За Инвестициите во Културата

ДАЛИ ГИ ПОДРЖУВАТЕ ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО КУЛТУРАТА ?

  • ДА

    Гласови: 33 64,7%
  • НЕ

    Гласови: 18 35,3%

  • Вкупно гласачи
    51
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
Добро е да се знае.
Бреј неуморлив идиот :)
И болдирај го..
гарант сите истото ти го кажуваат :)

igor108367 напиша:
Ма немој кои споменици се изградени во тоа клето турско кои коштале волку многу? Ај те молам кажи ми за 500 години владеење вака колку многу ги има.
Јас не верувам дека Нигерија и Конго повеќе одвојуваат. Дај бројки ако сакаш валиден аргумент.
Споменици на културата, па ги имаш многу. Едно чудо, од кај да почнам ? Неколку пати веќе набројав неколку од нив.

Па сега дали е резил или не дискутабилно е. Ама не мислев на такви видео материјали туку материјали за животот на граѓаните, за нивните секојдневни проблеми како и за филмовите кои се снимаат како не прикажуваат. Тоа ќе се гледа во нашата култура.
Резил е. За цел народ. особено геро кога ќе почне да збори против Александар, та народот ќе го нарекува коњски задник бидејќи сака да го востоличи. Тоа ако не е за тебе резил не знам што е.
Е јас на такви мислев. И сеа што правиме. Уште ќе се резилиш ?

Иначе сеа еве ќе барам буџето на Намибија за министерство за култура за да бранам мое право да поставам споменик на личност од историјата на Македонија. Смешки.

А ти не приметуваш дека имаш одговор на секојмој пост. Ако сум јас крлеж тогаш си и ти, ама можеби ти е тешко да го разбереш тоа. Сепак ако не сакаш одговори не коментирај.
Можеби ти не сакаш одговори затоа и толку се пењавиш и тролаш, за да гушиш. не се секирај ако треба до 08 по сабајлечки ќе ти реплицирам :) :) ипак моја тема Ајде да видиме докога ќе си упорен :)
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Добро е да се знае.
Бреј неуморлив идиот :)
И болдирај го..
гарант сите истото ти го кажуваат :)
Не се секирај не се дружам со луѓе кои паѓаат толку ниско па одат на лични навреди.:helou:
Ма немој кои споменици се изградени во тоа клето турско кои коштале волку многу? Ај те молам кажи ми за 500 години владеење вака колку многу ги има.
Јас не верувам дека Нигерија и Конго повеќе одвојуваат. Дај бројки ако сакаш валиден аргумент.
Споменици на културата, па ги имаш многу. Едно чудо, од кај да почнам ? Неколку пати веќе набројав неколку од нив.
Чудно не сум ги видел да се толку многу. Мене ми изгледа како а 2 години да изградивме повече одколку тие 500 ама ок ако ти велиш така тогаш добро.

Па сега дали е резил или не дискутабилно е. Ама не мислев на такви видео материјали туку материјали за животот на граѓаните, за нивните секојдневни проблеми како и за филмовите кои се снимаат како не прикажуваат. Тоа ќе се гледа во нашата култура.
Резил е. За цел народ. особено геро кога ќе почне да збори против Александар, та народот ќе го нарекува коњски задник бидејќи сака да го востоличи. Тоа ако не е за тебе резил не знам што е.
Е јас на такви мислев. И сеа што правиме. Уште ќе се резилиш ?
Не се резилам јас туку ти. Прочитај си ги постовите. Направи споредба со тоа што се случува во цел свет околу тебе и ќе ти стане јасно кој навистина се резили.
А поголем резил ќе биде кога ќе ни ја видат сиромаштијата и бедата во која сме и колку упорно се обидуваме да ја негираме.

Иначе сеа еве ќе барам буџето на Намибија за министерство за култура за да бранам мое право да поставам споменик на личност од историјата на Македонија. Смешки.
Барај слободно.
Можеби ти не сакаш одговори затоа и толку се пењавиш, за да гушиш. не се секирај ако треба до 08 по сабајлечки ќе ти реплицирам :) :) ипак моја тема Ајде да видиме докога ќе си упорен :)
Ти си тој кој гуши. И не се секирај и јас сум буден ако не денес че продолжиме утре задутре имаме време да сме живи и здрави не се откажуваме.

А да и кога ме цитираш имај достоинство и не ми ги менувај цитатите срамота е.
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
З
Добро е да се знае.
Бреј неуморлив идиот :)

Не се секирај не се дружам со луѓе кои паѓаат толку ниско па одат на лични навреди.
За мене е подрастично и поголема навреда да ми забрануваш да кажам кој сум и што сум макар и преку споменик.
Иначе не се секирај. не ми е ни на крај памет да се дружам со васка глигоријевиќ :helou:

Чудно не сум ги видел да се толку многу. Мене ми изгледа како а 2 години да изградивме повече одколку тие 500 ама ок ако ти велиш така тогаш добро.
Не знаеш...
Та толку и си ја знаеш сопствената историја нажалост
Не знае дека имаме споменици на културата од пред ’45 :)

Не се резилам јас туку ти. Прочитај си ги постовите. Направи споредба со тоа што се случува во цел свет околу тебе и ќе ти стане јасно кој навистина се резили.
А поголем резил ќе биде кога ќе ни ја видат сиромаштијата и бедата во која сме и колку упорно се обидуваме да ја негираме.
Доста се резилиш никаде во светот не зборат за тотална пренамена на парите од културата, нивно бришење и воошто згаснување на Мин. за култура.

Никаде во светот не прават хајки против споменици на нивните личности од историјата само за да одбележат одредени политички поени.

Жално и патетично.

Ти си тој кој гуши. И не се секирај и јас сум буден ако не денес че продолжиме утре задутре имаме време да сме живи и здрави не се откажуваме.
Во што тоа јас те гушам ? Ти браниш да не се давале пари за култура не јас. За мене тоа е гушење. Иначе тука сум се слушаме. Не давам да ме гушат :)
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
За мене е подрастично и поголема навреда да ми забрануваш да кажам кој сум и што сум макар и преку споменик.
Иначе не се секирај. не ми е ни на крај памет да се дружам со васка глигоријевиќ :helou:
Чудно ама мислам дека баш добар однос мака син ќе иамте ако се дружш со неа. А ако не знаеш кој си и што си тогаш е навистина жалосно. Сепак јас мислев дека Македонците знаат кои се и што се и дека никој не може да не прекрсти ама еве ако тој споменик ти помогне тебе да разбереш кој си и јас мудавам подршка. Само знај кој си. Ако анвистина тој споменик не прави Македонци а без него не нека се изградат уште десет. Ама некако имам чуство дека Македониците знаеле кој се и без него.
Не знаеш...
Та толку и си ја знаеш сопствената историја нажалост
Не знае дека имаме споменици од предд ’45 :)
Жалосно е што ти како студент по археологија не ја знаеш. Никогаш не реков дека немало споменици пред 45 година реков дека се граделе и во тоа време. И дека не требало милионски суми за да се создаде нешто што ќе трае со векови како што и не требало да бидат десетици статуисекоја година за да ни опстане културата. Ама кризно било тогаш.

Доста се резилиш никаде во светот не зборат за тотална пренамена на парите од културата, нивно бришење и воошто згаснување на Мин. за култура.
Ни јас. Ти ме праша каде можат тие 6% да помогнат јас тикажав. Ја се залагам да се одложат поголемите проекти, да не се оди на големи трошоци за време на криза и да се цени секој денар затоа штоможе да ни притреба.

Никаде во светот не прават хајки против споменици на нивните личности од историјата само за да одбележат одредени политички поени.

Жално и патетично.
А некој правел хајки против споменикот? Не знаев дека да дадеш критика како се трошат парите е хајка, ама ти си студент по архиелогија сигурно знаеш.
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Би сакал да дадам еден сличен пример за противење на инвестициите во културата во периодот на првата влада на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Љубчо Георгиевски.
Инвестициите во културата тогаш беа едни од најобемните и први после десетици години, би ги спомнал Античкиот театар, Плаошник, Самуиловите тврдини, Миленуимскиот Крст. Првите три се капитални инвестиции во градот Охрид (и воопшто во Македонија), кои и ден денес се првата работа што ќе ја забележите во стариот дел од градот и се вистинска мека за сите домашни и странски туристи. И тогаш имаше противење од страна на опозицијата дека буџетските пари се трошат ненаменски и дека со државни пари се градат религиски споменици, меѓутоа кој е ефектот од вложувањето во реставрацијата и изградбата на истите, денес е повеќе од јасно.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Гремлините нигде ги немаше да крекаат кога се направи споменикот на Скендербег, а сега за Александар вриштат, коси кубат и солзи ронат.

Ај сега сите лицемерни и подплатени НВОа , џиповите нека ги продадат и нека им дадат пари на народот, ако веке толку се загрижија за него.

Александар споменик да нема, гремлин џип да има - не може така:baeh:
Плачат зошто на нив не им текна попрво.:toe:
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
Чудно ама мислам дека баш добар однос мака син ќе иамте ако се дружш со неа. А ако не знаеш кој си и што си тогаш е навистина жалосно. Сепак јас мислев дека Македонците знаат кои се и што се и дека никој не може да не прекрсти ама еве ако тој споменик ти помогне тебе да разбереш кој си и јас мудавам подршка. Само знај кој си. Ако анвистина тој споменик не прави Македонци а без него не нека се изградат уште десет. Ама некако имам чуство дека Македониците знаеле кој се и без него.
Точно знам и кој сум и што сум. и не давам други да ми кажуваат дека немам право да им оддадам чест на оние дејци што ме направиле тоа што сум. не давам да ми забрануваат да си ја востоличувам мојата култура, фолклор, обичаи, историја, макар и преку споменици, музеи, итн.

Не давам други да ми забрануваат да се градат споменици од личности од историјата на мојот народ и земја.

Иначе да и скулптурите се еден начин на означување на приказната за даден народ, култура, историја културно наследство та и идентитет ако сакаш.

тоа ако не го знаеш твој проблем не мој.

Жалосно е што ти како студент по археологија не ја знаеш. Никогаш не реков дека немало споменици пред 45 година реков дека се граделе и во тоа време. И дека не требало милионски суми за да се создаде нешто што ќе трае со векови како што и не требало да бидат десетици статуисекоја година за да ни опстане културата. Ама кризно било тогаш.
Слободно прашај било што за историја. Со драго срце би ти одговорил :)

Ипак јас не поставував прашање за други да ми ги кажуваат кои се спомениците на културата во македонија од пред ’45. Ти мене ме прашуваше. Заклучок немаш појма кои се :)

Иначе во тие времиња македонците не смееле да ги поставуваат. Ќе летале глави. од таму и ги нема. Да можеле гарант ќе ги имало и статуите. Тие културата си ја држеле преку црквата обичаите фолклорот песните. бидејќи тоа било единствениот начин.

Но сега е независна Македонија. Држава со државни институции. Или не можеш да поверуваш дека македонска држава постои. Време е спомениците да се изградат, за да им се остави аманет на потомците, никогаш тие минати дејци и нивната жртва да не се заборават. макар и преку споменици

Ни јас. Ти ме праша каде можат тие 6% да помогнат јас тикажав. Ја се залагам да се одложат поголемите проекти, да не се оди на големи трошоци за време на криза и да се цени секој денар затоа штоможе да ни притреба.
Точно 2,03 % се од цел буџет, А ти цел буџет од мин. за култура сакаше да го делитнеш. :) кој е заклучокот ? Баталење на историја, културно наследство културно творење, идентитет, култура.

Сори не ми се баталат такви работи. А тоа што овие смешни 2,03 % од буџет за мин за култура, ги доживуваш за непотребно трошење на пари, поише говори за твојата духовна култура. За мене историјата културата културното наследстве се потребни.

А некој правел хајки против споменикот? Не знаев дека да дадеш критика како се трошат парите е хајка, ама ти си студент по архиелогија сигурно знаеш.
не бре не прават хајка. гарант оние термини букефализација пари за археологија во прашина од немукает ги урлаат ко бесни кучиња.
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Точно знам и кој сум и што сум. и не давам други да ми кажуваат дека немам право да им оддадам чест на оние дејци што ме направиле тоа што сум. не давам да ми забрануваат да си ја востоличувам мојата култура, фолклор, обичаи, историја, макар и преку споменици, музеи, итн.

Не давам други да ми забрануваат да се градат споменици од личности од историјата на мојот народ и земја.

Иначе да и скулптурите се еден начин на означување на приказната за даден народ, култура, историја културно наследство та и идентитет ако сакаш.

тоа ако не го знаеш твој проблем не мој.
А некој ти забранил нешто. Ти забранил некој да градиш споменици. Кажи кој вала Македонец на Грк ти крека што сакаш да градиш споменик. Ти реши да градиш и слободно гради го. Никој тоа ти го нема забрането. Ако ти го забрани пиши на профл и ќе организираме и пртоести па и ако треба со фаќли ќе им одиме. Ама слободно гради го со свои пари или барем собери пари доброволно од народот. Еве и јс ќе дадам имам.
А не вака скришум да се трошат милионски суми во ек на економска криза.
А културата ти кажав веќе неколку пати не се градисо еден скап споменик, не се гради ни со ијада статуи.Па поарноиилјада да ги изградеа ама барем да беа во Македонија изградени барем ќе беа 100% и на наши луѓе ќе отидеа парите. Ама тоа не е случај тука.

Слободно прашај било што за историја. Со драго срце би ти одговорил :)

Ипак јас не поставував прашање за други да ми ги кажуваат кои се спомениците на културата во македонија од пред ’45. Ти мене ме прашуваше. Заклучок немаш појма кои се :)

Не смееле да ги поставуваат. Ќе летале глави. од таму и ги нема. Да можеле гарант ќе ги имало и спомениците. Тие културата си ја држеле преку црквата обичаите фолклорот песните.

Но сега е независна Македонија. Или не можеш да поверуваш дека македонска држава постои. Време е спомениците да се изградат, за да им се остави аманет на потомците, никогаш тие минати дејци и нивната жртва да не се заборават. макар и преку споменици
Па знам неколку сигурно не сите. Само што знам доволно да кажам дека денес се градат многу повеќе одколку тогаш.
Инаку да те потсетам ти рече дека во тоа време се градело полесно споменици. Сега викаш друго. Реши се.
Инаку интересно е како потврдуваш тука дека културта живеелаи без градење на скапи споменици 500 години под турско ропство.
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
А некој ти забранил нешто. Ти забранил некој да градиш споменици. Кажи кој вала Македонец на Грк ти крека што сакаш да градиш споменик. Ти реши да градиш и слободно градиго. Никој тоа ти го нема забрането. Ако ти го забранипишина профл и ќе организираме и пртоести па и ако треба со фаќли ќе им одиме. Ама слободно гради го со свои пари или барем собери пари доброволно од народот. Еве и јс ќе дадам имам.
А не вака скришум да се трошат милионски суми во ек на економска криза.
Во некоја форма и ти гушиш градење на споменици. :)
Како другачије ја оценуваш целата хајка на медиумите околу споменикот на Александар ?
Ќе предизвикал иредентизам, џоа грци да ми зборат, сме немале пари, а пари се веќе обезбедени. бил одраз на национал фашизам на Груевски ?

И што сега ? Да престанам да сум тоа што сум, да престанам да вршам иредентизам ?

А културата ти кажав веќе неколку пати не се градисо еден скап споменик, не се гради ни со ијада статуи.Па поарноиилјада да ги изградеа ама барем да беа во Македонија изградени барем ќе беа 100% и на наши луѓе ќе отидеа парите. Ама тоа не е случај тука.
Сакаш да кажеш Македониум не е одраз на културата историјата културното наследство и борбата на македонското население за време на крушевската република ?

Или сакаш да кажеш дека со спомен куќата на тодор проевски нема да се извелича неговото дело ?

Видиш се гради култура и со споменик, но толку ти е знаење. :)

Па знам неколку сигурно не сите. Само што знам доволно да кажам дека денес се градат многу повеќе одколку тогаш.
Инаку да те потсетам ти рече дека во тоа време се градело полесно споменици. Сега викаш друго. Реши се.
Инаку интересно екако потврдуваш тука декакултурта живеелаи без градење на скапи споменици 500 години под турско ропство.
Едно е денешен споменик на културата а тогашен манастир црква итн.

А сосем трето е статуа :).

Зар смееле да изградат статуа на македонци кога постојано биле под туѓа чизма.

поради тоа што сме биле под туѓа чизма, немаме нит статуи, та и музеи постари од ’45.

како што кажав македонците под робство својата култура и идентитет ги чувале главно преку фоклор обичаи песни традиција црква, и тогаш тоа бил единствениот начин преку кој можеле да ги зачуваат.

Статуи немало не од што не сакале туку од што не можеле.
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Во некоја форма и ти гушиш градење на споменици. :)
Тоа е исто како јас да речам дека ти ја уништуваш нашата економија со неразумни потези.
Како другачије ја оценуваш целата хајка на медиумите околу споменикот на Александар ?
Ќе предизвикал иредентизам, џоа грци да ми зборат, сме немале пари, а пари се веќе обезбедени, лоша економска состојба било.
За парите веќе ти одговорив. Пари немаме буџетот е тој парите се од буџетот. Од таму се обезбедени. Од тој буџет идат сите инвестиции и сите пари за се останато што го работи државата.
Колку што знам за среќа Македонија не е се уште банкротирана така да пари има во него ама тоа не менува ништо. Тоа е сосема релевантно во однос на прашањето дали има пари за споменици и ти си свесен дека не се мисли на тоа.

и што сега ? Да престанам да сум тоа што сум, да престанам да вршам иредентизам ?
Кој ти забранил да престанеш да бидеш тоа што си. Баш напротив биди тоа што си Македонец снаодлив, паметен, благонаклонет кој се грижи за културата и ја величи на секој начин на кој може. Тоа не мора секогаш да биде со огромни суми на пари. Може и со многу малку.

Сакаш да кажеш Македониум не е одраз на културата историјата културното наследство и борбата на македонското население за време на крушевската република ?

Или сакаш да кажеш дека со спомен куќата на тодор проевски нема да се извелича неговото дело ?

Видиш се гради култура и со споменик, но толку ти е знаење. :)
Не знаев дека куќата на Тоше чини десетици милиони.
Исто така не знаев дека ако овој проект се одложи две години колку што ќе трае самата криза ќе биде крај на нашата култура или дека никогаш нема да се изгради. па сепак е Александар Македонски мртов илјадници години и пак сме останале македонци ние и не сме го заборавиле. Нема ни во наредните 2-3 години или можеби грешам?

Едно е денешен споменик на културата а тогашен манастир црква итн.

А сосем трето е статуа :).

Зар смееле да изградат статуа на македонци кога постојано биле под туѓа чизма.

поради тоа што сме биле под туѓа чизма, немаме нит статуи, та и музеи постари од ’45.

како што кажав македонците под робство својата култура и идентитет ги чувале главно преку фоклор обичаи песни традиција црква, и тогаш тоа бил единствениот начин преку кој можеле да ги зачуваат.

Статуи немало не од што не скалае туку од што не можеле.
Добро де тука не гледам ништо спорно. Денес ни е се дозволено и тоа кој сака може што сака да гради. Можеш слободно да покренеш иницијатива и сам да собереш пари за изградба на којспоменик и да сакаш. Така тиекои можат ќе придонесат колку можат за изградба на споменикот, а државата ќе може слободно да сепосвети на економската состојба во државава.

И само ме интересира дај цитат каде сум рекол дека со споменик не се гради култура? Мислам на естетскане внатршна, внатрешна илјада споменици не можат да ти ја дадат. Ама мислам дека знаеш на штомислам само сакаш да ми ги извртуваш зборовите ама тоа е.
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Колку да знаеш користењето на интернет во македонија е покачено на 44 проценти од населението :)

E ova ne znaev deka e po zasluga na vladata (bilo koja vlada).


Se sekjavate li kolkava bese cenata za kompjuter i internet pred 8 godini? Propisen Pentium III se prodavase za minimum 700 evra , denes ima kompjuteri za 300 evra. Toa ne se dolzi na niedna vlada vo mkd, tuku na trendot na opagjanje na cenite na svetsko nivo za kompjuterska tehnologija.

Prvata ponuda na ADSL pred 4 godini (moze i 5 pominaa) bese 384 kbps za 2600 so ddv. Denes imas ponudi od 6 mbps za 500 denari. Toa ne e zasluga na niedna vlada vo mkd, tuku se dozli na infrastrukturnosta spremnost na Telekom i nivnata dobra volja za namaluvanje na cenite (site znaeme deka Atila /hunski se tovari za pronevera na pari od Dojce telekom). Pred ADSL-ot imaxse dial up so 7-10 kB/s koj se naplakjase po 25 denari od cas (posle polnokj- najevtina terifa), preku den bese 120 denari cas, a posle 18.00 bese 60 denari. Pa sega presmetajte.


Pozz
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Игоре ... да не си Ерол :)
Колку чини високиот рејтинг на македонскиот политички лидер и премиер, Никола Груевски. Никој не пресметал прецизно, но за три години владеење, цената на популарноста на Груевски изнесува фантастични милијарда евра. Тоа е толку, ако сметаме во пари, почнувајќи од непотребните вонредни парламентарни избори до изградба на грандиозните споменици, сметајќи ја и новата црква на плоштадот, театрите, музеите, скопскиот Градски стадион, Уставниот суд, тука влегува реалната пазарна вредност на земјиштето на кое ќе се градат најскапите непродуктивни објекти, во државата. Во таа цена се и популистичките зголемувања на пензиите, бирократско-партиското размножување на неефикасната администрација и зголемување на нивните плати, постојаните скапи и селективни медиумски кампањи, здравственото осигурување на невработените...

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E0010B9F88D5774994CE94F755F67387
види шо не се пишува само колку да се пише ...
дали овој знае шо напишал или онака си пополнуе колумна ..
Игоре не се лути но ми звучиш како него ...

пази ја математикава на самонаречениов експерт ... кои глупости ...
според него
Не требало да се: читај болд ...

иако некои работи се дискутабилни ... човеков набројал и направено и ненаправено и се стаил на сметка на Груевски ... потежок будала нема од овој Ерол ..
па и администрација не требало плати да се качат ... па и театри не требало и музеи ... ни стадионот не требало ... ни уставниот .. ни пензии ... ни здравствено на невработени ... Овој ЛУД ли е ...кои бош муабети ...
ми се иде еден коментар да им остаам ама џабе нема да го пуштат ... ц ц ц

Игоре не биди оваков ти се молам како Ерол :smir:
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
Тоа е исто како јас да речам дека ти ја уништуваш нашата економија со неразумни потези.
па со инвестирање на 2,06 % во културата не би рекол дека се руши македонската економија :)

За парите веќе ти одговорив. Пари немаме буџетот е тој парите се од буџетот. Од таму се обезбедени. Од тој буџет идат сите инвестиции и сите пари за се останато што го работи државата.
Колку што знам за среќа Македонија не е се уште банкротирана така да пари има во него ама тоа не менува ништо. Тоа е сосема релевантно во однос на прашањето дали има пари за споменици и ти си свесен дека не се мисли на тоа.
Пари за култура и за тие мочани 2,03 % имаме и ти си свесен за тоа.

Кој ти забранил да престанеш да бидеш тоа што си. Баш напротив биди тоа што си Македонец снаодлив, паметен, благонаклонет кој се грижи за културата и ја величи на секој начин на кој може. Тоа не мора секогаш да биде со огромни суми на пари. Може и со многу малку.
Во прва рака оние што ги смениле епитафита на моите прадедо и прабаба од егејска македонија.

Во втора овие тукашните што потпишаа референца за моето име националност јазик култура идентитет.

Јас не сум ФИРОМјанин.

иначе...
Се согласувам може и со многу малку.

Но друго е државна институција кога стои зад културата, културното наследство неговата промоција преку претстави, споменици, музеи, изложби. Се друго е аматаерско и несериозно. Треба стратегија доколку сакаш некој за сериозен да те сфати.

Не знаев дека куќата на Тоше чини десетици милиони.
Исто така не знаев дека ако овој проект се одложи две години колку што ќе трае самата криза ќе биде крај на нашата култура или дека никогаш нема да се изгради. па сепак е Александар Македонски мртов илјадници години и пак сме останале македонци ние и не сме го заборавиле. Нема ни во наредните 2-3 години или можеби грешам?
Што знаеш. мене ми личи дека знамињата спомениците музеите пречат поради тоа што претставувале иредентизам кон грција. бар така викаат соросоидите. Да не сме ги провоцирале. Атрофиранава македонска маса да не се замарала со идентитети, истории, култури, културни наследства, бидејќи на тој начин се јакнел фашизмот во Македонија.

Во превод ќути и трај додека не те избришам па после кога со твој потпис ќе те самоукинам ако сакаш и за Џедаи кажи се.

Значи Некој се бори да биде крај. Сепак не за џабе се притиска во момент кога се преговара со јунаните. Та зар соросоидите се исмеваат со античкатѕа историја на македонија од немукает. Самиот киро ти кажа ние сме Словени.

Што мислиш нели е тоа атак врз културното наследство на овој народ.

Што ќе бидеш ти ако со свој потпис те натераат да пишеш јазик на пингвините, култура на пингвините, народност пингвин од северна пингвидонија.

Добро де тука не гледам ништо спорно. Денес ни е се дозволено и тоа кој сака може што сака да гради. Можеш слободно да покренеш иницијатива и сам да собереш пари за изградба на којспоменик и да сакаш. Така тиекои можат ќе придонесат колку можат за изградба на споменикот, а државата ќе може слободно да сепосвети на економската состојба во државава.

И само ме интересира дај цитат каде сум рекол дека со споменик не се гради култура? Мислам на естетскане внатршна, внатрешна илјада споменици не можат да ти ја дадат. Ама мислам дека знаеш на штомислам само сакаш да ми ги извртуваш зборовите ама тоа е.
Државата е должна да им изгради споменици на дејците од македонската историја. за таму на споменикот да пишва од македонската држава, и од македонскиот народ, а не од Џорџ Атанасовски.

Сосем едно е држава кога ќе изгради меморијал, а сосем дргуо е тоа кога ќе го направи поединец. битна е симболиката.

Не се прави наудрен во претходниот коментар тоа го пиша.

А културата ти кажав веќе неколку пати не се градисо еден скап споменик, не се гради ни со ијада статуи.Па поарноиилјада да ги изградеа ама барем да беа во Македонија изградени барем ќе беа 100% и на наши луѓе ќе отидеа парите. Ама тоа не е случај тука.
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Игоре ... да не си Ерол :)


види шо не се пишува само колку да се пише ...
дали овој знае шо напишал или онака си пополнуе колумна ..
Игоре не се лути но ми звучиш како него ...

пази ја математикава на самонаречениов експерт ... кои глупости ...
според него
Не требало да се: читај болд ...

иако некои работи се дискутабилни ... човеков набројал и направено и ненаправено и се стаил на сметка на Груевски ... потежок будала нема од овој Ерол ..
па и администрација не требало плати да се качат ... па и театри не требало и музеи ... ни стадионот не требало ... ни уставниот .. ни пензии ... ни здравствено на невработени ... Овој ЛУД ли е ...кои бош муабети ...
ми се иде еден коментар да им остаам ама џабе нема да го пуштат ... ц ц ц

Игоре не биди оваков ти се молам како Ерол :smir:

Jas mislam deka e vo pravo za platite na administraciite i penziite. Posto toa e lecenje na simptomot, a ne na bolesta. Bolesta e nevrabotenosta i niskiot procent na vraboteni vo profitabilni (ne budzetski) dejnosti.

No, kako stojat rabotite i pogolem procent na naseto rabotnicko telo e vraboteno vo budzetska dejnost, a tie utre treba da bidat zadovolni, posto od niv zavisi glasot na izbori, logicno e da se pagja vo trans okolu niv (dokolku si vlast)

Јас не сум ФИРОМјанин.

Ne sum ni jas. No mene ne mi treba spomenik od 20 metra za nekoj da me ubedi deka sum Makedonka, jas vekje se cuvstvuvam kako Makedonka.... no ocigledno ima nekoi na koi toa im treba.
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
па со инвестирање на 2,06 % во културата не би рекол дека се руши македонската економија :)
Пари за култура и за тие мочани 2,03 % имаме и ти си свесен за тоа.
Колку пати треба да ти се објасни дека не се работи за 2.03проценти туку за многу повеќе. Читај претходни постови. Исто види колку се инвестира во другите сектори и че видиш дека оваа бројка не е ни одблиску мала.

Во прва рака оние што ги смениле епитафита на моите прадедо и прабаба од егејска македонија.

Во втора овие тукашните што потпишаа референца за моето име националност јазик култура идентитет.

Јас не сум ФИРОМјанин.

иначе...
Се согласувам може и со многу малку.

Но друго е државна институција кога стои зад културата, културното наследство неговата промоција преку претстави, споменици, музеи, изложби. Се друго е аматаерско и несериозно. Треба стратегија доколку сакаш некој за сериозен да те сфати.
Македонската култура постоела илјадници години и ти самата кажа дека била без никаква подршка. Не знам јас не би ја нарекол аматерска туку величествена.
Што знаеш. мене ми личи дека знамињата спомениците музеите пречат поради тоа што претставувале иредентизам кон грција. бар така викаат соросоидите. Да не сме ги провоцирале. Атрофиранава македонска маса да не се замарала со идентитети, истории, култури, културни наследства, бидејќи на тој начин се јакнел фашизмот во Македонија.

Во превод ќути и трај додека не те избришам па после кога со твој потпис ќе те самоукинам ако сакаш и за Џедаи кажи се.

Значи Некој се бори да биде крај. Сепак не за џабе се притиска во момент кога се преговара со јунаните. Та зар соросоидите се исмеваат со античкатѕа историја на македонија од немукает. Самиот киро ти кажа ние сме Словени.
Грците може да си изградат еден споменик од пенис и да си го спопикаат знаеш каде. Тоа е мој совет. особено упатен кон Бакојани. Ем ќе ја релаксира малце.
Државата е должна да им изгради споменици на дејците од македонската историја. за таму на споменикот да пишва од македонската држава, и од македонскиот народ, а не од Џорџ Атанасовски.

Сосем едно е држава кога ќе изгради меморијал, а сосем дргуо е тоа кога ќе го направи поединец. битна е симболиката.

Не се прави наудрен во претходниот коментар тоа го пиша.
Државата е должна пред се да обезбеди економска, воена, хуманитарна стабиност на своето население. Тоа се приоритетите на секоа држава. За жал Македонија се уште ги нема исполнето.
А не се согласувам сосема е небитно кој го гради тој споменик се додека на крајот е подарен на сите македоници.
И повторно не сум го пишал тоа никаде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom