Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Кхм... кога ги купи нив, во пакет со нив беше и Роналдо ако ти текнува, а и Хауард и Милнер и Белион итн. Од сите нив т.е од цел тој експеримент само еден успеа, и сами сме свесни колку и како :smir:
Свесен сум само поентата ми беше дека двајцата кои ги спомнав беа избрзано купени, а и од останативе Белион не успеа воопшто во премиер лигата, Роналдо ок, а за кој Милнер збориш стварно немам појма. Ако мислиш на Џејмс Милнер стварно не знам од каде ти е таа информација. Никогаш не играл за нас.
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Прво не треба толку да паничиме околу тоа што сеуште не сме потпишале со некој играч. Во никој случај не треба да се избрзува и да се правата некои брзи трансфери како со Клеберсон и Џемба кои беа купени во очај само заради фактот да се каже дека има нови засилувања во клубот.

Ова верувајте ми ќе биде трансфер сага со Бензема, јас лично сум фан на Бензема и многу би сакал да го видам во нашиот дрес ама ќе биде тешко со Реал во комбинација, и сега со арсенал кој ако го продадат адебајор ќе ги имаат средствата за него а клубот е француска колонија со француски тренер.

Сега причитав дека ќе сме испраќале мега понуда за Виља. Понудата сигурно ќе биде прифатена ама проблемот е што играчот не сака да ја напушти Шпанија и тоа јавно го искажа. Така да останува Хунтелар како играч со кој сме посилно поврзувани од медиумите. Лично го гледав Хунтелар на неколку натпревари во дресот на Реал и навистина ми се допадна стилот на игра, напаѓач каков што нитреба, а и неговиот учинок и не е толку лош 8 гола на 20 натпревари со оглед на тоа дека дојде во нова лига и му требаше време да се адаптира.

P.S. Дајте луѓе прежалете го Роналдо :tapp:
Мене Хунтелар воопшто не ми се допаѓа, некако како сакат ми е, нема фудбалска конституција.
Бензема е најдобра опција но времето ќе покаже, за Виља и Агуеро нема шанса така да не се ни надевам.

Има убава статија на официјалната страна на Јунајтед во која се вели дека секогаш сме купувале помалку познати играчи кога биле млади или кога имале 20-21 година и сме ги правеле посебни. Тоа е нешто што некои клошарски екипи кои сакаат успех преку ноќ никогаш нема да го постигнат.
Ако се сеќавате, Ферги правеше смена на генерација и 3 години не бевме ни блиску до титулата, за да направи тим кој стана 3 пати шампион едноподруго и со завидни пласмани во ЛШ, нешто што не му успеало на друга екипа.

Така да имајте варба, Јунајтед секогаш ќе се врати посилен, и ставарно, дај не го тупете повеќе со педерчето на форумов, му се заблагодаривме, нека крши сега глава, нека игра со "срце'' во новиот клуб:tapp:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.622
Поени од реакции
6.426
да ги земеме валенсија ,даглас коста и бензема :vozbud:доволно ке е

добро може и давид силва и таман ке се потрошат парите од роналдо а и ке бидеме таман :vozbud:
 

4Man

...
Член од
14 јуни 2009
Мислења
46
Поени од реакции
1
sto ke ni e benzema be nilmar i costa i bomba ke sme
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Свесен сум само поентата ми беше дека двајцата кои ги спомнав беа избрзано купени, а и од останативе Белион не успеа воопшто во премиер лигата, Роналдо ок, а за кој Милнер збориш стварно немам појма. Ако мислиш на Џејмс Милнер стварно не знам од каде ти е таа информација. Никогаш не играл за нас.
И ние имавме еден Милнер за краток период :) баш во тоа време
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
И ние имавме еден Милнер за краток период :) баш во тоа време
Уште една причина зашто не треба да се избрзува со трансфери. Мада таа година скоро сите беа промашени. :toe:
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.359
Поени од реакции
701
И ние имавме еден Милнер за краток период :) баш во тоа време


Ние никогаш сме немале милНер .... :)

На времето од 2004 до 2006 во Јунајтед играше Лијам МИЛЕР !!
Тој дојде од селтик..слабочок , со добра техника , неуспеа..бидејќи ретко му се даваше шанса, изирга се на се 15тина утакмици(во 2 години заедно)..во купот еден гол имаше дадено памтам..сега игра во квинс парк Ренџерс!
:helou:
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Уште една причина зашто не треба да се избрзува со трансфери. Мада таа година скоро сите беа промашени. :toe:
Има разлика во избрзани и избрзани трансфери!

Има избрзани трансфери на недокажани играчи и избрзани трансфери на докажани играчи. Има голема разлика нели?

Не сакам да се доведат Јунајтед во ситуација како лани со Берба, во последен момент кога го зедоа и после цела година се уигруваше. Ни треба побрзо купување на играч за побрзо да се вклопи во екипата и да ги помине подготовките под капата на Ферги:smir:
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Има разлика во избрзани и избрзани трансфери!

Има избрзани трансфери на недокажани играчи и избрзани трансфери на докажани играчи. Има голема разлика нели?

Не сакам да се доведат Јунајтед во ситуација како лани со Берба, во последен момент кога го зедоа и после цела година се уигруваше. Ни треба побрзо купување на играч за побрзо да се вклопи во екипата и да ги помине подготовките под капата на Ферги:smir:
Да ама поентата е дека избрзан трансфер со недокажан играч е многу поголем ризик од тој со докажан. А трансфер на фудбалска ѕвезда како Бензема за кого се заинтересирани елитни екипи не може да се направи за два-три дена.
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Да ама поентата е дека избрзан трансфер со недокажан играч е многу поголем ризик од тој со докажан. А трансфер на фудбалска ѕвезда како Бензема за кого се заинтересирани елитни екипи не може да се направи за два-три дена.
Ако се пушти понуда што не може да се одбие не знам дали нема да е возможно:toe:
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Ако се пушти понуда што не може да се одбие не знам дали нема да е возможно:toe:
Не може. И да пуштиме огромна понуда за Бензема, Лион че чека реакција од Реал, а и потешко ќе биде да го убедиме Бензема да дојде кај нас отколку Лион да ја прифати понудата, така да без еден напнат период од две-три недели ако не и повеќе без разлика на понудата не може да се очекува трансферот :toe:
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Не може. И да пуштиме огромна понуда за Бензема, Лион че чека реакција од Реал, а и потешко ќе биде да го убедиме Бензема да дојде кај нас отколку Лион да ја прифати понудата, така да без еден напнат период од две-три недели ако не и повеќе без разлика на понудата не може да се очекува трансферот :toe:
Тренинг кампот во Англија почнува за една недела, значи треба побрзо да се реагира и новото засилување да изигра некоја припренма утакмица за да се уигра.
Со мудро менаџирање се се може, не мора 3 недели, може една интензивна недела, да му се даде до знаење на пр. Лион дека сакаме да го земеме Бенз и готово ќе е верувај.

Ама тоа е, не е до нас, времето ќе покаже:smir:
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.359
Поени од реакции
701
Не може. И да пуштиме огромна понуда за Бензема, Лион че чека реакција од Реал, а и потешко ќе биде да го убедиме Бензема да дојде кај нас отколку Лион да ја прифати понудата, така да без еден напнат период од две-три недели ако не и повеќе без разлика на понудата не може да се очекува трансферот :toe:


OJJ...оти мислиш дека би било тешко да се убеди бенз да дојде кај нас?

Па јас единствена пречка гледам во лакомоста на лион да извлече некоја пара плус!
Ама доколку на пример доставиме некоја “земи-или остави“ понуда со поголеми цифри до Лион ,мислам дека они би прифатиле...

Па ако бенз добие шанса да прегоара за личните услови со Јунајтед...те уверувам дека нема да прави никакви проблеми...сепак тој игра во Лион..а го бара најпознатиот и најголем фудбалски клуб...т.е. му се укажала шанса да заигра за Манчестер Јунајтед...да го достигне врвот..зарем тоа не е доволно!? :)
 

Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Тренинг кампот во Англија почнува за една недела, значи треба побрзо да се реагира и новото засилување да изигра некоја припренма утакмица за да се уигра.
Со мудро менаџирање се се може, не мора 3 недели, може една интензивна недела, да му се даде до знаење на пр. Лион дека сакаме да го земеме Бенз и готово ќе е верувај.

Ама тоа е, не е до нас, времето ќе покаже:smir:
Точно дека со добро менаџирање се се може ама во денешно време со богати клубови и мега понуди тоа не е баш така лесно како некогаш. Ние му дадовме на Лион до знаење дека го скаме Бензема ова лето, ама за жал истото го направија и Реал и сега Арсенал, а предноста на Манчестер пред другите клубови при евентуалниот трансфер на Бензема може да стопи многу брзо. Земи го за пример Роналдињо, сите мислеа дека трансферот во Манчестер му е загарантиран, и во последен момент влета Барса и ни го зема пред нос

OJJ...оти мислиш дека би било тешко да се убеди бенз да дојде кај нас?
Поради изјавите на менаџерот на Бензема дека сака да остане уште една година во клубот како не би требал да се адаптира во нова лига поради стравот дека така може да го изгуби првотимскиот статус во француската репрезентација на претстојното СП што очигледно е важен фактор за Бензема
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.359
Поени од реакции
701
Поради изјавите на менаџерот на Бензема дека сака да остане уште една година во клубот како не би требал да се адаптира во нова лига поради стравот дека така може да го изгуби првотимскиот статус во француската репрезентација на претстојното СП
Неможам да се сложам дека Бенз би ризикувал кариера и можност да заигра за Јунајтед заради ...некаква веројатност дека ќе му паднела формата! Нема шанси ! Со такви изјави си ја урива цената...а неговите менаџери тоа не го сакаат...тие работаат за пари!
А и искрено мислам дека нема да и има некоја поголема потешкотија за привикнување на премиерлигата..бидејќи ем се многу слични стиловите...ем оди во Јунајтед , а незнам кај нас да не успеал некој французин :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom