Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.094
Поени од реакции
1.656
Најава:Ливерпул v Јунајтед


Премиер Лига, 10то коло|Недела, 25 Октомври 2009|Почеток: 15:00h
Стадион:
Anfield Road, Liverpool

Конечно пристигнува најголемото дерби во Англија, помеѓу можеби двата најголеми ривали во цела Англија и пошироко, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.Едноставно кажано, пораз на Ливерпул би ја преставил нивната најлоша форма во последните 56 години и би имало 10 поени разлика во корист на Јунајтед.

Ливерпул минатата сезона покажаа колку голем тим се, и колку сериозно можат да се борат за титулата во Англија.Минатата сезона 2 пати го победија Јунајтед, во кои спаѓа и еден од најсрамните резултати воопшто за Јунајтед во сите конкуренции.Како и да е, ние сме во форма, го задржавме 100% рекорд во ЛШ и ја продолживме серијата од 11 натпревари без пораз.Ливерпул пак, сосема спротивно, имаат 4 натпревари изгубени по ред, неизвесни се Торес,Џерард и Џонсон и Бенитез е под голем притисок од управата на Ливерпул.Сепак формата во вакви дуели не се смета, минатата сезона иако ние имавме добра форма, тие лоша, изгубивме 1-4 на Олд Трафорд.Потценување не смее да има, иако сме мали фаворити.

Како што спомнав погоре, Ливерпул имаат проблеми со повредите но и ние не сме којзнае колку подобри.Кај нив неизвесни за настап се Џерард, Џонсон и Торес, а се поочигледно е дека последните 2ца ќе настапат.Аквилани,Риера,Досена и Киргијакос дефинитивно се аут за овој натпревар.Кај нас, Руни и Флечер се неизвесни,Парк дефинитивно нема да игра, а Гигс и Евра се вратија од повредите.

Интересно да се спомене е дека на последните 4 гостувања Јунатјед изгубил 3 пати, последен пат победил против Ливерпул со 1-0 во 2007.Рајан Гигс има дадено 99 гола а Пол Сколс 98, би било убаво ако можат да стигнат до 100ката утре.Керик утре ќе го има 100тиот настап за тимот, додека пак Бербатов и Евра 100тиот настап во Премиер лигата.

Најдобар стрелец кај нас е Руни со 7 гола од кои 6 во Премиер лигата, кај нив е Торес со 8 гола, сите во Премиер лига.

Можни состави:

Reina

Johnson - Carragher - Agger - Aurelio

Mascherano - Lucas - Benayoun - Babel

Torres - Kuyt



Rooney - Berbatov

Nani - Giggs - Fletcher - Valencia

Evra - Rio - Vidic - O'Shea

Van Der Sar


Мој Тип:
Ливерпул 1 - 1 Јунајтед
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
11.557
Сакате ли утре да се збераме у 19ката да га гледаме утакмицата? (за Струмичане)
 
Член од
1 август 2007
Мислења
1.193
Поени од реакции
37
Уффф уште од сега имам адреналин :) ќе биде интересно :vozbud:
 
Член од
10 февруари 2007
Мислења
4.773
Поени од реакции
2.082
Сакате ли утре да се збераме у 19ката да га гледаме утакмицата? (за Струмичане)
Нема да има глас. А без глас не се гледе фудбал. Така да поарно е домашна атмосфера за таа утакмица. :)
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Пресконференцијата на Фергусон во Пресрет на дербито:



а утре ќе ги истакнеме и следниве банери:






 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.941
Поени од реакции
7.052
Јас би сакал да ги видам утре нашиве со овој состав:

----------------ВДС-----------------

О'Ши---Видиќ------Рио----------Евра

Валенсија----Андерсон---Керик--Гигс

--------------Бербатов---------------

--------Овен-------------------------

Под услов да не игра Руни се разбира. Ако игра во тандем заедно со Овен. Мислам дека од Ливерпул нема да очекуваат Овен да игра од прва минута па тоа може да ги изненади.
 
Член од
7 јануари 2009
Мислења
679
Поени од реакции
30
Ја би одел со Димо напред тежок шпиц и гигс полушпиц. Веќе видено од САФ.
--------------ВДС--------------
О'ши--Видиќ--Фердинанд--Евра
Валенсиа-Керик-Андерсон-Нани
---------Жива легендо----------
-------------Димо--------------


Секако, се зависи од опциите во нападот, т.е. колку и дали ќе бидат физички и психички спремни Mickey i Wazza.
Fletch и да биде спремен, не би ризикувал стариот, има избор у средината.
Да ги решиме уште во Октомври ! И секако, моменталните 4 по ред му се најлоша серија во последните 30години, утре ќе им биде продолжена серијата во најлоша во последните 50 години. И шо ако паднат пак у среда со арсенал од лига куп ?
Смешки, смешки...
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.941
Поени од реакции
7.052
Ја би одел со Димо напред тежок шпиц и гигс полушпиц. Веќе видено од САФ.
--------------ВДС--------------
О'ши--Видиќ--Фердинанд--Евра
Валенсиа-Керик-Андерсон-Нани
---------Жива легендо----------
-------------Димо--------------


Секако, се зависи од опциите во нападот, т.е. колку и дали ќе бидат физички и психички спремни Mickey i Wazza.
Fletch и да биде спремен, не би ризикувал стариот, има избор у средината.
Да ги решиме уште во Октомври ! И секако, моменталните 4 по ред му се најлоша серија во последните 30години, утре ќе им биде продолжена серијата во најлоша во последните 50 години. И шо ако паднат пак у среда со арсенал од лига куп ?
Смешки, смешки...
Богами драма ќе биде :pos2:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom