Еве ме и мене после подолго време (заради обврски). Нема да повторувам се она што е напишано, само сакам да кажам дека на стратот како по традиција последните години сме во лоша позиција. Наспроти убавиот распоред на стартот на оваа сезона, се соочуваме со повреди на играчи. Знаев дека нешто не е во ред со Ван Дер Сар затоа што "чудно" ми реагираше на пеналите со Баерн Минхен. Неговата повреда и отсуство од
8 месеци ме загрижува бидејќи (и порано имам кажано дека) немаме достојна замена за него. Не ми се допаѓа и повредата на Видиќ но за него имаме достојна замена. Еванс е во се поголема форма и квалитет. Да се надеваме дека благодарение на достојната замена на Видиќ, голманите Фостер или Кушчак ќе имаат помалку работа. За оваа констатација го земам и фактот што првите кола играме со послаби екипи. Е тука е исклучок натпреварот со Челзи, а со Валенсија не го споменувам не дека ги потценувам, туку дека е пријателски. Да се надеваме дека со Овен не е ништо сериозно и дека ќе дебитира без проблем на Олд Трафорд. Со нетрпение го очекувам денот после натпреварот со Валенсија, за да видам дали можеби нешто ќе се договори во врска со трансфер на Силва или Виља (или двајцата) во Манчестер Јунаитед. А на крајот на месецот можно е да се атакува на Рибери по "нормална" цена. Но сепак ќе повторам дека не е ништо страшно ако не успее ништо од ова бидејќи имаме солидни играчи за сите позиции (освен голмани). Обврската на Ферги е во креирање на нови шеми на тактика. Мора да се пронајдат и разни други, досега неупотребени варијанти на тактика бидејќи Челзи е најголемиот конкурент оваа година, а таму на чело, сега е човекот кој ќе ја применува успешната тактиката на Милан. Натпреварот со Валенсија е вечер во 21:00 часот по наше време. Нема најавен телевизиски пренос, останува да се надеваме на линковите за гледање преку интернет. Секако дека ако испадни да има некој пренос, верувам дека сите ние тука ќе си кажеме за да гледаме
. Ја користам оваа прилика да го честитам роденденот на Валенсија и да посакам вечерва добра игра.