Како прво честитки за ВДС, дефинитно најдобар голман оваа сезона во Европа... околу групата да искоментирам и јас... нема потценување за ниту една екипа... можеше и полесна, а можеше и многу потешка група да ни се падне... распоредот на натпреварите е прилично добар... ЦСКА Москва е екипа која има многу пати настапувано во ЛШ и секако има искуство во овие натпревари, имаат и солиден тим од неколку репрезентативци кој можат да изненадат... Бешикташ, екипа која доаѓа од првенство кое во последните години многу се вложува и има доста конкуренција, одличен тим со феноменални навивачи, затоа кој мисли дека лесно ќе се помине во Турција, се лаже... Волфсбург, одигра феноменално оваа сезона... им даваше голови на Баерн, Вердер, Хамбургер како од шала... го имаат можеби и најдобриот напаѓачки тандем во Европа Џеко-Графите, а сега кај нив е и Оба Оба Мартинс... така да никоја екипа не смее да се потцени, тоа сигурно убаво го знаат Сер Алекс и компанија... моја проценка од 12-14 бода и пласман во осмина-финале... :smir: