- Член од
- 23 февруари 2008
- Мислења
- 869
- Поени од реакции
- 477
Доста лаете, прочитани сте...
Деновиве та и месециве сите сме сведоци на една медиумска хајка на неколку исполитизирани “експерти“ кои како спонзоруши се натпреваруваат кој повеќе трици ќе изеде против споменици, антиквизации, букефализации и што ли ви ја знам уште какви не замислени глупотерии.
Нивен главен аргумент е дека е светска криза та тие пари што се инвестираат во културата би требало да бидат пренаменети во преродба на стопанството. :O Класична популистичка патка која има за цел да брка политички поени и рејтинзи со лов на емоциите на народот кој се наоѓа во лоша економска состојба за која вината во најголема мера лежи токму во овие спонзоруши.
Во функција на вистината ќе посочам неколку факти за сами да ги согледате смешните аргументи на горенаведените.
Буџетот на Македонија за 2009 година изнесува 164 милијарди и 215 милиони денари. Тоест тоа е нешто повеќе од 2 милијарди евра. Малце побаеѓи поише од 2 милијарди евра но еве ќе ја заокружиме таа цифра.
Од овие 164 милијарди денари потенцирам само 3 милијарди 337 милиони 374 илјади денари отпаѓаат на севкупниот годишен буџет на министерството за култура. Тоа се некаде од 50 до 60 милиони евра.
Процентуално земено колку пари се тоа ??? Ќе каже некоја Вацка или не ?
Ете и најголемата цифра да ја земеме 60 милиони евра годишен Буџет за Министерство на Култура, колку проценти од тие средства влагаат во оние 2 милијарди евра ?
Или по денари од оние 164 милијарди денари на годишен Буџет на РМ, на Министерство за Култура отпаѓаат 3 милијарди денари во годината. Ај некој да каже у проценти колку зема Министерството за Култура или уште ќе се правите наудрени ?
Удрете Математика:
164 215 000 000 - 3 337 374 000 = 160 877 626 000
Ако ги ставиме на графикони овие вредности искача дека Буџетот на Министерството за Култура одзема само 2,03 % од Буџетот на Македонија за 2009 година.
И сега што правиме ? Експерторуши сега вие ќе ми кажувате премногу пари се давале на Култура ? Премногу пари за Споменици, Музеи, Томови Литература, и што ли ви ја знам уште какви не глупотерии изнатрескавте, а всушност со тие 60 милиони евра годишен буџет на Министерството за култура не може ни еден пат од 50 километри да се направи. Како жити се со тие 60 милиони евра ќе ја препородите цела економија која вие ја уништивте. Исус ли ќе се симне од небото та место риби, вино, и леб, чуда со пари ќе прави ? Смешки. Како не ви е срам бре на таков идиотски начин да лажете и инсинуирате ? Министерството за култура е едно од оние со најмали годишни буџети во РМ, вие па уште и по тие пари сте се кренале да лаете.
Друго петнаесет е тоа што иако се мали средствата, парите инвестирани во Културата и културните работници, за Земјата се едни од најдобро потрошените бидејќи остануваат и се гледаат. Се во функција на промоција заштита и презентирање на македонската култура и идентитет.
Од таму и ме чуди, зошто против овие пари, толку многу сте се згнале да лаете ?
Најверојатно како што спомнав и погоре е борба за политички рејтинзи користејќи ја целата оваа ситуација, но секако и држењето на овој народ во состојба на послушност и атрофираност со што би се изгурало негово бришење во политиките за “шестмесечно“ распродавање по грчка нарачка и изработка, а не да се инвестирало во Музеи, Споменици, Знамиња, кои само ја креваат Македонската гордост и чувство за етничка национална припадност.
- Политика на Самоукинување - mklovesyou.blog.com.mk;
Доколку сте искрени во своите намери...
Зошто на ваков начин не лаете против транзиционите мафијаши што ја ограбија оваа земја со поише од 6 милијарди долари од ’91 па наваму.
Парите што се даваат за Култура не се ни 0,0000000001 посто од овие пари.
Парите од Штерјо за АЛФА на пример може да ги пренамениме за изградба на фабрика. Се кладам дека типот со малверзации има добиено стократно поголеми парични средства од годишен буџет на Министерство за Култура.
Затоа јас предлагам малку од Заев малку од Бране и тро од Штерјо и Велија.
Они пари од годишниот буџет на Мин. за Култура ги јадат за една недела. Предлагам од нивните криминални малверзации парите да си ги вратиме. А што викате.
Тек тогаш да видите што е препородба на цело стопанство
А не кога се апси Заев и некој друг лопов да плачете полициска држава тоталитаризам, Гебелс итн, та и да правите инциденти пред Собрание.