Официјално: Манчестер Јунајтед потпиша со Луис Валенсија
Како што пишуваат англиските медиуми Манчестер Јунајтед потпишал со крилото на Виган, Луис Антонио Валенсија. Трансферот изнесува околу
16 милиони фунти.
Валеснија доцна вечерва се согласил на договорот и со тоа си го исполни сонот да игра за “црвените ѓаволи“. Денес попладне ќе треба да има лекарски прегледи и играчот ќе треба и официјално да потпише.
Уште од зимскиот преоден рок се шпекулираше за овој трансфер, но бидјеќи за Ферги беше јасно како ден дека кога сака може да го донесе Еквадорецот се обидуваше да дојде до потписот на други поголеми ѕвезди.
Ова е првиот трансфер за Ферги летово и останува да видиме дали ќе успее да донесе некоја поголема ѕвезда од типот на Рибери, Агуеро, Виља и Бензема како замена за Роналдо и Тевез и ќе се осврне на младите сили кои веќе ги ангажираше минатата сезона.
Се чекува платата на Валенсија да изнесува околу
75 000 фунти со што би била за 4 пати поголема од неговата моментална во Виган.
Пишува официално ама на страницата на Јунајтед нема ништо
![Тоа е :toe: :toe:](/styles/default/xenforo/emot/toe.gif)