
Мислења
353
Поени од реакции
11
Абе да те прашам. Викаш страотна економска криза та и дека ќе девалвирал денарот, :pos2: ондак дај бре не купувај нова облека, не искачај навечер, не се кити со дрангулии. Ако нели толку била страотна кризата и тебе толку ти е гајле, дај ја старата облека во црвен крст. на пример место струја телефон мобиљки да плаќаш, оди во пештера да живееш та да заштедиш. А не тука интернет по цел ден да ми користиш. Нели е светска економска криза, оти сурфаш, не сурфај, штеди, со тие пари може леб за цел месец да си купиш, место сладолед водка јагоди, земи си леб и сол и не не замарај :pos2:

А за споменикот ќе се гради и Геро и компанија може само за кулето на букефал да му се фатат :)

Прво те манипулираат за вистинската цена на проектот. Прво викаа 35 милиони евра па 20 милиони сега викаат 10 милиони евра и тоа за сите споменици. Не е ни толку поевтино е. А они пак те лажат.

Зборам за телевизиите и медиумите под команда на милчин и компанија.

Друго Споменикот на Александар нема да биде висок ни 33 ни 22 ни 17 метри ќе биде обичен споменик под 10 метри.

Значи имаш уште една лага се само да се манипулира со јавноста и да се нашалтува народ со цел истиот да се згрозува срами и исмејува со своето културно наследство.

Утре гледај го Паско во емисијата ОНИЕ на Сител и се ќе ти се разјасни околу споменикот.

Друго нешто.

Македонија не е воопшто во страшна криза. Можеби соросоидите сакаат така да прикажат но не е така. Соросоидите секад кога не се на власт се претставуваат црно, демек ништо не чинело., а кога се на власт се чини. да бе :)

Целата хајка како што кажав и погоре, се прави за да се нашалта народот против културата идентитетот културното наследство демек доколку се инвестира во него се осиромашува и изолира државата. Па од таму јас би те прашал тебе.

Дали ти би се откажал од име идентитет културно наследство за да би влегол во ЕУ и НАТО. Нели се таму ќе било поубаво, повеќе пари, економија и други глупости.

Ако да немам повеќе со тебе за што да разговарам. Ако не тогаш не ми јади бурек за културното наследство и спомениците, бидејќи македонскиот народ нема намера да се откажува од него по никоја цена и ќе инвестира во него, бидејќи до сега со години беше запоставувано и тргано на страна.
Де бе па ти,не ме потценувај толку,не сум ја као вас партиско војниче или потрчко народски кажано,па да не можам да размислувам со моја глава.Зашто бе да не купувам нова маркирана облека зашто да не пијам флаша смирноф,зашто да не искачам навечер ? За да можете вие на мој грб поени да собирата а ?Епа тоа мало морген ке биде. Кој геровски бе кои вести бе кои медиуми !!! ? Која култура бе кој идентитет кој национализам бе ? За што ми збориш ? За тоа ли дека пола кандидативе за градоначалници ви беа бугари или за тоа дека нема да го признаете косово и законот за територијална поделба ? МЕ ЗАБОЛЕ И ЗА ГЕРОВСКИ И ЗА СИТЕ КВАЗИ ПАТРИОТИ КАКО ВАС . Ја па ке купам искачам у град па ке купам нова облека па ке пијам смирноф и па ке водам добри жени и све остало што иде уз тоа. Вие пак ке останете партиски потрчковци. Него муабетот ми беше греота за обичниот македонец кој е во кредити до гуша и кој ако девалвира денарот ке крахира. А бтв викаш не е Македонија во криза !!!! Па имаш ли ти памет бе ????? Па искочи малце од тоа скопје ебано и види како се живее по други градови
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Ние имаме недостаток на образование ... се прашувам колку голем број од нас се запознаени со тоа како била Македонија поделена, кои фактори одиграле главна улога во тоа, и како факторите како големите сили, србија,грција и бугарија успеале да го разнебитат, а би рекол и надмудрат македонскиот народ или наречен Македонските Словени ?? Кои наши недостатоци ги искорисиле ? Прочитајте , распрашајте се , па ќе зборваме за култура, наследство , јазик, школа, црква, ИМЕ , партија, партнери ... и нивната важност !
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
Де бе па ти,не ме потценувај толку,не сум ја као вас партиско војниче или потрчко народски кажано,па да не можам да размислувам со моја глава.


Не сум партиски потрчко, само искрено и јасно ја гледам хајката против културното наследство и идентитет на оваа земја и народ, и јасно и гласно кажувам дека тоа ми смета. Не смеам да кажам дека тоа ми смета, па чак и ме прогласуваш за партиски потрчко ? Море мочко Грујо не ги измислил Македонците, па кога ќе ги рашамараат оние кои пљукаат на нивното културно наследство, ти да ги наречеш партиски потрчковци. Македонците не се партиски потрчковци, Македонци се.

Зашто бе да не купувам нова маркирана облека зашто да не пијам флаша смирноф,зашто да не искачам навечер ? За да можете вие на мој грб поени да собирата а ?Епа тоа мало морген ке биде. Ја па ке купам искачам у град па ке купам нова облека па ке пијам смирноф и па ке водам добри жени и све остало што иде уз тоа. Вие пак ке останете партиски потрчковци. Него муабетот ми беше греота за обичниот македонец кој е во кредити до гуша и кој ако девалвира денарот ке крахира. А бтв викаш не е Македонија во криза !!!! Па имаш ли ти памет бе ????? Па искочи малце од тоа скопје ебано и види како се живее по други градови
Изгледа ти не си во економска криза чим носиш нова маркирана облека, пиеш флаша смирноф секоја вечер, а фактот дека тоа го правиш во период кога Македонија била во “криза“ е впрочем факт колку тебе те заболе за тие кои биле во криза, туку само јадеш лајна од што ти се јаде. :)

Та и ми личиш на штерјо кој додека шета низ светот неговата Алфа јаде буреци за споменици дрн дрн јариња. Многу е загрижен за народот на македонија бе

Кој геровски бе кои вести бе кои медиуми !!! ? Која култура бе кој идентитет кој национализам бе ? За што ми збориш ? За тоа ли дека пола кандидативе за градоначалници ви беа бугари или за тоа дека нема да го признаете косово и законот за територијална поделба ? МЕ ЗАБОЛЕ И ЗА ГЕРОВСКИ И ЗА СИТЕ КВАЗИ ПАТРИОТИ КАКО ВАС .
Македонија се наоѓа во период кога од сите страни е притисната да смени име, име на јазик, народност, културно наследство, идентитет.

Од нивна страна на сите страни се шири пропаганда за грчкото или бугарското потекло на македонија, македонската култура, културно наследство, историја, идентитет, јазик, народност.

Се печатат книги кои понатаму бесплатно се делат низ универзитети амбасади, книжари, насекаде. книги како документи за креацијата на Македонија од страна на тито во ’45, под спонзорство на Мин. за Култура на Бугарија и Грција. Книги како онаа на Бакојани пред една две недели, книги како онаа на Каракачанов и Божидар Димитров за бугарскиот идентитет на Македонија, книги кои сега се рашируваат низ сите институции на Европската ти Унија.

Се прават споменици, и во Грција и во Бугарија, та и надвор од нив, со пари од Грчко и Бугарско Мин, за Култура. Споменици на личности од Македонската Историја, и Македонското културно Наследство, Грандиозни споменици на Александар во Ирак, Споменици на Александар и филип во секое село и Град од Егејска за нив Грчка Македонија, Споменици на “Бугаринот“ Климент Охридски во Русија. итн итн итн

Пред да почне систематски археолошки да се копа, нашето културно наследство беше крадено и препродавано на страна главно спонзорираљно од грција и Бугарија. Грција има посебна државна институција во која се даваат пари и субвенции за нашиве диви копачи да копаат и откупуваат артефакти и наоди од нашето културно наследство.

Го вадеа со багери културното наследство на Македонија. Кратерот од Корешница. Си чул некад за него. Е тој кратер поради инертноста на властите на бране завршил преку диви копачи во Њујорк. Тој кратер е еден од петте најубави во свет.

Пред да биде ископан тој кратер од диви копачи, со години наназад се барале пари за копање во Демир капија, но одговорот бил Македонија има поприоритетни работи, и дивите копачи свршија работа.

Истото ќе се десеше и со штитовите на деметриј полиоркет да не беа мои двајца професори кои од свој џеб дадоа пари за да ги откупат сите делови за да не заврши на некое друго место. Човекот што го нашл првин контактирал со мзејот од прилерп но одговорт м бил Македонија нема пари за такви глупости и чвеков за малце ќе го шитнел на грчки инвеститор.

И што правиме со тоа ? ќе дозволиме да ни се продава културното наследство бидејќи Геро и ваша соросоидна компанија треба да наметнат врз народ политика и чувство за проституидно распродавање. Иди бегај бре.

Од буџетот на Македонија се двојат само 2,03 % за мин. за култура. Другите Мин. имаат далеку поголеми буџети, од таму логичен заклучок ти е дека тие 2,03 % за Мин. за Култура, не ги запоставуваат другите Министерства туку напротив. 2,03 % не се криви за глобалното затоплување и гладните во Африка. Што не ти е јасно тука. Или сакаш тотално да се уништи Мин. за Култура и воопшто во него да не се инвестира ?

Од таму се поставува прашање зошто Милчин и компанија толку многу плукаат кон тие 2,03 %

Логичен заклучок е дека тоа се прави за да се замајува народот, и да се постави прашање културно наследство или ЕУ и НАТО.

Извини но ќе се инвестира во културата, културното наследство, и историјата на овој народ, та колку сака нека им сметаат тие 2,03 % на Геро и компанија кои работат на продавање и бришењето на идентитетот на овој народ и земја по грчка нарачка и изработка.

И пардон али уште нешто не знаев дека со тоа што ќе се градел споменик на Александар македонски та и на Филип во Битола, ги правело градоначалниците бугарски.

Доста тресеш глупости и чукни се малце во тинтарата. Нервните клетки ти зарибале додека гледаш Велија Рамковски Штерјо Наков и Милчинова весела дружина како ти го перат мозокот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom