Прво не треба толку да паничиме околу тоа што сеуште не сме потпишале со некој играч. Во никој случај не треба да се избрзува и да се правата некои брзи трансфери како со Клеберсон и Џемба кои беа купени во очај само заради фактот да се каже дека има нови засилувања во клубот.
Ова верувајте ми ќе биде трансфер сага со Бензема, јас лично сум фан на Бензема и многу би сакал да го видам во нашиот дрес ама ќе биде тешко со Реал во комбинација, и сега со арсенал кој ако го продадат адебајор ќе ги имаат средствата за него а клубот е француска колонија со француски тренер.
Сега причитав дека ќе сме испраќале мега понуда за Виља. Понудата сигурно ќе биде прифатена ама проблемот е што играчот не сака да ја напушти Шпанија и тоа јавно го искажа. Така да останува Хунтелар како играч со кој сме посилно поврзувани од медиумите. Лично го гледав Хунтелар на неколку натпревари во дресот на Реал и навистина ми се допадна стилот на игра, напаѓач каков што нитреба, а и неговиот учинок и не е толку лош 8 гола на 20 натпревари со оглед на тоа дека дојде во нова лига и му требаше време да се адаптира.
P.S. Дајте луѓе прежалете го Роналдо
![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)