Редот е мој.
Нема многу да пишувам за целата атмосфера што владееше вчера бидејќи тие што не биле ни приближно не би можеле да створат слика за како излегаше сето тоа.
Искрено, прво се разочарав бидејќи кога влегов беше празно ама веројатно поради тоа што влегов прерано - 7 и нешто ама веќе во 8.30 беше друго.
Пријатно ме изненади што не доцнеше воопшто,очекував барем половина час минимум а и свиреше 2и пол часа ако не грешам, што и не е малку.
На Smooth ,Imagine и Corazon espinado беше неверојатно.
Сите звуци,емоции и движења од вчера сплотени во едно ми изгледаат толку неверојатно
.
Како и секогаш ептен малку успеав да видам што се случуваше горе на сцената бидејќи
имаше по 2 метра луѓе околу мене па за нас од по 1.65 немаше место .Ама мање битно тоа.
Единствен тапа момент од цела вечер ми беше на песната бидејќи ги изгубив сите па наредните 8 минути ми поминаа во вртење околу а најмалку сакав на песнава која ми беше во топ5 кои што сакам да ги слушнам.:nesum: Како и да е ,убаво е да се види сега како изгледало .