ogledalo
провинцијалец
- Член од
- 12 мај 2008
- Мислења
- 3.198
- Поени од реакции
- 174
Со јајца против екстерното оценување
Сега протестираат и основците и средношколците
Жаклина Хаџи-Зафирова
Со фрлање јајца и извикување пароли „долу Влада“, основците и средношколците од повеќе училишта вчера уште од раните утрински часови протестираа пред Министерството за образование и наука, барајќи и тие како и матурантите да бидат ослободени од екстерните тестови. Некои од учениците биле заклучувани во училиштата, па морале да чекаат голем одмор за да дојдат пред Министерството за да го искажат својот револт поради екстерните тестови.
Тие тврдат дека никој не ги известил за екстерните тестови за што им било кажано пред неколку дена. Но, најреволтирани се од фактот што предметите кои ќе ги полагаат треба да ги научат за само неколку дена пред полагањето. Дури најавија дека е можно да ги бојкотираат тестовите ако Министерството продолжи со својата политика по секоја цена да се реализира екстерното проверување на знаењето на учениците.
Ставот на Министерството вчера не омекна под налетот на канонадата од јајца што беа фрлани кон Министерството ниту, пак, од свирежите на учениците. Тие го повторија ставот - екстерно оценување ќе има и - точка.
Пред зградата на Министерството вчера се собраа околу двесте основци и средношколци, а дел од нив рекоа дека имаат поддршка од своите наставници за да дојдат на протести. На притисоци се пожалија од средното „Васил Антевски-Дрен“ и Основното училиште „Војдан Чернодрински“, кои велат дека ги заклучувале за да не одат на протести.
„Немаме од каде да учиме, бидејќи немаме книги, а за полагањето на овие тестови ни кажаа пред пет-шест дена“, вели Перкан Асановски од ГУЦ „Здравко Цветковски“. Средношколецот Емил Попов се жали дека им дале малку време за учење. „Вчера добивме информација дека на 30 мај ќе ни кажат што ќе полагаме. Зошто не ни ги дадат на четири пати да ги полагаме тестовите како што правиме на тримесечјата. Немаме време книга од 200 страници да учиме само за пет-шест дена! Не е добро да ги тестираат наставниците преку нас“, вели Попов.
Протестот се вжештуваше како што пристигнуваа нови ученици и им се придружуваа на учениците, додека во меѓувреме полицајците ги дисциплинираа да не фрлаат со јајца и ги истиснуваа кон соседниот парк.
„На нас, основците, не ни кажаа дека ќе полагаме. Можеби има некаков друг начин да бидат проверени оценките. Ако сакаат, нека доаѓаат на часови да гледаат како учиме“, вели една ученичка од Основното училиште „11 Октомври“.
На протестите се појави и Кирил Спировски, претставник од Средношколската унија, која пред неколку дена застана зад протестите на матурантите, но вчера се оградија од учениците кои протестираа пред Министерството, бидејќи тие, наводно, „знаеле дека ќе бидат тестирани“.
Во Министерството за образование тврдат дека екстерно оценување мора да има. „Екстерното проверување на учениците од четврто до осмо и учениците од средно ќе има за да се утврди професионалното однесување и објективното оценување на наставниците. Тоа е регулирано со законот и со подзаконските акти“, изјави раководителот за основно и за средно образование, Љупчо Спасовски. Тој апелираше до директорите, наставниците и до родителите, учениците да се вратат онаму каде што им е местото, а тоа е во клупите. Според него, единствените „структури“ кои се против екстерното оценување се директорите, кои се слаби раководители и менаџери, потоа слабите наставници и родители кои се научени нивните деца да добиваат оценки без знаење, како и учениците кои добиваат оценки без да научат. „Но тоа е помала група“, рече тој.
Спасовски не верува дека некој ученик или наставник не знае за екстерното оценување, бидејќи самиот тој вели дека ги известил за оценувањето уште во септември, во почетокот од учебната година. Сепак, тој не знаеше да каже кога би требало учениците да знаат кои предмети полагаат, бидејќи, како што кажа, „тоа го пишувало во измените на Правилникот за екстерно оценување“. Сепак, медиумите не се запознаени со овие измени.
Директорите во училиштата велат дека најдоцна до 15 мај очекуваат да ги добијат списоците со распоредот за полагање од страна на Министерството за да одредат која паралелка по кој предмет ќе биде оценувана. Сепак, од Министерството не кажуваат како ќе се изведува тестирањето во оние училишта каде што нема компјутери ниту, пак, откриваат кој и како ќе ги оценува тестовите кои учениците би требало да ги полагаат електронски. Тестирањето засега се знае дека ќе биде рачно во повеќето основни училишта каде што нема поставено компјутери, а електронски ќе се изведува само во средните училишта. Но, и тука има шанси да се појават проблеми, според кажувањата од некои училишта, какви што имало за време на поединечни пробни тестирања на екстерното оценување кога паднал компјутерскиот систем, па не можело да се изведе тестирањето.
utrinski
добро бе....``долу влада`` од деце помеѓу 11 и 14 години...
протести потикнати од губење часови,...ц ц ц ц.
треба ли некој да одговара за ова? знаат ли родителите дека нивното 11 годишно дете ( на тв вчера ми идеше да заплачам кога а1 интрвју праеше со дете од 5 одд) сака да ја падне владата што се дрзнала да го провери неговото знаење а со тоа и работата на наставникот????